Почетна / Вести Македонија / Македонската храна барана на странските пазари. Извозот лани порасна за 7,3%

Македонската храна барана на странските пазари. Извозот лани порасна за 7,3%

Извозот на овошје и зеленчук пораснал за 10,4% или вредносно гледано за над 18 милиони долари. Кај житото и преработки од жито извозот е поголем за 5,5 милиони долари или за 14%, а за над 3 милиони долари е регистриран раст на извозот на разни производи за храна или процентуално земено вкупно 20,2.

 

Извозот на прехранбени производи во 2013 година порасна за 7,3% на 364 милиони долари. Според податоците на Народната банка, само извозот на овошје и зеленчук пораснал за 10,4% или вредносно гледано за над 18 милиони долари. Кај житото и преработки од жито извозот е поголем за 5,5 милиони долари или за 14%, а за над 3 милиони долари е регистриран раст на извозот на разни производи за храна или процентуално земено вкупно 20,2%.
Тоа значи дека македонските прехранбени производи стануваат се поконкурентни и препознатливи на странските пазари.

Според статистичките податоци на Народната банка вкупниот извоз на храна во 2013 година изнесува 364,6 милиони долари и е за 7,4% повеќе споредено со 2012 година кога биле извезени прехранбени производи во вредност од 339,2 милиони долари.
Минатата година се извезени овошје и зеленчук во вкупна вредност од 193,2 милиони долари и е за нешто повеќе од 18 милиони долари повеќе од претходната година кога е регистриран извоз од 175 милиони долари на свежо овошје и зеленчук.

Голем раст е регистриран и кај житните култури, брашно и пекарски производи, пред се како резултат на мерката за условен увоз на брашно и пченица. Согласно тоа во 2013 година се извезени жито и преработки од жито во вкупна вредност од 67,4 милиони долари или за 14% повеќе споредено со извозот во 2012 година.

За еден милион долари е зголемен извозот на кафе, чај, какао и зачини или процентуално за 7,2 милиони евра на вкупен реализиран извоз од 14,7 милиони долари, а за 8% пораснал лани извозот на шеќер и преработки од шеќер, односно во вредност од 900 илјади долари.
Кај добиточната храна имаме зголемување на извозот за 58%, но вредносно само за 600 евра, што сепак е позитивен податок, со оглед на тоа што Македонија е голем увозник на храна за животно

Намалување на извозот во прехранбената индустрија минатата година е регистриран кај млечните производи за 15% за околу 1,5 милиони долари, на вкупен извоз од 9,5 милиони долари. Потоа кај месната индустрија извозот бележи пад од 5% на вкупно извезени 37,3 милиони долари месо и преработки од месо, додека извозот на живи животни е помал за 37%, но вредносно за нешто над еден милион долари на вкупно извезени 2,3 милиони долари..

Увозот на храна се намалува
Иако вредносно гледано увозот на храна е двојно поголем, сепак за разлика од претходните години забележано е намалување. Според податоците на Народната банка минатата година увозот на производи за храна е зголемен за само 0,1% на вкупно 680,4 милиони долари. Гледано по сектори намалување на увозот минатата година е забележано на добиток за 17% на 2,9 милиони долари, потоа кај жито, брашно и пекарски производи за 16,4% или вредносно гледано за 19,2 милиони долари на вкупно 97,5 милиони долари. За 11,6% е намален увозот на шеќер и преработки.
Поголем увоз на прехранбени производи лани е регистриран кај месната индустрија за 6,1% на вкупно 169 милиони евра, а за 7,7% е зголемен увозот на овошје и зеленчук на вкупно 83,9 милиони долари. Зголемување за 5% има кај млечните производи и јајцата или вкупен регистриран увоз од 58,8 милиони долари и за 20% кај добиточната храна или вредносно за 5,5 милиони долари.

Во 2013 година извозот на вино достигна 50 милиони евра
Во 2013 година Македонија бележи рекорден извоз на вино на странските пазари. Според последните податоци на Министерството за земјоделство вкупно извезената количина на вино во 2013 година изнесува 885.331 хектолитри во вредност од 50 милиони евра. Ова, споредено со просечните вредности на извоз во вино во периодот 2007-2012, лани е за 48% поголема според количина или за 24% во вредност кај вино. Во исто време за 4% е намалена количината на извезено наливно вино, а за 13% е зголемена неговата вредност. Или вкупно земено, за 3% е зголемена количината на вкупно извезено вино и во шишиња и наливно, а за 16% е зголемен девизниот прилив од извозот на истото. Тоа значи дека Македонија станува се попрепознатлива на странските пазари и за разлика од минатото кога извозот на вино се карактеризираше со големи количини наливно по многу пониска цена, а поскромни количини на флаширано брендирано македонско вино, сега тоа е сменето.

Извор: vecer.com.mk

Check Also

„Денови на македонскиот мед 2015“

На улицата „Македонија“ во Скопје денеска ќе биде отворен фестивалот „Денови на македонскиот мед 2015“ …

6 comments

  1. 835695 223842HURRAY! cant balladeer. by virtue of himself by what name highly. 26616

  2. 316006 726715Some actually nice stuff on this internet site , I enjoy it. 880716

  3. 166998 941861Keep up the good paintings! 196336

  4. 281783 723366We dont trust this incredible submit. Nevertheless, I saw it gazed for Digg along with Ive determined you can be appropriate so i ended up being imagining within the completely wrong way. Persist with writing top quality stuff along these lines. 212217

  5. 725878 391659I want to thank you for the superb post!! I undoubtedly liked every bit of it. Ive bookmarked your web web site so I can take a appear at the latest articles you post later on. 531719

  6. 400638 102679baby strollers with high traction rollers ought to be considerably safer to use compared to those with plastic wheels- 489849

Leave a Reply

Your email address will not be published.