Почетна / Вести Свет / Млекото од регионот да се анализира во една лабораторија

Млекото од регионот да се анализира во една лабораторија

Српскиот министер за земјоделие Горан Кнежевиќ ги повикал ресорните министри од регионот следната недела да дојдат во Белград на состанок на кој би се одлучило за предлогот – да се определи една лабораторија од ЕУ која би била референтна установа за анализа на млекото од регионот.

Млекото ги здружува земјите од поранешна Југославија. Наскоро ќе се организира состанок на директорите на сите институции за храна од регионот со цел заеднички да се направи процена на ризикот на млекото и сточната храна, како и да се усогласат процедурите за процена на ризик во регионот за да се избегнат ситуации, како онаа со афлатоксините. На оваа тема во Сараево разговараа македонскиот министер за земјоделство, Љупчо Димовски и босанскиот министер за надворешна трговија и економски односи, Мирко Шаровиќ.

А владите на Србија и Хрватска планираат да определат една лабораторија од Европската унија која би била референтна установа за анализа на млекото од регионот. Српскиот министер за земјоделие Горан Кнежевиќ ги повикал ресорните министри од регионот следната недела да дојдат во Белград на состанок на кој би се одлучило за предлогот. За државниот секретар во Министерството за земјоделие на Србија, Данило Голубовиќ, таков договор е неопходен, затоа што Србија се доведувала во ситуација ист примерок на млеко во три лаборатории да покажува три различни нивоа на афлатоксин.
– Мислиме дека ако ваков договор се потпише, регионот во иднина ефикасно ќе се брани од ударите, како што е сега проблемот со млекото – рекол Голубовиќ и додал дека анализите во таа референтна лабораторија би се правеле додека Србија не ја заврши својата референтна лабораторија во Батајница.

Македонија има референтна лабораторија во Скопје. Во неа се испитуваа мостри од млеко и млечни производи на домашни производители и резултатите покажаа дека македонското млеко е безбедно, односно афлатоксин над дозволените граници не е пронајден.
И властите во Приштина тврдат дека косовското млеко не е канцерогено, односно дека млекото и млечните производи од домашно производство содржат афлатоксин во рамките на дозволените норми од страна на ЕУ.Претседателот на Здружението на млекопроизводители, Рамадан Мемај, изјавил дека домашното млеко е безбедно и оти од првичните анализи резултирало дека тоа содржи 0,05 микрограми афлатоксин.
– Во наредните три дена очекуваме да имаме резултати од неколку други анализи на млекото кое се произведува во Косово, кои ги испративме за контрола надвор од земјава, изјавил Мемај. Претходно косовската агенција за храна и ветеринаство ја забрани продажбата на млекото Прималатт и Фастт од албанско производство, поради содржината на афлатоксин над дозволеното ниво вели Мемај.

И додека жителите на цел Балкан деновиве се вознемирени од фактот дека токсично млеко е пронајдено во некои хрватски и српски производители, професорот на Земјоделскиот факултет во Нови Сад, Драган Гламочиќ во емисија на РТС тврди дека млекото со афлатоксин може да се пие бидејќи тој е резултат на климатските промени и како таков не е штетен. Според него, цел свет пие млеко со ниво на афлатоксинот кое сега е забележано во регионов.
– Би било одлично да може да се пие млеко без овој токсин во него, но тоа е невозможно – објаснува професорот.
Според него, дозволеното ниво на афлатоксин во пченката во Србија изнесува 50, а во ЕУ е 10.
– Кај српските крави нивото изнесува 10, а кај европските 5, па апсурдно е што од законски исправна храна се добива здравствено неисправно млеко. Климатските промени диктираат нов начин на работа. Мора да се изврши подобар мониторинг не само на афла, туку на сите токсини кои се јавуваат како резултат на климатските промени – вели Гламочиќ.

Како одговор на овој инцидент и други, Европската комисија предложи 20 мерки со цел подобрување на безбедноста на производите и пазарен надзор на сите непрехранбени производи. Меѓу одредбите е и посилната координација на контролните тела на границите на ЕУ за да се загарантира размена на информации за одобрени производи меѓу државите.
Ако Европскиот парламент ги прифати новите правила, производителите ќе мора да ја специфицираат земјата на потекло и името на претпријатието и адресата на пакувањето на производите.

(С.Бл.)

Извор: vecer.com.mk

Check Also

Пченицата поскапе во Бугарија, ние увезуваме српска по стара цена

Цената на пченицата во Бугарија последниве десетина дена расте и е повисока за 4,6 отсто. …

4 comments

  1. 62644 876298Excellent artical, I unfortunately had some issues printing this artcle out, The print formating looks a bit screwed more than, something you might want to look into. 680703

  2. 554080 260691cleaning supplies ought to have earth friendly organic ingredients so that they do not harm the environment 572818

  3. 866274 773505Fantastic beat ! I would like to apprentice whilst you amend your internet website, how can i subscribe for a weblog internet site? The account helped me a applicable deal. I had been tiny bit acquainted of this your broadcast provided shiny transparent thought. 491786

  4. 408566 933912You got a quite amazing web site, Sword lily I observed it by means of yahoo. 757046

Leave a Reply

Your email address will not be published.