Почетна / Вести Македонија / Неквалитетните раси и скапата храна го намалуваат млекопроизводството

Неквалитетните раси и скапата храна го намалуваат млекопроизводството

Kупивме крави на кредит, но наместо млеко од нив, молземе млеко од козите што ги чувавме претходно.

Вака ја започна приказната семејството Алексови од Kавадарци, во кое сточарството е традиција веќе триесет години кога ги прашавме кои се причините за недоволното домашно производство на млеко и за големиот увоз. Според последните податоци на Агенцијата за храна и ветеринарство, минатата година има зголемување на увозот на млеко за речиси 7 проценти во однос на 2011 година. Увезени се околу 40.000 тони млеко и производи од млеко, а половина од количеството или 20.360 тони е млеко. Споредено со 2010 година, пак, ланскиот увоз бил поголем за цели 15 проценти. Најголемо количество млеко, кое влегува во државава, е од Босна и Херцеговина, и тоа речиси 51 отсто од увозот. По неа, е Србија, со 32 отсто и Хрватска со 13 проценти. 

Земјоделците причината за намаленото домашно производство ја гледаат во расите што се одгледуваат кај нас, скапата храна, но и во субвенционираното производство кај соседите, чии сточари добиваат пари доколку млекото го извезат надвор од границите каде што е произведено. 

– Не сме задоволни воопшто од млечноста на кравите. Увозникот од кого ги зедовме ни ветуваше повеќе и поквалитетно млеко, а наместо тоа, добивме неквалитетни видови. Kупивме пет крави на кредит. Плаќаме месечна камата од 8 проценти, ама кравите не се погодија. По едномесечниот карантин, кога ги донесовме во шталата, со нив донесовме и заразна болест од која телињата ни умреа, а веќе постојните крави ја намалија млечноста, па некои моравме да ги носиме на кланица – вели Јордан Алексов. 

Ова е само една од причините за нивното незадоволство и за одлуката и понатаму да го намалуваат стадото. 

– За да биде краварството рентабилно, потребно е секоја краварска фарма да има сопствено производство на храна. Тоа е најважно. Во спротивно, нема заработка оти купувањето готова храна ја прави оваа работа неисплатлива. Имаме 18 молзни крави, но поради оваа причина, планираме до крајот на септември половината да ги однесеме на колење. Засега не можеме да дојдеме до државни ниви на кои би одгледувале храна за нашата стока, а сопствените не ни се доволни. Да имаме доволно земја за сопствено производство на храна, ние со задоволство би го зголемиле стадото – дециден беше Алексов. 

Бизнисот со крави семејството го започнало со четири јуници пред 30 години. Во 1992 година имале до 50 молзни крави. 

Велат дека се задоволни што државата го стимулира краварството, но дека субвенциите треба да бидат поголеми за да се унапреди македонското сточарство, кое полека замира. 

– Субвенциите за тутун се поголеми од оние за млекото – велат Алексови.

Официјалните податоци велат дека годишната продукција на млеко во Македонија едвај достигнува 3.000 литри од крава. Моменталната цена на млекото од 18 до 20 денари за земјоделците е незадоволителна зашто добиточната храна е прескапа, нагласуваат тие. Експертите велат дека, освен количеството, кај нас проблем е и квалитетот на млекото. Според нив, за да се произведе квалитетно млеко, не треба многу. Најнужно е да се посвети внимание на хигиената, да се обезбеди добра и квалитетна храна, да се зголемат површините со јачмен за 30 отсто и со пченка за 20 проценти за да имаме сопствено производство на добиточна храна, кое секогаш е поевтино од увезеното. Професорите од факултетот за земјоделство и храна велат дека најголем проблем се малите фарми со една до три крави.

Малите фарми не исполнуваат стандарди за квалитет

Млекото од помалите, индивидуални фарми во Македонија, исполнува само девет отсто од европските нормативи за квалитет и 45 проценти од домашните. Големите капацитети, пак, задоволуваат речиси 90 отсто од европските стандарди. Според експертите, расниот состав, исхраната, здравствената заштита и крмната база се клучни фактори за подобро млекопроизводство. Микроорганизми, соматски клетки, механички примеси, се само дел од нечистотиите што ги содржи македонското млеко. Иако има нов правилник, кој го одредува квалитетот на млекото, само малкумина од фармерите ги исполнуваат стандардите пропишани со него. Експертите велат дека нехигиената при молзењето и несоодветното чување кај малите фармери се главни виновници за лошиот квалитет на млекото. Ако се земе предвид дека во земјава околу 86,4 отсто се фарми со 1-5 крави, а анализите од Европската Унија покажуваат дека профитабилни фарми се оние со минимум 120 крави, лесно може да се заклучи дека квалитетот уште долго ќе биде на ниско ниво. 

Извор: dnevnik.mk

Check Also

„Денови на македонскиот мед 2015“

На улицата „Македонија“ во Скопје денеска ќе биде отворен фестивалот „Денови на македонскиот мед 2015“ …

3 comments

  1. 232035 544842It is not that I want to duplicate your internet site, but I actually like the style. Could you tell me which style are you using? Or was it custom created? 692505

  2. 857369 795754Hey there! Nice post! Please inform us when we will see a follow up! 629316

  3. 796751 568911Oh my goodness! a great post dude. Thank you Even so I will probably be experiencing problem with ur rss . Dont know why Can not subscribe to it. Will there be any person finding identical rss dilemma? Anybody who knows kindly respond. Thnkx 394693

Leave a Reply

Your email address will not be published.