Почетна / Лозарство и овоштарство / Македонското вино во Холандија и Полска

Македонското вино во Холандија и Полска

Единаесет македонски винарии, организирани преку здружението Вина од Македонија”, од 21 до 24 овој месец ќе ги промовираат своите вина во Хаг и во Варшава.

Пред холандските и полските познавачи на виното и голем број увозници и дистрибутери, своите вина ќе ги презентираат Тиквеш, Стоби, Сковин, Далвина, Бовин, Попов, Дудин, Камник, Езимит, Попова Кула и Филовски.

Станува збор за активности што имаат за цел пробивање на македонското вино на пазарите во Европската унија, според маркетинг-стратегијата за извоз на вино во ЕУ што ја изработија винарниците. Со оваа стратегија, Холандија, Полска, Словенија и Швајцарија се оценети како најперспективни пазари за македонското вино.

Промоциите се поддржани од холандската Агенција за промоција на извозот – ЦБИ. Во организацијата на промотивните настани се вклучени и македонските амбасади во двете земји, како и Агенцијата за странски инвестиции и промоција на извозот преку своите економски промотери.

Од здружението Вина од Македонија” истакнуваат дека ова претставува продолжување на низата промотивни настани што ги организирале во текот на годината со поддршка на странски донатори – ЦБИ и УСАИД. Меѓу градовите каде беше презентирано македонското вино се Хелсинки, Чикаго, Вашингтон и Њујорк. Како резултат на промоцијата на македонското вино во Кина, седум македонски винарии склучија договор за извоз.

Извор: http://vecer.com.mk/?ItemID=B5C7991DDC202D4F93542C305DD6EF9C

Check Also

Актинидија (киви)- Actinidia chinensis

Актинидијата потекнува од Кина од долините на реката Јанг це Кјан. Таа е дводомно растение, …