Почетна / Вести Македонија / Македонија единствена држава што поддржува тутунопроизводство со субвенции од едно евро

Македонија единствена држава што поддржува тутунопроизводство со субвенции од едно евро

Годинава се очекува поголемо производство и откуп до 30 000 тони тутун. Има стабилен откуп, редовна исплата на субвенции, а минатата недела беа префрлени 1, 2 милијарди денари субвенции на над 27 илјади земјоделци.

Македонија е единствената држава каде интензивно се подржува тутунот со субвенции од едно евро за килограм тутун и еднинствено оваа култура се уредува со прецизен законот за тутун и тутунски производи. Според анализата на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, во Турција нема, а во Бугарија и Грција субвенции за производство на ориентален тутун последен пат се исплатени во 2009 година. Ниту едни конвенции нити иницијативи од страна на здравствените светски институции до сега не се закана за намалување на површините со тутун. Според експертите развојот на оваа насока оди во правилна насока. Велат дека за разлика од порано кога државата го субвенционираше тутунот со само 15 денари за килограм предаден тутун , во последните неколку години власта стана свесна за важноста на оваа гранка која обезбедува егзистенција на многу македонски фамилии и го субвенционира тутунот со 60 денари за килограм.
-Тоа е добро и затоа се зголемува производството на тутун . Голем број од населението покрај со основната дејност или работа се занимаваат и со производството на тутун, за да го зголеми својот мал семеен буџет и да ја обезбеди својата егзистенција. Поголем дел од населението што се занимава со земјоделие, покрај со производство на други култури, се занимава и со одледување на тутун, велат експертите за тутунопроизводство кои ги консултираше Вечер.
Според податоците од Министерството за земјоделство, лани беа откупени 27 00 тони тутун, а оваа реколта се склучени 42 000 договори со домашните тутунари. Надлежните очекуваат годинава поголемо производство на тутун,со откуп до 30 000 тони тутун. Има стабилен откуп, редовна исплата на субвенции кои Министерството за финансии минатата недела исплати 1, 2 милијарди денари субвенции за реколтата 2013 на над 27 илјади земјоделци . Исплатени се субвенции на тутунарите кои предале тутун во десетте регистрирани откупни претпријатија. Со редовна исплата на субвенциите за земјоделците останува доследна во поддршката на земјоделството како една од носечките гранки на македонското стопанство, велат од министеството за финании.

Димовски: Електронска евиденција во тутунопроизводството за помалку малверзации
Досега се откупени се 27,5 милиони килограми тутун или преку 80 отсто од договорените 32 милиона килограми. Просечната цена достигна 154,65 денари за килограм. Според министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Димовски, 209 производители поднеле барања за дополнителна проценка на три тони тутун преку Второстепената комисија, но од нив, над 50% добиле иста, дури и полоша оценка за квалитетот.
Според него, годинава откупот е значително поинтензивен, но цената е пониска.
– Никогаш не сме имале ваква динамика на откуп. Од 17 декември кога почна целиот процес, до денеска, 24 февруари, преземени се речиси 85 проценти од договорените количини. Сега целта е за што пократко време да се откупат преостанатите договорени количини, а потоа и дополнителните 10 до 15 отсто вишок производство, истакна Димовски.
Лани, додаде, откупната цена изнесуваше 182 денара за килограм, а годинава е 15 отсто пониска зашто квалитетот е полош пред се поради лошите временски услови, енормните врнежи и високите температури кои резултираа со појава на болести. Со цел поефикасни контроли, планирано е воведување електронска евиденција на површините.
-Преку електронскиот систем ќе бидеме поврзани со откупувачите и ќе имаме целосен увид особено во склучените договори со тутунарите. Ќе се удвои контролата на белите картони што ги издаваат подрачните единици, ќе се спречи нелегалното, непријавено производство на тутун и ќе се намали продукцијата на недоговорена количина ориентален тутун, смета Димовски.

Извор: vecer.com.mk

Check Also

„Денови на македонскиот мед 2015“

На улицата „Македонија“ во Скопје денеска ќе биде отворен фестивалот „Денови на македонскиот мед 2015“ …

5 comments

  1. 771834 44620I want to thank you for the exceptional post!! I definitely liked every bit of it. Ive bookmarked your web internet site so I can take a appear at the latest articles you post later on. 302794

  2. 41819 567815I like what you guys are up too. Such smart function and reporting! Carry on the superb works guys Ive incorporated you guys to my blogroll. I think it will improve the value of my website 697537

  3. 884145 132452This really is genuinely intriguing, You are a quite skilled blogger. Ive joined your rss feed and look forward to seeking more of your magnificent post. Also, Ive shared your internet website in my social networks! 310701

  4. 580319 296816educator, Sue. Although Sue had a list of discharge instructions in her hand, she paused and 161401

  5. 804443 814645Wow! This can be 1 certain with the most beneficial blogs We have ever arrive across on this topic. Actually Great. Im also an expert in this subject so I can recognize your hard work. 111052

Leave a Reply

Your email address will not be published.