Почетна / Цвеќарство / Паузира чистењето на почвата со рози

Паузира чистењето на почвата со рози

Поради реновирање и реконструкција на двата велешки парка, привремено се отстранети 7.000 рози, кои таму беа засадени пред две години, а ќе бидат вратени кога ќе завршат хортикултурните активности.

Чистењето на велешката почва од тешките метали, кое беше планирано со двата експериментални проекта на Еколошкото друштво „Вила зора“, е во мирување. Со реновирањето на Младинскиот парк и реконструкцијата на Градскиот парк, розите што таму беа засадени се отстранети, а ќе бидат вратени кога ќе завршат хортикултурните активности. Чистењето на велешката почва од оловото и од кадмиумот, пред две години, почна со фиторемедијација, односно отстранување на тешките метали од почвата со помош на кореновиот систем на растенијата.

– Од ЈKП „Дервен“ писмено ни се обратија дали да ги отстранат розите, кои ги засадивме како дел до акцијата за чистење на почвата. Дадовме согласност со тоа што истите повторно ќе бидат засадени откако ќе се уредат овие два парка – вели Ненад Kоциќ, претседател на „Вила зора“.

Фиторемедијацијата беше пионерски чекор за екологијата не само во Македонија туку и во поширокото опкружување, првпат применет на Балканот. Енормното присуство на олово и на кадмиум во велешката почва е резултат на тридецениското неконтролирано работење на Топилницата. Според екологистите, по две години розите се привремено отстранети и засега немаат информација колку е исчистена почвата од олово и од кадмиум. Цвеќињата повторно ќе се засадат за по неколку години да се испита дали и колку нивниот коренов систем апсорбирал од тешките метали. Стручњаците посочиле дека токму розата најдобро ја чисти површината. Пред две години 7.000 рози беа засадени на јавните површини во Велес. Освен во двата парка, розите беа засадени и на дворните површини од училиштата и детските градинки, каде што има најголема концентрација на тешки метали во почвата.

Со вториот проект требаше да се чистат земјоделските површини. Но временските услови, т.е. сушата, го сопреа, 80 кг семе беа засадени на десетина хектари површина.

– За жал, сушата што го зафати регионот не дозволи да никне маслодајната репка што ја насадивме лани. Ќе почекаме подобри временски услови, не се откажуваме од оваа наша идеја на прочистување на земјата. Или, пак, ќе треба да обезбедуваме дополнителни средства за наводнување на почвата каде што е засадена оваа култура – вели Kоциќ.

Минатата есен велешките индивидуални земјоделци покажаа висока свест за деконтаминација на обработливите површини од оловото и од кадмиумот. Интерес за садење покажаа земјоделци и од околината на Велес – од селата Иванковци, Kараслари, но и од села по течението на Вардар, Градско и Ногаевци. Металите олово и кадмиум, кои во велешката почва ги има неколкукратно повеќе од вообичаените вредности, стручњаците ги посочуваат како најштетни елементи за здравјето на луѓето. Преку синџирот на исхраната тие завршуваат во човекот.

Петар Печков


Извор: http://dnevnik.mk/?ItemID=B85A5C55F6FFB049A6115A5852D186BF

Check Also

Аспидистра (lat.Aspidistra elatior)

  Ова растение со темнозелени листови може да поднесе речиси сè. Трпи сенка, чад, а …

7 comments

  1. 238633 877582That is the first time I frequented your web page and up to now? I surprised with the research you made to create this particular post incredible. 150416

  2. 860924 176612Soon after study some with the weblog articles for your website now, and that i genuinely like your method of blogging. I bookmarked it to my bookmark website list and are checking back soon. Pls consider my internet website too and inform me what you consider. 601208

  3. 42445 214470Hi, Thanks for your page. I discovered your page via Bing and hope you keep providing more great articles. 393651

  4. 885032 228689Some truly exceptional articles on this internet internet site , thankyou for contribution. 42069

  5. 375556 688002Thanks for the post, was an intriguing read. Curious as to how you came about that solution 673235

  6. 549594 943885Having a look ahead to peer you. 471332

  7. 156887 966301Id constantly want to be update on new content on this website, bookmarked! 95007

Leave a Reply

Your email address will not be published.