Почетна / Агроекономија и агробизнис / Најави за нова поддршка за земјоделството во наредните 5 години, планирани се 700 мил евра.

Најави за нова поддршка за земјоделството во наредните 5 години, планирани се 700 мил евра.

Зголемување на степенот на додадена вредност во земјоделството, на квалитетот и на продуктивноста е стратешката насока на најновата програма за субвенционирање што се носи за следните пет години, а предвидува вкупно 700 милиони евра поддршка.

 

Како што изјавија вицепремиерот за економски прашања Владимир Пешевски и министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Димовски по денешната работна средба околу додефинирање на програмата, поддршката во наредниот период ќе се фокусира и на руралниот развој, особено на инфраструктурата. 

– Добро е позната владината политика за поддршка на земјоделството. Веќе најавивме дека следната програма се проектира на пет години. Разгледуваме документ со кој ќе биде дефиниран начинот за распределба на околу 700 милиони евра што како субвенции ќе ги добијат земјоделците. Промените ќе одат во насока на зголемување на поддршката за стимулирање на квалитетот и продуктивноста, но и на руралниот развој, односно инфраструктурата, истакна Пешевски. 

Според него, нашите земјоделци се познати како вредни работници кои прават квалитетни производи. Затоа и треба да им се овозможат дополнителни услови, соодветни патишта и системи за наводнување, но и да се стимулираат со цел користење квалитетен семенски материјал, современи агротехнички мерки и квалитетни ѓубрива.

– Целта е постепено да се зголемува степенот на додадена вредност во земјоделството и продуктивноста, аграрот да биде со уште поголемо учество во бруто домашниот производ, напомена вицепремиерот.

 Во креирањето на програмата, која е многу комплексна, се вклучени сите засегнати страни, земјоделците и нивните здруженија, науката, претставници од домашната и странската стручна јавност, експерти од Светска банка и од други држави со понапредни земјоделски политики.

– Министерството во изминатиот период презема крупни чекори околу подготовката на материјалот. По додефинирање на програмата која е веќе во завршна фаза, ќе следи јавна дебата. Текстот веќе беше на разгледување пред Советот за земјоделство и рурален развој при МЗШВ од каде добивме одредени препораки што веќе се вградени во содржината, рече министерот Димовски.

Check Also

АгриМК на Агробизнис форум 2012

AIESEC Скопје во соработка со Факултетот за земјоделски науки и храна по вторпат организира тридневен …

5 comments

  1. 42288 559164Yay google is my king aided me to find this outstanding internet site! . 276694

  2. 181032 615493I like this site so much, saved to favorites . 203824

  3. 673678 549949Hello, Neat post. Theres an concern together together with your web site in web explorer, may possibly check this? IE still may be the marketplace leader and a huge component to folks will omit your excellent writing because of this difficulty. 325782

  4. 137532 79196Some genuinely good and helpful information on this site , besides I think the style contains wonderful capabilities. 690667

  5. 983664 5247bless you with regard to the certain weblog post ive actually been looking regarding this kind of information on the internet for sum time right now as a result cheers 660351

Leave a Reply

Your email address will not be published.