Почетна / Вести Македонија / Обработливото земјиште да се окрупни

Обработливото земјиште да се окрупни

Од околу 450.000 хектари обработливо земјиште, 100.000 ќе бидат приоритет во претстојното окрупнување. Овој процес т.н. консолидација е комплексен и долготраен, минимум 20 години, но ќе ги опфати сите расцепкани парцели, а ќе се реализира согласно правната рамка чие донесување се очекува кон средината на идниот месец.

Земјоделците ја поздравуваат новововедената политика на окрупнување која, велат, значително ќе придонесе за поконкурентно производство и подобар живот во руралните средини. Според нив, посебно критични во однос на фрагментираноста се површините во Пелагонија, Струмичко и Полошкиот регион.

Како што нагласи ресорниот министер Љупчо Димовски, законот за консолидација е особено битен зашто ќе овозможи почнување нова фаза во уредувањето на земјиштето.
– Структурата на земјоделските стопанства во Македонија е многу неповолна од аспект на големината на земјоделските имоти, бројот и меѓусебната оддалеченост на парцелите, нивното растојание до населените места, неправилната форма, пристапот до локалните патишта и системите за наводнување. Просечната големина на семејно земјоделско стопанство е 1,62 хектара. Поголемиот дел, пак, околу 63%, се со мешана производна структура и површина под 1 хектар. Сопствениците во ваков случај имаат по 5 до 7 или 10 парцели – изјави Димовски.
По 2015 година, најави, окрупнувањето на земјиштето ќе продолжи со имплементација на многу покомплексни, интегрирани проекти во поголеми области задолжително поврзани со крупни инфраструктурни инвестиции. Во рамки на целиот процес ќе се овозможи искористување и на напуштените и необработени површини.
– Земјоделците не треба да се плашат дека со окрупнувањето ќе им се намалат површините. Во најлош случај може да изгубат само 5% од нивите, пред се, поради патиштата што ќе се прават. Притоа е многу битно да се знае дека сами ќе управуваат со размената на земјиштето – посочи претседателот на Асоцијацијата на земјоделците Ефтим Шаклев.

Консолидацијата ќе се спроведува на доброволна основа. Минимум 70 проценти од сопствениците на земјиштето во одреден регион треба да се согласат за да се реализира окрупнувањето.

Извор: http://vecer.com.mk/?ItemID=707D44DA6DCB294BB28D1A9846FD15CD

Check Also

„Денови на македонскиот мед 2015“

На улицата „Македонија“ во Скопје денеска ќе биде отворен фестивалот „Денови на македонскиот мед 2015“ …

4 comments

  1. 587703 424272I saw your post awhile back and saved it to my computer. Only recently have I got a chance to checking it and need to tell you good work. 963960

  2. 783078 734778Merely wanna remark that you have a really good internet internet site , I enjoy the layout it in fact stands out. 824621

  3. 75522 262390I take pleasure in the comments on this blog, it actually gives it that community feel! 891805

  4. 382861 674414I believe this internet site contains some really great info for every person : D. 569609

Leave a Reply

Your email address will not be published.