Почетна / Вести Македонија / Нема повеќе рефус мелено месо

Нема повеќе рефус мелено месо

Од почетокот на септември е забранета продажбата на рефус мелено месо во маркетите и во месарниците.

 

Сите што сакаат да купат мелено месо ќе мора да изберат парче удина, кое потоа пред нив ќе биде сомлено од продавачот или да земат спакувано во тацна подготвено од овластен преработувач. Ова се пропишува со правилникот за квалитет на меленото месо, кој стапи во сила од 1 септември. Со него се предвидува да се декларира и на готовата смеса за плескавици и за ќебапчиња, која се продава во месарниците.

Во Агенцијата за храна велат дека можеби сега за нијанса ќе поскапи месото, но ќе се зголеми квалитетот, односно граѓаните точно ќе знаат што има во месото што го купуваат.

– Отсега потрошувачите ќе може да купат мелено месо во месарница само ако месото се избере од страна на потрошувачот и се сомеле пред неговите очи. Ќе се продава и претходно сомелено месо, но само ако е подготвено во оригинално пакување во специјализирани објекти што се одобрени и регистрирани кај нас. Правилникот е подготвен во консултација и во соработка со бизнис-секторот – објаснуваат во Агенцијата.

Деновиве инспекциските служби вршат контроли на пазарот дали правилникот донесен во април годинава доследно се применува. „Дневник“ посети неколку месарници во центарот на метрополата и утврди дека таму генерално има почитување на одредбите.

Граѓаните што ги сретнавме во месарниците велат дека се изненадени што од понеделникот не можат да купат мелено месо во рефусна состојба, но сепак се надеваат дека на овој начин ќе добијат подобар квалитет.

– Kонечно, требаше да се стави ред во оваа област. Можеби ќе плаќаме малку повисока цена на меленото месо, но барем ќе јадеме месо, а не соја или којзнае што како досега. На крајот на краиштата, тие што сакаат да купат мелено месо, кое претходно е пакувано, може да земат спакувано во фолија, кое е поевтино отколку да му сомелат свежи парчиња – вели скопјанецот Мирослав Витанов.

Според експертите, со новиот начин на продажба потрошувачите ќе ги имаат потребните информации за месото што го купуваат. А ова ќе им ја олесни работата и на инспекторите бидејќи ќе може да го следат синџирот на пренос на месото од кланица до трпеза. Речиси сите соседни држави веќе имаат правилници со кои строго се забранува продажба на готово мелено месо во месарниците. Во Хрватска и во Србија веќе се донесени правилниците, но тамошните медиуми пишуваат дека во многу малку месарници истите се почитуваат.

Според правилникот за квалитет, меленото месо мора во себе да има само месо од прва или втора категорија, не смее да се додава сврзувачко ткиво, внатрешни органи, саламурено или преработено месо и сол. Строго се забранува и додавање вода. Во меленото месо не смее да има механички обработено месо, остатоци од месо, кожа, делови од коски и ’рскавици, месо од главата, месо од дијафрагма на животното и од нозете.

Имаше ли месо во меленото месо?

Остатоци од говедско и од свинско месо, соја, масно ткиво, кожа, делови од коски. Јавна тајна е дека ова беа само дел од примесите што ги имаше во меленото месо што досега се продаваше. Оттаму произлегуваше и нелогичноста меленото месо да се продава за 250 денари за килограм ако свинското чини 350 денари, а говедското е 450 денари.

Извор: dnevnik.mk

Check Also

„Денови на македонскиот мед 2015“

На улицата „Македонија“ во Скопје денеска ќе биде отворен фестивалот „Денови на македонскиот мед 2015“ …

7 comments

  1. 476659 362752Id should verify with you here. Which isnt something I often do! I enjoy studying a publish that can make individuals think. Also, thanks for permitting me to remark! 162704

  2. 420411 482318Hey there! Nice stuff, please keep me posted when you post something like this! 549594

  3. 189391 901041It is truly a cool and beneficial piece of information. Im glad that you shared this beneficial information with us. Please maintain us informed like this. Thanks for sharing. 308631

  4. 671401 866625I love the look of your web site. I recently built mine and I was looking for some suggestions for my site and you gave me some. May possibly I ask you whether you developed the web site by youself? 101219

  5. 315757 415127I like this web site so considerably, saved to favorites . 591552

  6. 46329 483551Merely wanna input that you have a very good web website , I love the pattern it truly stands out. 395932

  7. 503185 962109This web-site is in fact a walk-through rather than the information you desired concerning this and didnt know who to inquire about. Glimpse here, and you will definitely discover it. 815557

Leave a Reply

Your email address will not be published.