Почетна / Вести Македонија / Наместо здравје, внесуваме болести

Наместо здравје, внесуваме болести

Афлатоксини во млеко, канцерогени материи во пченкарното брашно, олово во пченицата и во лебот. Што е следно? Говедското месо од кравите што се хранети со отровната пченка или нешто сосем трето?

За само два месеца граѓаните ги потресоа неколку афери. Последната повторно е увезена од Србија и се однесува на 330 тони пченка наменета за човечка исхрана полна со олово. Граѓаните се во паника и се сомневаат во квалитетот на храната што се нуди на пазарите и во маркетите. „Дневник“ тргна во потрага по одговорите колку е безбедно она што го јадеме? Одговорите се различни. За нутриционистите, храната што ја јадеме полека, но сигурно н` убива. Надлежните, пак, со став дека с` што се сервира на трпезите е безбедно и здраво.

– Kанцерот коси во државава и секоја година се зголемува бројката на луѓето што умираат од оваа подмолна болест. Факт е дека храната н` убива. С` почесто се случува да се појават алергии кај деца и кај трудници како резултат на комбинации на храна. Точно е дека најголем дел од неа се контролира, но не треба да се заборави дека во текот на производството таа се третира и со пестициди и со хербициди кои завршуваат во неа. Многу често се случува комбинација од две материи фатално да заврши за здравјето на луѓето – вели нутриционистката Тања Турунџиева. Според неа, на опасност најмногу се изложени малите деца. Kај возрасните, пак, најмногу страда црниот дроб, кој е филтер на организмот од токсичните материи.

Во Агенцијата за храна и ветеринарство, која е одговорна за квалитетот на храната, уверуваат дека јадеме безбедна храна. Според нив, процентот на небезбедна храна во Македонија е преполовен, од 5,3 отсто во 2008 година на 2,4 отсто во 2011 година. Уверуваат дека има доволен број лаборатории кои се акредитирани за вршење голем број испитувања, вклучително и на храната.

– Храната што ја јадеме е безбедна и граѓаните не треба да креваат паника за тоа. Инспекциските органи вршат континуирани контроли и надзор на целокупниот синџир на производство, промет, дистрибуција и продажба на храната – вели Дејан Рунтевски, директор на Агенцијата за храна и ветеринарство.

Во Агенцијата велат дека при увоз на храна не постои обврска на инспекторот за земање мостра од секоја пратка. Тоа се врши според степенот на ризик дефиниран за конкретен производ и зависно од земјата од која се увезува, како и од објектот каде што се произведува.

– Секоја пратка што се увезува подлежи на задолжителен физички и органолептички преглед и проверка на задолжителната документацијата – велат во Агенцијата. Според нив, службените контроли се вршат според годишен план за официјални контроли, однапред испланирани врз база на извршената анализа на ризик притоа опфаќајќи што е можно поголем број оператори со храна.

Професорите од факултетот за земјоделство и храна тврдат дека со зголемувањето на домашното производство и со намалувањето на увозот ќе се намали и ризикот од случаи како овие со хрватското и со српското млеко.

– Ние сме речиси целосно зависни од увоз на добиточна храна, а ништо подобра не е состојбата и со млечниот бизнис ако се има предвид дека македонското млекопроизводство од година на година се намалува. Доколку би имале доволно домашно производство, кое се контролира во речиси сите фази на производство, ризикот од афери со храна би се намалил на минимум – велат професорите.

Граѓаните, пак, шетаат меѓу рафтовите на маркетите и со недоверба гледаат на она што се нуди. Некои од нив читаат декларации, а некои инстиктивно купуваат.

– Немаме избор. Kупуваме словенечко млеко, не купувам српско пченкарно брашно, но не знам што има во другите производи. Безбедни ли се јогуртот, млечните намази или може ли некој со сигурност да ми каже дали во лиснатото тесто нема брашно со олово – вели Милева Атанасоска.

Афлатоксини и во бадеми, ф’стаци, лешници

Освен во млекото, афлатоксини може да се најдат и во голем број други производи, посебно во житните растенија, семињата, зачините и во јаткастото овошје. Пченка, кикиритки, ф’стаци, грав, индиски орев, црн пипер, суво овошје, нерафинирани растителни масла и друго. Kако што пишува на интернет-страницата на ЕФСА (Европската агенција за безбедност на храна), четири вида афлатоксини природно се наоѓаат во храната. Тоа се афлатоксини Б-1, Б-2, Г-1 и Г-2. Оној што најчесто се среќава и кој е најотровен е Б-1.
Валентина Ангеловска

Извор: dnevnik.mk

Check Also

„Денови на македонскиот мед 2015“

На улицата „Македонија“ во Скопје денеска ќе биде отворен фестивалот „Денови на македонскиот мед 2015“ …

9 comments

  1. 81554 131819Normally I do not read post on blogs, but I wish to say that this write-up very forced me to try and do so! Your writing style has been surprised me. Thanks, quite nice post. 541457

  2. 203797 447036This is such a fantastic post, and was thinking considerably the same myself. Another great update. 891828

  3. 28689 462300Great V I should certainly pronounce, impressed with your website. I had no trouble navigating through all tabs and related information ended up being truly easy to do to access. I recently found what I hoped for before you know it in the least. 563676

  4. 633522 719315I was reading some of your content material on this website and I conceive this internet web site is actually informative ! Keep on putting up. 123197

  5. 188348 226332This really is an superb write-up and I completely understand where your coming from within the third section. Perfect read, Ill regularly follow the other reads. 558480

  6. 426491 653588really great put up, i undoubtedly really like this internet website, keep on it 751414

  7. 908868 883240Spot up for this write-up, I seriously believe this site needs a good deal far more consideration. Ill apt to be once far more to learn additional, appreciate your that information. 207367

  8. I would really enjoy to know new information on this issue! I am as well interested in top medical malpractice lawyers as I think it really is quite trendy now. Keep it up!

  9. 165735 259255Woh Everyone loves you , bookmarked ! My partner and i take issue in your last point. 902112

Leave a Reply

Your email address will not be published.