Почетна / Вести Свет / На аграрот му е неопходен ремонт и свеж капитал

На аграрот му е неопходен ремонт и свеж капитал

Се поставува прашањето дали тоа значи модернизација на земјоделското производство или недостаток на храна на домашниот пазар, што ќе резултира со повисоки цени на земјоделските производи.

Арапската компанијата “Ал Дахра” од Абу Даби до крајот на летото планира да купи 43 хектари земјоделско земјиште во Србија, а можно е да стане и сопственик на дел од Југословенско речно бродарство. Освен бродови, Арапите планираат да инвестираат и во пристаништа во Србија. Нивниот интерес е да обезбедат транспорт на прехранбените производи што ќе ги произведуваат на српскиот пазар, но и купување на производи од српските земјоделци.

Со ова започнуваат да се реализираат арапски инвестиции во прехранбената индустрија на Балканот, кои беа најавени минатата година од страна на мултинационални фондови од Обединетите Арапски Емирати.

Плодното земјиште, природните ресурси, поволната клима за производство на храна ги намамија големите арапски фондови да пренасочат дел од своите пари во производство на храна во овој регион. Во фокусот на нивниот интерес за инвестиции на Балканот е производство на сточна храна, на градинарски производи и на јагниња што ќе бидат извезувани на арапските и на трети пазари.

Со оглед на тоа што голем дел од земјоделските комбинати во земјите од поранешна Југославија пропаднаа и не се модернизираше во нивните капацитети, Арапите гледаат огромни можности за инвестиции во овој дел.

Но, и покрај тоа што овие најави ќе ги решат најголемите болки на аграрот, се отвораат две прашања за тоа што ќе значат овие инвестиции за целиот агробизнис во регионот. Дали тоа од една страна ќе значи подигнување на стандардите за производство на храна и модернизација на земјоделството? И дали, од друга страна зголемениот извоз во странство ќе направи недостаток на храна на домашните пазари, а со тоа и зголемување на цените на земјоделските производи?

Со нови инвестиции ќе се подигне квалитетот на производите
– Оваа година се очекуваат големи инвестиции во земјоделството во Србија. Имајќи ги предвид овие претпоставки, очекувам дека ќе дојде до поместување на нивото на целиот аграр во регионот. Во изминатите шест месеци е трасиран патот за бројни нови инвестиции, а најмногу капитал се очекува да стигне од Соединетите Арапски Емирати, кои се заинтересирани за инвестиции во модернизација на српското земјоделство – вели српскиот економист Саша Договиќ во изјава за српските медиуми. Тој потенцира дека како дел од најавените инвестиции на Арапите во Србија се изградба на пет фабрики за сточна храна, купување на дел од запоставените земјоделски комбинати и модернизација на системите за наводнување, во вредност од над 200 милиони евра.

Освен во Србија, арапски инвестиции се очекуваат и во Македонија. По посетата на катарската бизнис-делегација предводена од шеикот Џаван бин Хамад Ал Тани, минатата година беше изразен интерес за инвестиции за производство на сточна храна, јагниња и градинарски производи и во Македонија.
– Инвестициите во земјоделството се клучни за развој на целиот агробизнис на Балканот. Влезот на странски капитал ќе значи модернизација на земјоделското производство, со што ќе се зголеми приносот и квалитетот на земјоделски производи – вели универзитетскиот професор Борис Анакиев.

Според него, Балканот е многу поволно подрачје за инвестиции во аграрот бидејќи има најповолни услови за производство на храна и затоа има интерес од странски инвеститори, а во последно време од арапски мултинационални фондови.
– Со воведувањето на нови технологии, софистицирани семенски материјали, нови системи за наводнување, што значи подигнување на стандардите за земјоделско производство ќе ја зголеми конкурентноста на земјоделските производи, а со тоа и извозот на странски пазари – објаснува Анакиев.

Што се однесува до стравувањата дека влезот на странски капитал ќе ја наруши конкуренцијата, што ќе влијае на цените и потрошувачката на домашниот пазар, професорот потенцира дека конкуренцијата го диктира пазарот и дека тој што може да конкурира со цена ќе може да купи и продаде на странските пазари.
– На аграрот во целиот регион му е неопходен ремонт за да може да ги следи светските текови за производство на храна, а со свеж капитал и инвестиции во модернизација на производството тоа може да се постигне – потенцира Анакиев.

Емиратите планираат да инвестираат 200 милиони евра во Србија
Арапската компанија Ал Дахра во Србија планира да инвестира 200 милиони евра од кои 100 милиони евра во новиот систем за наводнување за да го зголеми производството и 100 милиони долари за преземање 80% од осум државни земјоделски претпријатија, од кои Србија ќе задржи 20%. Според последните најави, на почетокот на минатиот месец арапската групација веќе нарачала опрема за изградба на фабрика за сточна храна во Сурчин, а до крајот на летото кога треба да бидат уплатени и парите официјално ќе бидат преземени сите осум земјоделски комбинати кои поседуваат околу 9.000 хектари земјоделско земјиште. Исто така, планирано е компанијата за закупи и 14.000 хектари обработливо земјиште по цена од 250 евра по хектар годишно. Партнерот од Абу Даби и се обврзува да инвестира 100 милиони евра во опрема и системи за наводнување.

Покрај тоа, постои генерална согласност до Развојниот фонд на Абу Даби, Србија да добива донации или “меки” заеми, што делумно ќе се користат за чистење и формирање на комплетна мрежа за наводнување и одводнување на каналот Дунав – Тиса – Дунав низ Војводина и по текот на Дунав и Морава во Србија. Вториот дел од парите ќе бидат искористени за долгорочни кредити за земјоделците наменети за купување нова опрема, првенствено за наводнување “капка по капка”.

Александра СПАСЕВСКА


Извор: vecer.com.mk

 

Check Also

Пченицата поскапе во Бугарија, ние увезуваме српска по стара цена

Цената на пченицата во Бугарија последниве десетина дена расте и е повисока за 4,6 отсто. …

8 comments

  1. 963542 918331I surely didnt know that. Learnt 1 thing new these days! Thanks for that. 187778

  2. 308911 936589Some genuinely superb blog posts on this site , regards for contribution. 845688

  3. 745815 82824You produced some decent points there. I looked online for your problem and located a lot of people will go together with with the internet site. 373198

  4. 164662 295294I like this site extremely a lot, Its a extremely nice position to read and receive information . 395183

  5. 268286 941298I take pleasure inside the comments on this blog, it actually gives it that community feel! 940224

  6. 694306 356463Excellent paintings! This is the kind of information that need to be shared around the internet. Disgrace on Google for now not positioning this publish upper! Come on more than and talk more than with my website . Thanks =) 558846

  7. 806106 324960When I originally commented I clicked the -Notify me when new feedback are added- checkbox and now every time a remark is added I get four emails with exactly the same comment. Is there any approach youll be able to remove me from that service? Thanks! 762181

  8. 542225 648802Thanks for sharing excellent informations. Your web site is so cool. 159197

Leave a Reply

Your email address will not be published.