Почетна / Вести Македонија / Оризот ќе им скуси пет милиони евра на земјоделците

Оризот ќе им скуси пет милиони евра на земјоделците

Очекуваниот род од 30.000 тони оризова арпа или 15.000 тони лупен бел ориз од неа, колку што просечно се добиваа од речиси 5.000 хектари што се сеат во Македонија, годинава е речиси преполовен.

 

Оризопроизводителите ќе останат покуси за пет милиони евра поради многу лошите приноси и незапаметено нискиот рандман (процент на добиениот лупен ориз од оризовата арпа).

Ова ќе биде втора по ред лоша жетва. Лани лошиот рандман проголта околу три милиони евра, а беа произведени околу 4.000 тони бел ориз помалку. Во нормални години рандманот е од 50 до 55 отсто, а лани беше само 35.

– Резултатите од годинашната жетва се катастрофални. Рандманот е понизок и од лани и сега се движи до 30 отсто, но годинава имаме и незапаметено ниски приноси. Се добиваат за една третина пониски приноси од оние шест тони оризова арпа од хектар, просек на кој бевме одамна навикнати. Производителите тешко ќе ги покријат и основните трошоци, а за добивка годинава не може да стане ни збор – вели Александар Донев, претседател на кластерот за ориз.

Според него, откупот е веќе почнат и преработувачите генерално ја почитуваат договорената цена од 50 денари за килограм бел ориз. Поради лошиот рандман, арпата нема утврдена цена. Онаму каде што ретко може да се најде добра арпа со рандман од околу 50 отсто, се откупува од 20 до 23 денари.

Лошите резултати од последните две жетви најмногу се должат на доцниот почеток на сеидбата, расцепканоста на површините, застарената механизација и на семенскиот материјал, сомнителните препарати за прскање. Наместо во април, како што некогаш се сееше, сеидбата на оризот сега почнува во мај. Поради тоа, жетвата доцни, па наместо во септември, кога има поповолна клима, сега се жнее во октомври и во почетокот на ноември. Експертите напомнуваат дека ако жетвата беше навремена, сигурно на најголем дел од површините ќе се избегнеше годинашната дводневна октомвриска слана, која го преполови родот на многу ниви.

– Нашите дедовци и прадедовци орале со волови и сеидбата ја завршувале во април. А ние, за срам, со модерна механизација, сееме и во јуни, па трпиме големи штети. Мора да се стави крај на ова. Сеидбата да почнува кога што треба, водата од хидросистемот „Брегалница“ да се пушта навреме и адекватно да се применуваат агротехничките мерки – истакнува Донев.

И за одделот за ориз на Земјоделскиот институт основните причини за лошите резултати од последните две жетви се доцната сеидба и жетвата.

– Има повеќе причини за ниските приноси и за нискиот рандман, а годинава најтешки последици остави октомвриската слана. Родот е добар кај оние што ожнеаја навреме, пред сланата. Штом задоцниш со жетвата, има проблеми со рандманот и со приносот, кои опаѓаат по секоја слана и по секој дожд – вели Добре Андов од одделот за ориз во Kочани.

Од 15.000 тони ориз што се добиваа во нормални жетви, со половината целосно се покриваше домашниот пазар, а другите се извезуваа во соседните земји.

Извор: dnevnik.mk

Check Also

„Денови на македонскиот мед 2015“

На улицата „Македонија“ во Скопје денеска ќе биде отворен фестивалот „Денови на македонскиот мед 2015“ …

4 comments

  1. 138892 177152Music started playing anytime I opened this web site, so annoying! 615335

  2. 630619 451730As I internet website possessor I believe the content material matter here is rattling great , appreciate it for your efforts. You need to maintain it up forever! Great Luck. 312383

  3. 990650 825495Basically received my 1st cavity. Rather devastating. I would like a super smile. Seeking a lot far more choices. A lot of thanks for the post 49319

  4. 514039 299371TeenVogue? Searching for fashion advice, celebrity buzz or beauty trends? Discover it all in Teen Vogue 37165

Leave a Reply

Your email address will not be published.