Почетна / Агроекономија и агробизнис / Кисела Вода конечно ќе добие зелено пазарче

Кисела Вода конечно ќе добие зелено пазарче

Пазарот ќе се простира на површина од 250 метри квадратни и ќе бидат поставени околу 40 тезги со настрешница. За неговата изградба Кисела Вода ќе одвои околу 4 милиони денари, а се очекува да биде готов за два месеци

Иако најстара од скопските општини и втора по бројот на жители, во Кисела Вода се уште нема зелено пазарче. Место каде што најмногу се пазарува сезонско овошје и зеленчук и каде жителите ги набавуваат свежите продукти во Кисела Вода нема, па тие тоа мораат го чинат од малите диви пазарчиња на тротоарите или од камионите. Граѓаните раскажуваат дека ако сакаат да заштедат некој денар, мораат да пазарат од производите кои се нудат од улица или паркинг.
– Ако не купиме од продавачите кои нудат од своите камиони или на тротоарите, мора да одиме дури до Зелен пазар во Центар или до другите блиски пазарчиња. Со години чекаме да ни се отвори еден централен пазар како што имаат сите населби. Овие импровизирани мали пазарчиња кои на диво работат ќе можат да се соберат на едно место и нормално, од тезга да ги продаваат своите производи. Зелениот пазар би им дал вистински услови на продавачите, а воедно и ќе го подобри нивото на хигиена на храната која сега се продава, ни одговори Велко Стојановски, постар жител од оваа населба.

Кисела Вода по повеќе од 50 години, конечно, ќе добие зелено пазарче. Минатата недела, општината склучи договор со градежната компанија “Бортас” од Скопје која беше избрана да го гради објектот. Пазарот ќе биде лоциран на улицата “Франк – Харкорд Манинг” и ќе зафати околу 250 метри квадратни, а се очекува да биде готов за околу два месеци. Општината за оваа намена од својот буџет издвои околу 4 милиони денари. Оттаму велат дека подолго време планирале да го реализираат овој проект и конечно ќе можат да одговорат на барањата на граѓаните.
– На улицата “Франк Харкорд Манинг” во населбата Кисела Вода за два месеци ќе никне нов зелен пазар. Тој ќе се простира на површина од околу 250 метри квадратни, каде ќе бидат поставени 40 тезги со настрешница за продажба на земјоделски производи. Во рамките на пазарот ќе има неколку чешми за вода и тоалети, а ќе биде обезбеден и пристап за возилата кои ќе ги доставуваат производите. Одржувањето на пазарот ќе биде во надлежност на ЈКП “Комуналец” – Кисела Вода.

Во изминатиот период на оваа локација егзистираа неколку тезги за продажба на земјоделски производи, кои никако не можеа да ги задоволат барањата на жителите на Кисела Вода за земјоделски производи. Со изградбата на овој прв зелен пазар од страна на општината, конечно ќе се исполнат барањата на жителите на населбата Кисела Вода за изградба на зелен пазар, соопштуваат од општината.

Со ова од Кисела Вода очекуваат да го решат проблемот со големиот број диви продавачи кои го запоседнуваа слободниот простор кај салата Расадник, како и на други места во оваа населба. Сега тие ќе бидат сместени на едно место и своите производи наместо од наредените кутии или камиони ќе ги нудат од тезга.

Извор: http://vecer.com.mk/?ItemID=D66BC5CBE315C2468D36D134AD5F32FC

Check Also

АгриМК на Агробизнис форум 2012

AIESEC Скопје во соработка со Факултетот за земјоделски науки и храна по вторпат организира тридневен …

5 comments

  1. 249320 54119Hosting a blog composing facility (in a broad sense) requires unlimited space. So I suggest you to discover such web hosting (internet space provider) that offer flexibility inside your internet space. 505303

  2. 943040 485397The Case For HIIT Cardio – Why You should Concider it By the way you might want to look at this cool website I found 227108

  3. 261215 375758I discovered your weblog website on google and verify a few of your early posts. Continue to preserve up the superb operate. I merely extra up your RSS feed to my MSN News Reader. Looking for forward to reading extra from you in a whilst! 527483

  4. 541124 3905Good day! This is my first visit to your blog! We are a collection of volunteers and starting a new initiative in a community in the same niche. Your blog provided us useful information to work on. You have done a marvellous job! 387242

  5. 620813 324099I genuinely enjoy looking at on this web site , it has great content material . 193141

Leave a Reply

Your email address will not be published.