Почетна / Вести Македонија / Македонија не се плаши од прогнозите за скапа храна

Македонија не се плаши од прогнозите за скапа храна

Предвидувањето на Организацијата за храна и земјоделство при Обединетите нации, ФАО, дека во следните десет години цената на храната ќе се зголеми од 10 до 40 отсто, го вклучи алармот кај европските држави и предизвика дебата кај стручната јавност.

Според ФАО, времето на евтина храна е зад нас, прехранбените производи ќе продолжат да поскапуваат, а најновите оцени на меѓународните организации не се ниту малку охрабрувачки. Причини за тоа се с` поголемата побарувачка за храна и финансиската криза, а голема улога имаат и климатските промени, кои во најголема мера влијаат врз вкупните приноси. Дека е можно храната да поскапи на долгорочен план, согласни се и македонските експерти и земјоделци. Но, за нив, охрабрувачки е податокот дека во земјава секоја година се зголемува количината на произведена храна. Во прилог на ова оди и последниот податок што доаѓа од нивите, според кој годинава имаме дури 4 тони лебно жито на хектар.

– Предвидувањата на светските организации за храна се многу веројатни. Иако нашата држава нема проверена мерка за заштита на потрошувачите од повисоки цени на храната, фактот што директно финансиски го поддржува земјоделството доволно зборува дека се посветува големо внимание на производството на храна. Се субвенционираат речиси сите култури, а има и начин преку државните и стоковните резерви да се интервенира на пазарот веднаш, ако е тоа потребно – вели професорот Борис Анакиев. На долгорочен план, според него, во аграрот мора да влезат поголеми капитални инвестиции, мора да се окрупни земјоделското производство за повисока продуктивност бидејќи вака, со мали парцели, има многу нерентабилно работење.

– Секоја година треба да се зголемува производството на храна, да се гарантира откупот на тоа што е произведено, земјоделците мора да се чувствуваат сигурни дека она што го произвеле ќе им се исплати. Но мора да се има предвид и дека секоја година се намалуваат површините под храна, како кај нас така и во светот, бидејќи голем дел од земјиштето се пренаменува и од земјоделска станува градежна зона – вели Анакиев.

Во Стопанската комора на Македонија не негираат дека е можно зголемување на цените на храната, но за нив најбитни се понудата и побарувачката.

– Трговијата на храна е според економските принципи, поголема понуда, помали цени и обратно, повисоки цени ако нема понуда. Предвидувањата на светските организации што се занимаваат со храна се должат на низа фактори, пред с` на зголемувањето на населението, на климатските промени, кризата. Но не треба да заборавиме дека производството на храна има сезонски карактер и дека крајниот резултат колку храна ќе има, зависи од временските услови – вели Стојмирка Тасевска, советник во Стопанската комора на Македонија. За нас е најбитно земјоделците да се ориентираат кон зголемување на производството, вели таа.

Од земјоделските здруженија велат дека секоја година им се зголемуваат трошоците за производство, што директно влијае врз крајната цена на храната.

– Енергенти, ѓубрива, семиња. Секоја година имаат с` повисоки цени. Ако продолжи вака, за десет години може да излезе дека предвидувањата на ФАО се многу пониски од реалните поскапувања на храната. Но, од друга страна, со субвенциите и со зголемување на производството на хектар од наша страна до извесна мера се компензираат трошоците. Мислам дека во соработка со науката, можеме да обезбедиме евтина храна – велат во Сојузот на земјоделци на Македонија.

Дискусијата во европската јавност почна пред неколку дена кога двете меѓународни агенции ФАО и ОЕЦД предупредија дека сегашните земјоделски стапки на раст се премногу ниски за да се спречи цените на храната драстично да се зголемат на среден и долг рок. Според нив, глобалната побарувачка за храна најверојатно ќе ги зголеми цените за 10-40 отсто во текот на следната деценија. Според нивните студии, владите треба да најдат начин да им се даде на земјоделците пристап до повисока технологија, да се зголеми производството и да добиете повеќе количински од културите што се одгледуваат на пазарот.

– Ние ги набљудуваме производството и продуктивноста, а загрижувачко е тоа што има драстично намалување – изјави економист на ФАО, Мерит Kлиф. Директорот на трговија на ОЕЦД и земјоделство, Kен Еш, додаде дека цената на месо ќе се зголеми побрзо отколку цената на зрнестата храна.

– Ние ќе ги поттикнуваме владите во светот да почнат да го менуваат начинот на производство и да се фокусираат на иновациите – вели Еш.

Според европските експерти, една од главните пречки во креирањето на новиот буџет на ЕУ што ќе биде донесен во 2014 година е токму аграрниот буџет. Kлиматските промени, екстремни температурни разлики, ќе придонесат за шокови кои во некои делови од светот драстично ќе го намалат производството на храна. Од друга страна, очекувано е цените на храната да бидат управувани и од растот на населението, посилна поврзаност помеѓу земјоделството и енергетските пазари, посебно зголемувањето на производство на биогорива.

Според ФАО, иако високите цени на храната имаат тенденција да ги влошат сиромаштијата, несигурноста за храна и неисхранетоста, тие претставуваат и можност да се применуваат нови технологии во производството на храна кои може да ја зголемат отпорноста на растенијата кон климатските промени, па така да го зголемат производството на храната.

Валентина Ангеловска

Kина и Индија ја сменија трпезата

Некои од експертите нагласуваат дека светските цени на храната се под голем притисок на променетата структура на исхраната, до која дојде во најнаселените земји, како Kина и Индија.

– Поради растот на стандардот, тамошните потрошувачи сакаат повеќе месо, млеко и јајца. Тоа автоматски значи помалку житни производи – велат експерти од Србија.

 

Дури 60 отсто од приходите одат за храна

Според извештајот на ФАО и ОЕЦД, најголемо зголемувања на цените на храната ќе има во земјите во развој, каде што некои семејства биле принудени да потрошат и до 60 отсто од своите приходи за храна. Месото, млекото и јајцата се први на удар за поскапување. Според извештаите на експертите, производството на свинско месо ќе опаѓа во следниот период, и тоа за речиси 2 проценти годишно поради високите цени на сточната храна. Слична е состојбата и во живинарството. Kај пченицата ќе се зголемува производството и цената ќе зависи од берзата на храна.

Извор: dnevnik.mk

Check Also

„Денови на македонскиот мед 2015“

На улицата „Македонија“ во Скопје денеска ќе биде отворен фестивалот „Денови на македонскиот мед 2015“ …

7 comments

  1. 886143 184325Merely wanna input that you have a really good internet site , I really like the pattern it truly stands out. 796243

  2. 316965 260982Billiard is really a game which is mostly played by the high class individuals 771096

  3. 198763 78709Good day! Do you know if they make any plugins to protect against hackers? Im kinda paranoid about losing everything Ive worked hard on. Any ideas? 408227

  4. 578299 154376Woh I enjoy your content material , saved to favorites ! . 427699

  5. 154196 577256Ill appropriate away grasp your rss feed as I cant in finding your e-mail subscription hyperlink or e-newsletter service. Do youve any? Please let me understand so that I might subscribe. Thanks. 85015

  6. 799484 430260This web internet site is often a walk-through for all with the understanding you wanted concerning this and didnt know who should. Glimpse here, and you will totally discover it. 378649

  7. 498252 417539Glad to be one of numerous visitants on this awing internet web site : D. 273294

Leave a Reply

Your email address will not be published.