Почетна / Градинарство / Македонскиот домат нема „тута апсолута“

Македонскиот домат нема „тута апсолута“

Надлежните негираат дека се вратени 300 тони домати и велат дека се работи само за четири камиони со 82 тона, кои не се вратени поради штетникот.

Македонските домати не го содржат штетникот „тута апсолута“ и здравствено не се штетни за исхрана. Со таков став вчера излезе Државниот инспекторат за земјоделство на прес-конференција во Струмица по завчерашните информации дека од Русија и од Белорусија се вратени 300 тони домати поради присуство на отровен инсект. Надлежните негираат дека се вратени толкави количества домати. Според нив, станува збор за осумдесет и два тона, натоварени во четири камиони. Според Земјоделската инспекција, причината за нивното враќање не е присуството на „тута апсолута“. Но надлежните вчера не дадоа одговор зошто се вратени, кој ќе ги сноси последиците, дали ќе се упати некоја протесна нота до тамошните власти и дали упатиле барање да им објаснат зошто доматите се вратени ако нема присуство на најавениот штетник. 

– Во доматите што се вратени од Русија и од Украина воопшто нема присуство на овој штетник. Проблем е што фитосанитарните служби на Русија воопшто не извршиле анализа на доматите – вели Румен Стаменов, директор на Земјоделскиот инспекторат. 

По враќањето на доматите во земјата, Државниот инспекторат за земјоделство изврши фитосанитарни и здравствени анализи во акредитирани лаборатории во државата, во Универзитетот „Гоце Делчев“ во Штип и во Институтот за јавно здравство.

– Нема присуство на ниеден развоен стадиум во внатрешноста на плодот на доматите од „тута апсолута“. Во пратките кои беа вратени нема сигурен доказ дека се работи за присуство на овој инсект – рече Стаменов.

Тој информира дека досега од Македонија се извезени над 30 милиони килограми домати, натоварени во 1.500 камиони, а од нив се вратени четири камиони и тоа поради тоа што руските и белоруските цариници барале шпедитерите да платат дополнително за извозот. Освен тоа, во последните недели има извоз и за Дубаи каде што со авионски карго-превоз неделно се испорачуваат по 5 тони македонски домати.

Стаменов ги отфрли како неточни информациите дека вратените домати завршиле на домашниот пазар бидејќи хипотетички и да е така, кај нив не е утврдено присуство на отровен инсект.

Земјоделците од струмичкиот регион реагираат на објавените дезинформации и велат дека поради тоа претрпеле многу штета и тоа како тие така и потрошувачите. Целата работа започна пред неколку дена кога некои од медиумите пласираа информација дека околу 300 тони струмички домати се вратени од Русија и од Украина поради присуство на штетниот „тута апсолута“. Според информацијата, македонските фитопатолози пуштиле петнаесетината шлепери со сомнителните домати да ја поминат границата, иако станува збор за карантински штетник кој не смее да се извезува од една до друга земја. 

Сепак, руско-украинските гранични контроли за безбедност на храната ги идентификувале заболените домати и ги издвоиле камионите каде што е проширен штетникот.

Дека штетникот го има на струмичките полиња, познато е уште од април годинава кога земјоделците алармираа и бараа од Владата итно да се регистрираат нови пестициди за негово спречување. Градинарите тогаш предупредува дека ако итно не се преземат конкретни чекори, можно е да биде уништен целиот годинашен род на домати. Велеа дека загубите нема да бидат само на нивниот грб, туку и на државата, која ќе загуби милиони евра девизен прилив од извоз. Македонија минатата година имаше пад на извозот на домати за 12 отсто поради бактеријата ешерихија коли. Годинава со домати се посеани 5.665 хектари, а просечното годишно производство е од 150.000 до 160.000 тони.

Валентина Ангеловска, Сузана Тасева


Извор: http://dnevnik.mk/?ItemID=EFCA29FF23E0974E8A0DBA80E142B6B7

Check Also

Берба на бел корен (пашканат)- Pastinaca sativa

Полната технолошка зрелост  белиот корен ја достигнува  кога ќе заврши со акумулирање на хранливите материи …

3 comments

  1. Excellent post. I used to be checking continuously this blog and I’m inspired! Extremely useful info specifically the last section 🙂 I take care of such information a lot. I was seeking this certain information for a long time. Thanks and best of luck.

  2. I am intrigued to know what site system you’re using? I am experiencing a few minor protection issues with our latest blog regarding Arvind Pandit Kansas so I’d like to find a thing much more secure. Are there any solutions?

  3. Hey, what do you feel concerning new year messages in english? Pretty fascinating topic, isn’t it?

Leave a Reply

Your email address will not be published.