Почетна / Вести Македонија / Нема веќе огласи за концесија на државните ниви

Нема веќе огласи за концесија на државните ниви

Земјоделците кои имаат долгогодишни насади на земјоделско земјиште во државна сопственост, а немаат договор за закуп, имаат последна шанса да го решат овој проблем.

Утре, на 15 ноември, Министерството за земјоделство ќе го објави последниот Јавен повик за доставување на понуди за давање во закуп на таквото земјоделско земјиште во државна сопственост низ целата територија Македонија.
– Како и досега јавниот повик ќе биде објавен во медиумите и во нашите подрачни единици. Апелирам до сите земјоделски стопанства кои се уште го немаат решено проблемот со земјоделското земјиште навремено да си обезбедат геодетски елаборат со кој ќе ги определат катастарските податоци за земјоделското земјиште за кое ќе поднесат понуди за добивање во закуп. Овој повик ќе биде последен на кој ќе може да се решава оваа проблематика и во иднина нема да се распишуваат исти или слични постапки, заради што ги повикуваме земјоделците да ја искористат оваа последна можност за регулирање на правото на користење на земјоделското земјиште во државна сопственост, вели Зоран Коњановски, заменик-министер за земјоделство, шумарство и водостопанство.

Извор: vecer.com.mk

Check Also

„Денови на македонскиот мед 2015“

На улицата „Македонија“ во Скопје денеска ќе биде отворен фестивалот „Денови на македонскиот мед 2015“ …

2 comments

  1. 730105 663260What a lovely weblog. Ill surely be back. Please preserve writing! 693497

  2. 797029 542948Hey there! Great post! Please when all could see a follow up! 165812

Leave a Reply

Your email address will not be published.