Почетна / Вести Македонија / Македонците не изедоа ниту килограм оловна пченица

Македонците не изедоа ниту килограм оловна пченица

Во февруари биле стопирани пратки на три македонски фирми со 536 тони српска пченица, чија суперанализа покажала зголемено присуство на олово.

Скопски „Жито лукс“,„Аде-Опае“ од Липково и „Душан Млин“ од кумановско Скачковце се трите фирми што неодамна се изгореле со увозот на пченица од Србија „збогатена“ со олово. „Дневник“ ексклузивно дојде до информација од Министерството за земјоделство, во која стои дека овие три фирми на средината од февруари годинава увезле 536 тони пченица од северниот сосед, чија суперанализа покажала зголемено присуство на овој тежок метал. Ги контактиравме дел од фирмите-увозници, кои смируваат дека ниту килограм од оваа пченица и брашно не завршиле во малопродажба. Тие се категорични дека целата токсична количина е вратена назад кај извозникот.

– Првата пратка е од увозникот „Жито лукс“ – Скопје, во количина од 99.720 килограми, испитана е на 21 февруари годинава и со суперанализа е потврдено присуство на олово, кое е потврдено и во втората пратка од истиот увозник, во количина од 358.680 килограми на 7 март. Третата пратка била на увозникот „Аде-Опае“ ДОО Липково, во количина од 53.060 килограми, а последната ја увезол „Душан Млин ДООЕЛ“ од село Скачковце, во количина од 25.020 килограми, испитана и потврдена на 4 март. Инаку, речиси секој ден има увоз на пченица или на брашно од Република Србија – велат во Министерството за земјоделство.

Оттаму посочуваат дека само четирите пратки се прогласени како небезбедни за исхрана на луѓе врз основа на лабораториски испитувања, при што е потврдено зголемено присуство на олово, а останатата српска пченица на пазарот е безбедна.

Увозниците се децидни дека ниту грам од токсичната пченица не завршила на домашните трпези.

– Целата количина кај која е потврдено присуството на олово е вратена кај извозникот во матичната држава. Граѓаните можат да бидат спокојни бидејќи нашите производи се здрави и безбедни – велат во „Жито лукс“.

Во Агенцијата за храна и ветеринарство велат дека и во иднина ќе продолжат со ригорозни контроли при увоз на пченица, со задолжително вршење лабораториски анализи за секоја увезена пратка.

Србија завчера обвини дека Македонија го бојкотира увозот на брашно и на пченица и со тоа го прекршува договорот со ЦЕФТА. Според српските медиуми, нивната индустрија на брашно по оваа основа бележи загуба од 3 милиони евра годишно. Тамошните медиуми коментираа дека уште полошо е што овој своевиден бојкот опфаќа голем број производи од Србија. По ова следуваше реакција од нашите институции кои тврдат дека нема одлука за стопирање на увозот на српското брашно и пченица, туку се прават контроли за да се проверат стандардите за веродостојност на податоци кои се дадени во документот што го следи производот.

Македонските мелничари, уште кога излезе информацијата дека во увезената српска пченица првичните контроли покажале зголемено присуство на тешки метали, побараа да се испита и српското брашно. Според нив, ако тешките метали се присутни во пченицата, тогаш затруено е и увезеното брашно од Србија.

Во државава нема сомнително брашно

Министерството за земјоделство ја известува јавноста дека во Македонија не се произведува сомнително брашно.

– Сите пратки при увоз, преку детаљни анализи, се проверуваат постојано, а производителите имаат забрана за користење на увозната пченица без потврда, дека истата е проверена и исправна, од страна на акредитираните лаборатории при Агенцијата за храна и ветеринарство и Земјоделскиот инспекторат при Министерството за земјоделство. Оваа практика е воспоставена и се применува под постојан инспекциски надзор, а се почитува од страна на увозниците. Дополнително, големите увозници што имаат свои лаборатории постојано вршат анализи за контрола на увезените количини и сами реагираат на неправилности, односно ги враќаат сомнителните количини пченица – велат во ресорното министерство.

Валентина Ангеловска, Александра Филиповска

Извор: dnevnik.mk

Check Also

„Денови на македонскиот мед 2015“

На улицата „Македонија“ во Скопје денеска ќе биде отворен фестивалот „Денови на македонскиот мед 2015“ …

7 comments

  1. 733721 706369Some truly great content material on this internet internet site , appreciate it for contribution. 353221

  2. 78627 443237hi good page i will definaely come back and see once again. 624363

  3. 52158 225399Normally the New york Weight Loss diet is definitely less expensive and flexible staying on your diet scheme intended for measures nevertheless fast then duty keep a nutritious everyday life. weight loss 323780

  4. 263641 143088I want going to comment as this posts a bit old now, but just wanted to say thanks. 102212

  5. 933497 573949Oh my goodness! an exceptional post dude. Numerous thanks Nonetheless We are experiencing dilemma with ur rss . Dont know why Not able to sign up to it. Could there be anybody finding identical rss dilemma? Anyone who knows kindly respond. Thnkx 303283

  6. 641393 408207There will probably be several totally different portions about the LA Weight reduction eating plan and one is truly crucial. Begin stage is your truly truly of these extra load. weight loss 389168

  7. 424516 878293Water-resistant our wales in advance of when numerous planking. The particular wales surely are a selection of heavy duty snowboards that this height ones would be exactly the same in principle as a new shell planking having said that with much far more height to help you thrust outward in the evening planking. planking 14760

Leave a Reply

Your email address will not be published.