Почетна / Вести Македонија / Над 60 отсто од овошките се јаболка

Над 60 отсто од овошките се јаболка

Станува ли Македонија држава на јаболката? Официјалните статистички податоци говорат дека над 60 отсто од овошните дрва во Македонија се јаболка.

Од осамостојувањето до денес бројот на родните јаболка двојно се зголемил, а за сметка на тоа има намалување на останатите овошни дрвца. Дуњата и црешата се исчезнати од статистичката листа бидејќи ги има во многу мал број, а намалување има кај крушата, сливата, вишната и кајсијата. Според бројките, вкупниот број овошни видови во 1991 година бил за 8 отсто повисок од 2011.

Земјоделците велат дека е пресуден откупот и цената што се постигнува. Затоа се избира она што полесно се пласира и се плаќа веднаш. Експертите, пак, со сосема спротивна теорија. Велат дека намалувањето на одредени овошни видови за сметка на зголемувањето кај другите се должи пред сè на изборот на земјоделците што ги избираат овошките по тоа која најлесно се одгледува. Дополнително во прилог им оди и речиси истата исплата на субвенции за одржување на веќе постојните овошни насади.

– Според статистичките вредности во 2011 година од сите овошки што се одгледуваат на територија на земјава, повеќе од половина или цели 57 отсто отпаѓаат на различни сорти јаболка. Ова доведе до отежнат пласман на јаболката со кои е преплавена ресенската област. За сметка на тоа има недостиг на домашниот пазар од круши, праски, кајсии и јаткасти овошја – вели професорот Борис Анакиев.

Според него, најголемо намалување има кај крушите кои во 1991 сме ги имале над милион дрвца, а сега се само 361.000. По нив се вишните кои од речиси милион и половина дрвца се намалиле на 606.000.

Во Сојузот на земјоделци на Македонија велат дека нивните членови кога подигнуваат нови овошни насади се водат по искуството на останатите фармери кои веќе се во тој бизнис.

– Точно е дека стануваме држава на јаболката, бидејќи во најголем број ги има на нашите ниви. Се садат најмногу бидејќи за нив имате каков таков пласман. Ако не направите некој ќар, барем ќе може да преживеете. За другите овошки ретко кога има организиран откуп. Пред неколку години цената на вишните одеше добро, имаше откуп и сите садеа. Но, годинава вишната едвај ги покри трошоците за одгледување – вели Вељо Тантаров од Сојузот на земјоделци на Македонија.

Во Министерството за земјоделство велат дека согласно нивните податоци учеството на јаболкото во вкупното овоштарско производство како по број на стебла, така и по хектари површина се движи од 50-55 отсто.

– Бројот на јаболката се должи на повеќе фактори, од кои најзначајни се поволните климатско-почвени услови како и долгогодишно искуство и традиција за производство на оваа овошна култура. Остварениот девизен прилив од извозот на јаболко во последните три години е во постојан пораст, од 12,7 милиони евра во 2010 година на 15,1 милиони евра во 2011 година. Лани од извоз на јаболка сме оствариле дури 16,6 милиони евра- велат во Министерството за земјоделство.

Различно се субвенционираат овошните дрва

Земјоделците за одржување круши, цреши, вишни, кајсии, праски и актинидии добиваат по 28.000 денари за хектар субвенции. За јаболка, мушмули, калинки, боровинки и смокви се 25.000 денари за хектар. Според Платежната агенција, висината на директните плаќања за јаболкови насади изнесува 23.000 денари по хектар за засадени од 400 до 999 дрвца, а 25.000 со над 999 садници. Дополнителни директни плаќања по хектар површина има за ореви, бадеми, лешници и костени.

– Висината на субвенциите процентуално се намалува со зголемување на пројавените површини од сите видови и тоа за секој вид одделно. Така 100 отсто од сумата земаат земјоделци кои имаат од 0,3 до 3 хектари, од 3,1 хектар до 10 хектари 60 отсто од сумата, а над ова само 30 отсто од субвенциите. Ако овошјето е предадено на преработувачки капацитети во државава, секој земјоделец ќе добие по 2 денара за килограм без разлика за кое овошје станува збор.

Извор: dnevnik.mk

Check Also

„Денови на македонскиот мед 2015“

На улицата „Македонија“ во Скопје денеска ќе биде отворен фестивалот „Денови на македонскиот мед 2015“ …

10 comments

  1. 338667 408110This is a very good weblog. Keep up all the work. I too really like to weblog. This is fantastic everybody sharing opinions 774313

  2. 563308 932018My plate is real full and your tryna give me much more food, boy what the fuck is wrong wit you?!|guruisthebomb| 962105

  3. 431582 393025This internet site is often a walk-through like the info you wanted in regards to this and didnt know who to question. Glimpse here, and youll certainly discover it. 814317

  4. 824250 753284hi!,I like your writing so a great deal! share we communicate far a lot more about your article on AOL? I want a specialist on this location to solve my dilemma. Could be thats you! Searching forward to see you. 812872

  5. 750789 216975Pretty! This was a really amazing post. Thank you for your provided info. cool desktop 881495

  6. 567313 65171I consider something really unique in this website . 533436

  7. 210782 749669Depending on yourself to make the decisions can really be upsetting and frustrating. It takes years to build confidence. Frankly it takes a lot more than just happening to happen. 198232

  8. 502222 452703I wanted to say Appreciate providing these details, youre doing a fantastic job with the site… 476163

  9. 595968 867535An extremely intriguing examine, I may well not agree completely, but you do make some quite legitimate factors. 185536

  10. 320223 383699Very usefull blog. i will follow this blog. keep up the great work. 310765

Leave a Reply

Your email address will not be published.