Почетна / Вести Македонија / Овчеполката се враќа во Овче Поле

Овчеполката се враќа во Овче Поле

Отворен е репроцентар во кој засега има 30-ина овци со доминантни карактеристики на овчеполката-праменка, раса од која во Овче Поле некогаш се чувале 250 илјади грла, десетпати повеќе од сегашниот вкупен број овци во Светиниколско.

 

Овчеполката-праменка, старата раса на овци која е пред целосно исчезнување, а според која и Овче Поле, втората по големина македонска житница, го добила името, повторно ќе се врати на пасиштата во Светиниколско. Идејата за спас на овчеполката, која освен во Овчеполието во минатите векови се одгледувала и во други краишта во Македонија, потекна пред неколку години од Фондацијата за обнова и развој на Овче Поле (ФОРОП), денешен „Евроцентар“ од Свети Николе. Kако пилот-проект, Никола Шалев, првиот човек на поранешен ФОРОП, неодамна отвори репроцентар, оддалечен 5 километри од Свети Николе, а сместен во некогашната прва овчарска селекциска станица на поранешниот земјоделски комбинат „Овче Поле“.

Во репроцентарот засега има 30-ина овци со најблиски карактеристики до овчеполката-праменка, набавени од трла во овчеполски села во кои овците с` уште се одгледуваат на старински начин, па затоа и таму можеле да се најдат грла што, и покрај сегашното мешање на расите, зачувале многу од карактеристиките на старата автохтона раса.

– Сакаме да ја спасиме од исчезнување оваа прастара раса, која пред многу векови се викала пробатонка, според старомакедонското име Пробатон или поле на овците, како што некогаш се викал овој крај, надалеку познат по квалитетната овца. Во првата фаза работиме на фенотипска селекција, а за генотипската ќе мора да ни помогнат и стручните институции, науката. Пред неколку години се направија обиди со странска поддршка за враќање на овчеполката-праменка во некои други македонски краишта, но мислам дека токму во Овче Поле може да се добијат најдобри резултати. Сепак, ова е макотрпна работа и првите конкретни резултати ги очекуваме за пет до седум години – вели Шалев.

Идејата е во репроцентарот да се создаваат овни-репродуктори, кои потоа ќе ги добиваат овчарските стопанства и трлата. Во репроцентарот сега има пет млади овни со доминантни карактеристики на овчеполката.

– Секојдневно се грижиме за овците во репроцентарот. Ова е многу интересна раса, по неа Овче Поле и Македонија некогаш биле надалеку познати. Сега во Овче Поле има мешовит расен состав, а унифицирањето, покрај другото, значително ја намалува смртноста. Секако, за враќање на овчеполката треба да помогнат и државата и Општината зашто, и покрај подобрувањето на состојбите во последните години со субвенциите, многу сточари во овој крај с` уште немаат струја, водопоила и слично – нагласува Марјан Цонев, сопственик на ветеринарната станица „Анимал вет“, која се грижи за здравјето на овците во репроцентарот.

Нашите соговорници истакнуваат дека пред два-три века во Овче Поле имало дури 250 илјади грла овци, во 1924 година само во селото Немањици имало 25 илјади, колку што приближно сега е вкупниот број на овци во Светиниколско. Сепак, додаваат дека во последните години има подобрување и оти за овчарството има големи перспективи.

– Овчеполското јагне, млекото и сирењето одамна се надалеку познати и барани, најмногу поради нивната соленост, добиена од солончаците на кои се напасувала овчеполката, кои и денес постојат. Познато е дека овде некогаш имало море, кое се повлекло, но некои помали солени површини останале со векови, а по нив и солончаците. Поради таа вкусна соленост на овците, овчеполското јагне, млекото и биеното сирење печено на сонце биле многу барани од трговците од Солун, Цариград и од арапските земји, а тоа го регистрирал и турскиот патописец Евлија Челебија, кој пишувал дека пазарите во Солун и во Цариград имале овчеполски мирис – вели Шалев.

Овните се бореле и со волци

Овчеполката-праменка е автохтона раса приспособлива на секакви услови. Нашите соговорници објаснуваат дека е рогуша, со црна или калеша глава, црвенообразита, со гол врат, не многу голема, но долгоопашеста.

– Добар дел од денес сушното и голо Овче Поле некогаш било пошумено со дабова шума, во која често паселе тогаш многубројните овци. Роговите им служеле за заштита, а особено се истакнувале овните. Тие имале долги рогови и особено се истакнувале во заштитата на стадата, па често, како што кажуваат најстарите жители на Овче Поле, се бореле и со волци, а некогаш и ги победувале. Шумите почнале да ги сечат Турците пред 150-200 години кога се омасовувало комитското движење – раскажува Никола Шалев.

Љупчо Шатевски

Извор: dnevnik.mk

Check Also

„Денови на македонскиот мед 2015“

На улицата „Македонија“ во Скопје денеска ќе биде отворен фестивалот „Денови на македонскиот мед 2015“ …

5 comments

  1. 498323 331030The urge to gamble is so universal and its practice so pleasurable, that I assume it must be evil. – Heywood Broun 483939

  2. 272266 7024Good read, I just passed this onto a colleague who was doing some research on that. And he really bought me lunch as I identified it for him smile So let me rephrase that: Thank you for lunch! 887638

  3. 969068 849213Great paintings! That is the type of information that should be shared across the web. 15119

  4. 926982 705168you got a very outstanding site, Sword lily I identified it via yahoo. 487169

  5. 936969 627760I was reading some of your content on this internet site and I believe this internet web site is genuinely informative! Maintain putting up. 657966

Leave a Reply

Your email address will not be published.