Почетна / Вести Македонија / На секои три дена ќе се реализира по еден проект во системите за наводнување

На секои три дена ќе се реализира по еден проект во системите за наводнување

Според Студијата за инвестирање, која е првиот документ кој ги дава насоките за реализација на десетгодишната Стратегија за реконструкција и изградба на системите за наводнување, во првите шест години предвидено е да бидат инвестирани 135 милиони евра за конкретна реализација на проекти.

Во наредните шест години ќе се реализира по еден проект во водостопанството како дел од десетгодишната Стратегија за реконструкција и изградба на системите за наводнување на Македонија. Пред еден месец Владата го објави новиот проект според кој до 2025 година ќе бидат инвестирани 200 милиони евра за подобрување и модернизација на системите за наводнување во државата, што е еден од најамбициозните проекти кои досега ќе бидат реализирани во овој сектор. Според проектот кој го објави премиерот Никола Груевски, Владата изготви нацрт-стратегија за периодот од 2015-2025 година која предвидува континуирана инвестиција започнувајќи од 18 до 20 милиони евра годишно во првата година, а потоа за 4-5 години се предвидува продлабочување на фазата на инвестирање.

ВЕЧЕР дојде до планот за инвестирање во првите шест години од реализацијата на оваа Стратегија, според која веќе е изработена Студија за инвестирање. Овие документи во моментот се низ процес на јавна расправа пред сите заинтересирани страни кои имаат какво било влијание или корист од наводнувањето и одводнувањето.

Според поранешниот министер за земјоделство Љупчо Димовски, ова е најобемниот проект кој досега ќе се реализира во земјоделството. Според него, бенефитите ќе бидат огромни за целиот аграр во државата.
-Целта е обезбедување на континуитет на земјоделското производство, зголемување на количините и квалитетот на земјоделските производи, како и справување со климатските промени кои ја имаат зафатено и територијата на Македонија. За реализација на оваа амбициозна програма, според Студијата за инвестирање, во наредните четири години предвидено е да се реализира по еден проект на секои три дена – потенцира тој.

Според акцискиот план, работите што се предвидуваат се претежно за објектите од прв ред во обезбедувањето и дистрибуцијата на вода, зафатните објекти, главните канали и опремата на овие објекти.

Според податоците во периодот 2008-2012 година се наводнуваат од 22 до 28.000 хектари, а според “изграденоста на инфраструктурата за наводнување”, треба да се наводнуваат до 120.000 хектари.

Се нагласува “изграденоста” од причина што тоа е состојба од пред 30 до 50 години, кога главно се градени објектите. Прецизни податоци за реалната површина нема, но се проценува дека таа е намалена и изнесува нешто малку над 100.000 хектари од разни причини.
Доколку се обезбедат средствата, до 2020 година, се очекува да се обезбедат основните технички услови за функционирање на објектите од примарната мрежа за наводнување на минимум 80 до 85.000 хектари во крајната фаза до 2021 година.
За зголемување на површините до можните околу 100.000 хектари потребно е да се опфати голем дел од секундарната, некаде и терцијарната мрежа, опремата и др.

Во делот на проширување во постојните системи се предвидени инвестиции со кои се освојуваат нови површини кои се поврзуваат на инфраструктурата на постојните системи кои досега не се наводнуваат поради неизграденост на потребните објекти. се прошируваат-зголемуваат површините за наводнување за нови околу 3.150 хектари. Во последниот дел од Студијата се предвидени инвестиции во нови објекти и системи, што претставува највисоката ставка на инвестирање. Со овие работи се очекува дека ќе се опфатат нови околу 16.600 хектари.

Вкупната сума за реализација на Студијата за инвестирање до 2020 година изнесува 135 милиони евра. Од нив за изработка на техничка документација ќе бидат инвестирани 3,7 милиони евра, за рехабилитација и санација на хидроградежни објекти се предвидени 17,4 милиони евра, за санација и рехабилитација на опремата во хидросистемите треба да бидат потрошени 4,8 милиони евра во наредните шест години, за доградба на постојните системи 5,7 милиони евра, за нивно проширување 8,3 милиони евра, за подобрување на енергетската ефикасност околу 1,5 милиони евра, а за изградба на нови системи за наводнување 98 милиони евра.

Извор: vecer.com.mk

Check Also

„Денови на македонскиот мед 2015“

На улицата „Македонија“ во Скопје денеска ќе биде отворен фестивалот „Денови на македонскиот мед 2015“ …

7 comments

  1. 687922 811551hello I was quite impressed with the setup you used with this site. I use blogs my self so very good job. definatly adding to bookmarks. 702860

  2. 538993 347994I believe this web site contains some extremely fantastic details for every person : D. 493601

  3. 555 414108Ive been absent for some time, but now I remember why I used to adore this weblog. Thank you, I will try and check back far more often. How often you update your web internet site? 947397

  4. 290361 407342Whoa! This blog looks just like my old 1! Its on a completely different subject but it has pretty a lot the same layout and style. Outstanding choice of colors! 225040

  5. 269106 13683Wohh exactly what I was searching for, regards for posting . 544974

  6. 84045 240175 Youre so cool! I dont suppose Ive read anything like this before. So good to uncover somebody with some original thoughts on this subject. realy thank you for starting this up. this site is something that is needed on the internet, someone with a little originality. useful job for bringing something new to the internet! 626031

  7. 884496 262013I was just looking for this info for a while. After 6 hours of continuous Googleing, finally I got it in your site. 135142

Leave a Reply

Your email address will not be published.