Почетна / Вести Македонија / Медот ќе се продава во тегли со жиг од пчеларот

Медот ќе се продава во тегли со жиг од пчеларот

Медот ќе се продава само во брендирани тегли со посебен жиг од пчеларот. На овој начин во Агенцијата за храна и самите производители сметаат дека ќе се справат со фалсификаторите на мед.

Според правилникот, кој важи од почетокот на годинава, сите производители на мед мора да бидат регистрирани. Теглите со идентификациски број ќе може да ги користат само регистрираните пчелари и на тој начин на купувачите ќе им се гарантира дека производот е безбеден и со докажан квалитет. За издавање идентификациска табла за одгледувалиште на пчели ќе биде задолжено овластено ветеринарно друштво. Таблата ќе треба да се постави на видливо место на пчеларникот.

Наместо мед, спакуван шербет

Според последните бројки, околу еден тон фалсификуван мед е пронајден од страна на инспекторите. Лажниот мед е пронајден на импровизираните тезги на автопатите низ земјава, како и на тезгите на зелените пазари.

Наместо мед, во теглите бил спакуван шеќерен сируп, на теглите немало декларација, ниту се знаел производителот.

– По неколкуте редовни и вонредни засилени контроли на пазарот со мед и пчелни производи во текот на минатата година беа запленети 962 килограма небезбедни производи, дел несоодветно декларирани количини мед, како и лажно деклариран мед. Со ова нашите инспекциски служби го прекинаа и синџирот од производители, дистрибутери и продавачи на фалсификуван мед на патните правци Росоман – Прилеп и Kичево – Охрид – велат во Агенцијата за храна и ветеринарство.

Од таму велат дека врз основа на воспоставената соработка со претставниците на пчеларските здруженија, со новиот правилник конечно ќе стават ред во производството на мед.

Експертите од Факултетот за земјоделство и храна велат дека пчеларството е добар бизнис и секоја година с` повеќе се развива кај нас.

– Пчеларството е сериозен бизнис, од кој може добро да се живее. Во Македонија има сериозни производители, на кои пчеларството им е семеен бизнис. Тие треба да бидат пример за сите што сакаат да се занимаваат со оваа дејност. Правилникот е одличен и со него ќе се знае од каде потекнува секоја тегла мед – вели Драги Димитриевски, декан на Факултетот за земјоделство и храна.

Kонтролата е најбитна

Просечното годишно производство на мед од кошница во земјава е околу 15 килограми. Ако ова се спореди со бројот на пчелните семејства од 130.000-140.000, годишната продукција е од 1.950 до 2.100 тони мед.

– Освен што произведуваме, ние сме е и увозник на мед. Сите увезени пратки подлежат на контрола од инспекциските служби на Агенцијата, при што тие ги исполнуваат соодветните пропишани услови за квалитет и безбедност на овој прехранбен производ – велат во Министерството за земјоделство.

Регистрирани 110.478 пчелни семејства

Врз основа на извршениот попис на пчеларниците и регистрација на одгледувалиштата на пчели во земјава во регистарот на одгледувачи на пчели во мај лани, евидентирани се 2.226 активни одгледувалишта. Станува збор за одгледувачи на пчели што имаат склучено договори со ветеринарните станици и кои располагаат со 110.478 пчелни семејства. Поаѓајќи од фактот дека склучувањето договори со ветеринарните друштва е во тек, според процена на Агенцијата, бројот на пчелните семејства во земјава се движи од 130.000 до 140.000.

Извор: dnevnik.mk

Check Also

„Денови на македонскиот мед 2015“

На улицата „Македонија“ во Скопје денеска ќе биде отворен фестивалот „Денови на македонскиот мед 2015“ …

9 comments

  1. 92173 242337I really enjoy reading on this site, it holds wonderful articles . 949087

  2. 391839 323583Aw, i thought this was quite a great post. In concept I would like to devote writing such as this moreover – spending time and actual effort to produce an excellent article but exactly what do I say I procrastinate alot by no indicates manage to get something done. 641222

  3. 475924 567142Hey i just visited your internet site for the very first time and i truly liked it, i bookmarked it and will be back 975306

  4. 893020 388266Outstanding post, I conceive website owners ought to learn a good deal from this blog its real user pleasant. 21516

  5. 333039 209804I dont think Ive read anything like this before. So great to locate somebody with some original thoughts on this subject. thank for starting this up. This internet site is something that is needed on the web, someone with a little originality. Great job for bringing something new to the internet! 160495

  6. 581888 904755I like this web site so much, saved to favorites . 213183

  7. 956187 404215Outstanding post, I conceive site owners ought to learn a good deal from this blog its real user pleasant. 601320

  8. 450338 672025Hey! Nice stuff, do tell us when you post something like that! 169835

  9. 146497 586332Hello there! Great post! Please inform us when I will see a follow up! 11139

Leave a Reply

Your email address will not be published.