Почетна / Вести Македонија / Неисправните трактори ги загрозуваат животите на фармерите

Неисправните трактори ги загрозуваат животите на фармерите

Бројките покажуваат дека триесет и седум трактористи ги загубиле животите во последниве пет години и тоа најмногу поради управување со застарена земјоделска механизацијa.

Фантомските трактори ги загрозуваат животите на земјоделците. Бројките покажуваат дека триесет и седум трактористи ги загубиле животите во последниве пет години. Главна причина за смртта е управување на неисправна земјоделска механизација користена уште од времето на поранешна Југославија или е семејно наследена без документи. Најчесто за тракторите и тракторските приколки не постојат никакви докази за сопственост, потекло и царинска декларација. Ова се трактори кои се користеле во земјава пред независноста, добиени во наследство, купени без купопродажен договор, кои во минатото биле набавени од увоз, од донации и од други места. Токму поради ова, Министерството за економија направи измени на Законот за легализацијата и регистрацијата на трактори со кој ќе се реши проблемот со земјоделската механизација која немаше никакви документи и е технички неисправна.

– Станува збор за регулирање еднодецениски проблем околу статусот на тракторите и тракторските приколки со кои граѓаните имаа проблем. Се проценува дека има повеќе десетици илјади трактори и тракторски приколки кај кои не беше можно да се изврши регистрација поради немање доказ за сопственост. Сега, ако има каков било доказ за сопственост, се бара согласност за технички прегледи, се врши идентификација на самото возило, а постапката продолжува вообичаено. Доколку нема доказ, тогаш со изјава заверена на нотар, се поднесува барање до надлежен суд со кое се бара да му се утврди решение за сопственички статус. Судот е должен во рок од 3 дена да го достави до Министерството за земјоделство и во рок од 24 часа да биде објавено на огласна табла. Ако никој не поднесе евентуална жалба во судот во рок од 30 дена, се носи решение за сопственички статус. До 10 април е рокот да се поведе постапка пред суд, а една година да се поведе пред надлежен орган за легализација – велат во Министерството за економија.

Федерацијата на фармери веќе спроведува кампањи за да се види на терен каква е реално состојбата со тракторите.

– Ако се реши проблемот со регистрацијата на тракторите, тогаш ќе имаме корист и ние земјоделците во однос на продуктивноста на самата земјоделска механизација, но од друга страна ќе се намалат и сообраќајните незгоди – вели Мемет Синани, заменик-претседател на ФФРМ.

Официјалните податоци велат дека во земјава има околу 53.000 трактори од кои регистрирани се околу 15 отсто. Од нив 16,7 отсто се со старост од 10 години, од 11 до 20 години старост се дури 68,5 отсто, а над 20 години 14,7 отсто. Токму неисправноста и старосната структура се виновни за фрапантните бројки што покажуваат дека за последните пет години 431 сообраќајни незгоди се предизвикани од возачи на трактори. За истиот период вкупно настрадани возачи на трактор се 311 од кои 37 починале, а 274 биле повредени. За овој период има 221 настрадан патник, од кои 22 се загинати, а 199 се повредени.

Земјоделците потврдуваат дека голем дел од тракторите во земјата се технички неисправни, немаат сопирачки, ниту пак се осветлени за ноќен сообраќај, а на патиштата во руралните средини се забележува дека с` почесто ги управуваат малолетници или луѓе што немаат соодветна обука за управување трактор. Најчесто ваквите несреќи се случуваат во пролетниот и во летниот период кога почнува активната земјоделска работа.

– Регистрацијата е скапа за нас бидејќи тракторите се постари од 20 години. Најголем дел од нив се неисправни и тешко дека ќе може да го поминат техничкиот преглед кој е дел од регистрацијата. Поправката исто така чини пари. Но имаме и голем број трактори кои воопшто ги нема во евиденција. Со измените на законот барем ќе се види сопственоста, велат земјоделците.

Валентина Ангеловска

Извор: dnevnik.mk

Check Also

„Денови на македонскиот мед 2015“

На улицата „Македонија“ во Скопје денеска ќе биде отворен фестивалот „Денови на македонскиот мед 2015“ …

7 comments

  1. 800860 947532Woh I enjoy your content material , saved to favorites ! . 641677

  2. 54023 577913You would endure heaps of different advised organized excursions with various chauffeur driven car experts. Some sort of cope previous functions and a normally requires a to obtain travel within expense centre, and even checking out the upstate New York. ??????? 519980

  3. 787200 610140Yeah bookmaking this wasnt a risky determination outstanding post! . 764851

  4. 634025 277762Pretty section of content. I just stumbled upon your weblog and in accession capital to assert that I get in fact enjoyed account your blog posts. Any way I will likely be subscribing to your augment and even I achievement you access consistently quickly. 933942

  5. 182023 220625Pretty section of content. I just stumbled upon your weblog and in accession capital to assert that I get truly enjoyed account your blog posts. Any way I will be subscribing to your augment and even I achievement you access consistently quickly. 676755

  6. 789568 228204I see something genuinely particular in this site . 472553

  7. 402292 516573Yay google is my world beater assisted me to uncover this excellent web web site ! . 958816

Leave a Reply

Your email address will not be published.