Почетна / Вести Македонија / Масовно увоз на месо без откуп на свињите

Масовно увоз на месо без откуп на свињите

На пазарот има над 5.000 свињи за кои нема купувач, а производителите велат дека со откупна цена од 85 денари за килограм жива мера, не можат да покријат ниту половина од трошоците за храна.

 

Производството на свежо свинско месо во државава е намалено за цели 50 отсто. Но и она што е произведено никој не сака да го купи. Во моментов на пазарот има над 5.000 свињи, но никој не сака да ги купи. Производителите велат дека со цена од 85 денари за килограм жива мера, колку што им нудат трговците, не можат да покријат ниту половина од трошоците за храна. И додека пропаѓа домашното производство, увозот драстично се зголемува. За првите три месеци од годинава во земјава влегле 3.306.309 килограми свинско месо. Во Групацијата за месо во рамките на Стопанската комора на Македонија велат дека главна причина за проблемите на пазарот со месо е лошата финансиска состојба во која се наоѓа велешки „Жито Вардар“. Во 2012 година во Македонија се одгледувале 150 илјади гоеници свињи, од кои велешката фирма имала околу 60 илјади, „Агрија“, исто така од Велес, одгледувала 35 илјади гоеници, „Единство“ од Челопек – 25 илјади, а другите биле на помали свињарски фарми.

– Откупната цена што се нуди во однос на цената на чинење е неодржлива. Со 80 или 90 денари за килограм жива мера ние не можеме да ги покриеме ниту трошоците за храна на свињите, а што останува за покривање на другите трошоци. Вака веќе не може. Македонското свинско не може да конкурира со цените на она од странство каде што храната е поевтина, но и она што го имаме произведено никој не го бара. Тешко ќе се справиме со нелојалната конкуренција – вели Веле Ристевски, сопственик на фармата „Единство“ од Челопек.

Во Асоцијацијата на земјоделци на Македонија потврдуваат дека свињарството е пред колапс.

– На велешки „Жито Вардар“ му оди многу тешко, таму веќе и да нема свињи за продажба. Ако до лани ги задоволувавме домашните потреби со свежо месо, годинава нема ниту за покривање на половина. Се отвори простор за увоз на големи количества, најверојатно, со добра заработувачка бидејќи речиси сите трговци почнаа да увезуваат месо. Ако порано не им се исплатеше увозот, тогаш зошто цената на чинење беше слична со домашната, а сега разликата е голема – вели Ефтим Шаклев, претседател на Асоцијацијата. Тој објаснува дека за четири месеци цената на домашното месо е драстично падната, од 200 денари жива мера за Нова година до 85 денари сега.

Во Агенцијата за храна и ветеринарство велат дека од почетокот на годинава, заклучно со 12. 4. 2013 година во земјава, според нивна евиденција, увезени се 3.306.309 килограми свинско месо.

– Во 2012 година увезени се 11.658.123 килограми свинско месо, а во 2011 година увозот изнесувал 11.098.742 килограми. Во одобрените кланици лани прегледани и заклани биле 143.874 свињи, од кои е добиено 7.596.016 килограми месо. Во 2011 година прегледани и заклани биле 134.195 свињи, од кои е произведено 6.991.379 килограми месо – велат во Агенцијата. Од таму објаснуваат дека како резултат на зголемената финансиска поддршка на сточарскиот сектор изминативе години, но и според официјалните податоци за бројот на заклани свињи во изминатите две години, евидентен е трендот на зголемување на производството во овој сточарски сектор.

Фармерите и агробизнисмените предупредуваат дека мора да се преземат итни мерки за да се спречи евентуалното пропаѓање на свињарството.

– Ако еднаш се прошири увозот на свежо свинско месо во државава, тешко дека потоа ќе може да се спречи. До пред две години покриеноста на пазарот со свежо месо од домашно производство беше над 80 отсто, а сега е драстично опаднато – велат трговците.

Ако се погледне структурата на храната што ја увезуваме, најголемиот дел, дури една петина, отпаѓа на увозот на месо и на преработки од месо. Според официјалните податоци, земјава секоја година троши околу 100 милиони евра за увоз на месо.

Валентина Ангеловска

Извор: dnevnik.mk

Check Also

„Денови на македонскиот мед 2015“

На улицата „Македонија“ во Скопје денеска ќе биде отворен фестивалот „Денови на македонскиот мед 2015“ …

5 comments

  1. 249493 149532Its good as your other content material : D, appreciate it for posting . 137438

  2. 635936 479213Some genuinely fascinating information , well written and broadly speaking user pleasant. 787915

  3. 818754 983978really good post, i undoubtedly genuinely like this exceptional internet site, carry on it 766980

  4. 946058 54991I enjoy seeking through and I conceive this internet site got some truly valuable stuff on it! . 889435

  5. 484427 933269When I saw this page was like wow. Thanks for putting your effort in publishing this write-up. 261350

Leave a Reply

Your email address will not be published.