Почетна / Вести Македонија / Ножиците не го чекаат Св. Трифун

Ножиците не го чекаат Св. Трифун

Kројачите ја кројат судбината на едно лозје, тие го дизајнираат родот, велат лозарите што почнаа со кроење во Тиквешко, иако има уште цел месец до верскиот празник Свети Трифун кога свечено започнува резидбата.

 

Во тиквешките лозја температурата е неколку степени под нулата, но тоа не ги спречува лозарите што решиле навреме да ги искројат лозјата. Рано наутро, додека многумина во најголемиот лозарски регион во Македонија с` уште спијат, тројца кавадарчани, кои се во седмата деценија од животот, ги затекнавме во едно од лозјата во селото Сопот. Ножиците во искусните раце вешто ги кроеја лозовите прачки.

– Вака е секоја зима – ни рекоа кројачите, кои зад себе имаат долгогодишно искуство.

Тие повеќе од 30 години се професионални кројачи на винови лози. Поголемиот дел од работниот век го поминале заедно во земјоделско стопанство, сега повторно ги делат радоста и тагата со лозите што плачат откако ќе им бидат отсечени прачките. На шега велат дека резидбата во лозовите насади сега за нив е хонорарна работа. Kако го поднесуваат студот кој коси низ лозовите плантажи, ги прашавме веднаш штом им посакавме добро утро и аирлија работа.

– Ни се чини како еден век да кроиме. Kако со ножиците да сме се родиле, а со нив и ќе умреме. Мораме да работиме оти парите во домот никогаш не се доволно. Не сме учени да седиме дома покрај ќумбето. Ние се раководиме од онаа народната: Џабе работи, џабе не седи. Не е лесна оваа работа и само тие што имаат кроено знаат колку е тешко. Најмногу страда раката, навечер кога си одиме дури отекува, па мора бабата дома да ја масира. Треба да имаш стисок на раката. Ако ти откаже стисокот, ништо од бизнисот – се шегуваат кројачите.

Kроењето на лозјата свечено започнува на верскиот празник Свети Трифун, кој се слави како заштитник на лозарите, но многумина не го чекаат празникот и порано ја започнуваат резидбата.

– Празникот е на 14 февруари, а ние веќе кроиме цел месец. Мора така да биде. Сопствениците со големи лозови плантажи не можат да го чекаат празникот за да почнат со резидбата. Ако чекаат, нема да завршат навреме со кроењето. А треба и да ги наѓубрат нивите и да извршат зимско прскање – ни рекоа кројачите.

Газдата на лозјето, во кое ги фотографиравме како кројат професионалците, сопотецот Златко Стојчев, обработува 220 декари под лозов насад.

– Лозницата може да има и до 20 прачки, а ние оставаме по две. Два лука, два резника и кондир. На еден лук се оставаат по околу 8 пупки, на резниците по две. Всушност, една лозанка може да има и по 50 пупки, ама се оставаат само неколку. Ако се остават сите, лозата нема да може да го издржи грозјето. Kроењето зависи од тоа каква сорта грозје раѓа виновата лоза. Ова е „кратошија“ – ни објаснија мајсторите на својот занает.

Еден денар и дваесет дени добиваат за секоја искроена лоза и за вадење на лозовите прачки од жицата во редот. Фаќаат дневница од околу 700 денари. Тоа е солидна дневница, констатиравме.

– Солидна да, ама зависи за кој. Ако работиш во канцеларија, тоа е добра дневница. Ама ако си тука во лозјето на овој студ, прашање е колку е таа доволна. Цената и не е толку голем проблем колку што е несериозноста на некои од чорбаџиите кај кои се работи, кои не плаќаат и не обезбедуваат превоз до нивата и назад. За среќа, н` начекавте овде во лозјето на газда Златко, кој рака на срце чесно си плаќа и ни обезбедува превоз веќе десетина години, па бидејќи сме расположени, можете да н` фотографирате – ни рече 65-годишниот пензионер Здраве Дупкаровски.

Една година помладиот Јован Ангелов раскажуваше како успеале со години да работат заедно без да се скараат.

– Ако некој заостанува во работата, му помагаме. Не си замеруваме дека ете некој е побавен или слично. Не можеме сите да бидеме исто брзи во работата. Додека кроиме, троа озборуваме, а може да падне и некој сочен тиквешки пцост за некоја лоша лозница. Политика не бистриме, а вицови сакаме – рече Ангелов.

А кога се вицовите во прашање, највицкаст помеѓу нив ни рекоа дека бил 66-годишниот Борис Трајков. Но не сакаше да ни каже ниеден виц, најверојатно, срамејќи се да не го омрси текстов, иако му ветивме дека ќе го извртиме. Затоа, пак, прифати да разговараме за тоа дали потпивнуваат вино и ракија и дали тоа го прават додека ги кројат лозите од кои потекуваат тие.

– Си пивкаме. И ракија и вино, што ќе најдиме. Не бираме. И додека кроиме, си потпивнуваме троа домашна ж’та од газдата. Не го стра да не се опијме оти имаме кондиција, а и мерката си ја знаеме. Еден четврт за кога е многу ладно и со по неколку голтки за циркулација за да се загреиме – призна со насмевка Трајков.

Сопственикот на лозјето Стојчев ни откри дека порано ангажирал по повеќе кројачи, но откако увидел дека не се сите родени за таа работа, решил стандардно да ги ангажира само овие тројца, кои, според него, имаат марифет за резидба. Има, ни рече тој, вистина во тоа дека кројачите ја кројат судбината на едно лозје. Тие се како лекари што поставуваат дијагноза, како дизајнери што го дизајнираат родот.

Светлана Дарудова

Извор: http://dnevnik.mk/?ItemID=7F391A61D523F24ABDA88C70C429E828

Check Also

„Денови на македонскиот мед 2015“

На улицата „Македонија“ во Скопје денеска ќе биде отворен фестивалот „Денови на македонскиот мед 2015“ …

7 comments

  1. 558817 444243Hoping to go into business venture world-wide-web Indicates revealing your products or services furthermore companies not only to ladies locally, but nevertheless , to several prospective clients in which are online in most cases. e-wallet 394617

  2. 743002 826822Some genuinely rattling work on behalf with the owner of this internet site , utterly excellent content material material . 933405

  3. 853365 80848so much wonderful data on here, : D. 464547

  4. 272518 363069Hoping to go into business venture world-wide-web Indicates revealing your products or services furthermore companies not only to ladies locally, but nevertheless , to several prospective clients in which are online in most cases. e-wallet 601482

  5. 658602 272079I observe there can be a lot of spam on this blog. Do you want support cleaning them up? I may well support in between courses! 688108

  6. 243201 541663This really is a excellent weblog, would you be involved in doing an interview about just how you designed it? If so e-mail me! 158338

  7. 934056 252783Hello Guru, what entice you to post an post. This post was very interesting, particularly since I was looking for thoughts on this subject last Thursday. 4432

Leave a Reply

Your email address will not be published.