Почетна / Цвеќарство / Невен – Calendula officinalis

Невен – Calendula officinalis

Латински назив: Calendula officinalis

Домашен назив:  Невен

 

Категорија: Едногодишно

Вариетети: Calendula arvensis, Calendula maritime,

Култивари: Mamestra brassicea, Autographa gamma,

Климатски зони: 6a, 7a, 7b, 8a, 8b, 9a, 9b,

Месеци на цветање: 6-11

 

Потекло

Латинското име „calendula“ потекнува од именката „calendae“ која означува прв ден во месецот, а се поврзува со тоа што цветовите се отвораат со  изгревање на сонцето и се затвораат со залезот. Потеклото на ова растение е од медитеранските региони и западните делови на Азија.

Морфологија

Невенот е едногодишна (ретко двогодишно) тревесто растение која расте во висина од 30-70 cm. Стеблото расте исправено со кратки интернодии, а во долниот дел е разгрането. Листовите се светло зелени, прекриени со влакненца и распоредени наизменично, додека обликот се разликува во зависност од нивната положба.

Цветовите се со темно жолта со портокалова боја со големина од 2-7 cm. Има длабок и вретенест корен.

Растението има специфичен ароматичен мирис, вкусот на цветовите е горчлив,а на листовите слатко-горчлив.

Употреба

Невенот има бактерицидни својства, служи и како антибиотик, се употребува во медицината и во козметиката. Се употребува и во производството на бои и лакови, за сликање, а во поново време се користи и за производство на масло од семето.

 Одгледување

Невенот успешно се одгледува во региони со умерено влажна и умерено топла клима, а најмногу му одговара сончева положба. Расте и на сиромашни почви, но доколку сакате да имате невен богат со цветови тогаш потребна е длабока почва со средна плодност.

На крај на јули или почеток на август (доколку се одгледува за експлатација), кога долните листови почнуваат да пожолтуваат, растенијата се косат на 15 cm над почвата и се ѓубрат со азот. За три недели растенијата повторно ќе цветаат и цветовите ќе може да се собираат до почеток на првиот мраз.
Рачната берба може да почне на крај на мај, се берат сукцесивно секој втор или трет ден.

Цветовите се берат заедно со чашкините ливчиња, а венечните потоа се одделуваат. Одбраните цветови ќе ја сочуваат бојата и квалитетот само ако одма се сушат после берба. Помали количини се сушат раширени во тенок слој на проветрено и засенчено место, а поголеми количини во сушари на 35-40 C.

Невенот се размножува со семе. Се засејува на стално место во пролет, почеток на март кога температурата е 13-16 ⁰ С, на меѓуредово растојание 40-50 cm и на длабочина 2-3 cm. Површината после сеидба треба да се израмни со валјак.

После ‘ртењето во фаза на формирани 3-5 ливчиња, густо посеаните растенија се проредуваат на 5-8 cm растојание меѓу растенијата во редот. Во период на вегетација треба да се извршат 1-2 меѓуредови окопувања.

Осветленост: директно сонце

рН на почва: 4,5-8,3

Совети

Посаден во градината на повеќе места ги брка нематодите од почвата, тие не можат да го поднесат мирисот на коренот.

Ако се користи за чај треба да се одбираат крупните ливчиња со силно портокалова боја.
Цветовите освен за чај може да се користат и како зачин за риба и морски плодови, супи, ориз, салати и како природна боја за сирење и путер.

Цветовите се осетливи на варирање на температурата и влагата, се затвораат кога е темно и пред дожд и затоа е познат меѓу народот како барометар: ако се затворени цветовите наутро тогаш сигурно ќе врне во текот на денот.

Болести и штетници

За време на летото може да се зарази со пепелница- во тој случај отсечете ги заразените делови.

Автор: www.agri.mk

Check Also

Аспидистра (lat.Aspidistra elatior)

  Ова растение со темнозелени листови може да поднесе речиси сè. Трпи сенка, чад, а …

4 comments

  1. Spot on with this write-up, I truly suppose this web site needs far more consideration. I’ll in all probability be once more to read much more, thanks for that info.

  2. I’m truly loving the theme/design of your website. Do you face any kind of browser interface problems? Quite a few of my own website visitors have complained about my Arvind Pandit site not operating effectively in Internet Explorer but seems wonderful in Safari. Are there any ideas to aid repair the matter?

  3. There are certainly great modifications on the structure of this blog, I truly like this. My site is dealing with get app apk and there are plenty of things to do, I am currently a novice in webpage design. Thanks!

  4. Many thanks for sharing the idea, I saved the webpage. I am furthermore looking for facts regarding kik for android, have you any idea where I might find a thing such as that? I will come back very soon!

Leave a Reply

Your email address will not be published.