Почетна / Занимливости / Неверојатно: Создадено растение кое раѓа домати и компири, истовремено!

Неверојатно: Создадено растение кое раѓа домати и компири, истовремено!

Во групата на неверојатни достигнувања на научниците ширум светот спаѓа и она на британската компанија “Thompson and Morgan” – растение кое истовремено раѓа два различни плодови!

 

Имено, британската компанија “Thompson and Morgan” успешно создала билка која истовремено раѓа домати и компири. 

Така, растението “TomTato”, чие име потекнува од англиските зборови за споменатите плодови, “tomato” и “potato” , може да роди повеќе од 500 т.н.чери домати на стеблото, додека пак под земјата растат плодовите на белиот компир, погоден за пржење или печење.

Пол Хансфорд, директор на оваа иновативна компанија, изјавил дека ТомТато доматите се повкусни од оние обичните, купени во продавниците ширум светот, а нагласил и дека неговата компанија цела една деценија се обидувала да го развие ова неверојатно растение. 

“Навистина се намачивме, пред се затоа што стеблата на компирите и доматите мора да бидат со идентична дебелина, за истите да може да се спарат. Станува збор за екстремно софистициран зафат на калемење. Веќе сме виделе слични производи, но стануваше збор за две различни билки засадени во ист сад. Кај нас станува збор за една билка!”, објаснил Хансфорд. 

Гај Бартер од Кралското хортикултурно друштво во Велика Британија изјавил дека кај растенијата слични на ова, главен проблем бил вкусот, меѓутоа ТомТато е успех постигнат во поле каде што останатите потфрлиле. 

“Во минатото не посветувавме премногу внимание на ваквите растенија затоа што не беа многу добри, меѓутоа технологијата на калемење забележува неверојатен напредок во изминатите неколку години”, појаснил Бартер. 

ТомТато е едногодишно растение, а плодовите на доматите и компирите созреваат во ист период. Една садница, со висина од околу десетина сантиметри, во Велика Британија се продава по цена од 20 евра. 

Извор: tocka.mk

Check Also

“Боинг” го претвора тутунот во гориво

Американскиот производител на авиони Боинг соопшти вчера дека со компанијата Саут Африкан ервејз” и со …

Leave a Reply

Your email address will not be published.