Почетна / Вести Македонија / Најголемата млекара од Турција – Суташ и Пекабеско потпишаа договор за соработка

Најголемата млекара од Турција – Суташ и Пекабеско потпишаа договор за соработка

„Суташ“ – новиот сопственик на Сведмилк ќе ги користи дистрибутивните услуги на Пекабеско во Македонија

Водечките компании во бизнисот со сувомеснати и млечни производи и дистрибуција од Македонија и Турција, Пекабеско и Балканска млекара потпишаа долгорочен договор за соработка. Во следните 5 години, Балканска млекара – наследникот на поранешниот „Сведмилк“, со овој договор ќе ја користи дистрибутивната мрежа на компанијата Пекабеско, која е една од најголемите  и најраспространетите во земјава.

По тој повод, првиот извршен директор на Пекабеско, Слободан Кутревски изјави: „Задоволни сме од постигнатиот договор, како и од довербата која најголемата турска млекара „Суташ“ ја има кон нашата компанија. Уште еднаш покажавме дека Пекабеско е водечки бренд не само во месната и сувомесна индустрија, туку и во дистрибутивната и логистичката дејност во Македонија. Балканска млекара е најновата во низата на регионални и светски компании и брендови кои ги користат диструбутивно – логистичките услуги на нашата компанија и ни ја даваат својата доверба“.

Како што неодамна најави генералниот менаџер на Суташ за Македонија, Али Мусвик Созер, Балканска млекара ќе започне со работа во мај оваа година. Капацитетот на оваа млекара е 180 тони млеко дневно, а досегашната инвестиција во нашата земја од 10 милиони евра  обезбеди 50 нови вработувања. Оттаму, најавуваат дополнителна инвестиција од 5 милиони евра до крајот на годината, а бројот на вработувањата да достигне до 200.

Инаку, Пекабеско располага со дистрибутивна мрежа која се состои од повеќе од 40 возила и над 50 вработени само во дистрибутивно логисичкиот сектор. Компанијата располага и со 4000 m2 складишен простор и магацини, а секојдневно врши дистрибуција за десетичи домашни и меѓународни компании, односно повеќе од 270 различни производи.

„Суташ“ е седум години водечки бренд во млечната индустрија во Турција. Вработува 4.000 лица, а има 750 милиони литри производство и 69 производи во шест категории. Минатата година, Суташ ја купи „Сведмилк“.

Check Also

„Денови на македонскиот мед 2015“

На улицата „Македонија“ во Скопје денеска ќе биде отворен фестивалот „Денови на македонскиот мед 2015“ …

6 comments

  1. 816304 489469This really is truly intriguing, Ill look at your other posts! 942715

  2. 106205 451510Hi. Cool post. Theres an concern with your site in chrome, and you could want to test this The browser will be the marketplace chief and a very good element of individuals will omit your excellent writing because of this problem. 934619

  3. 666123 34746You need to be a part of a contest first with the most effective blogs online. Let me suggest this weblog! 479433

  4. 600418 653075Its exceptional as your other articles : D, regards for posting . 266977

  5. 125019 358685I like what you guys are up also. Such intelligent function and reporting! Keep up the superb works guys Ive incorporated you guys to my blogroll. I think itll improve the value of my web site . 957138

  6. 739777 80561Im sure your publish and internet web site is incredibly constructed 862836

Leave a Reply

Your email address will not be published.