Почетна / Вести Македонија / Ќе се зголемува производството на пченка во Пелагонија и Полог

Ќе се зголемува производството на пченка во Пелагонија и Полог

Производство на 15-17 тони пченка по хектар наспроти досегашниот просек од 5 тони во Полошкиот и Пелагонискиот регион преку системот за наводнување капка по капкаа е целта на четиригодишен УСАИД проект за чија реализација беше потпишан договор со Агенцијата за поттикнување на развојот на земјоделството (АПРЗ) со седиште во Битола.

Како што рече директорот на АПРЗ Јордан Кузмановски, проектот за експанзија на малите бизниси ќе даде значителен придонес во развојот на македонското земјоделство воопшто.
– Ги охрабруваме земјоделците со стекнување на знаењата од овој проект да го зголемат квалитетот и квантитетот на своите приноси. Планираните активности најпрво ќе се реализираат во Полошкиот и Пелагонискиот регион за што се пријавени 44 одгледувачи на пченка, а наскоро со нив ќе бидат опфатени и другите региони во државата – посочи Кузмановски по потпишувањето на Договорот.
Проектот на УСАИД ќе ја поддржи советничката мрежа на Агенцијата за промоција на добрите земјоделски практики, вклучувајќи ги и модерните постапки, како и соодветната употреба на регистрираните агрохемикалии преку тренинзи и теренски надзор.
– Во ситуација кога климатските промени се поинтензивни, постоењето систем капка по капкаа за одгледување пченка ќе биде неопходен за да се задржи и зголеми производството и приносот на пченка. Советниците на АПРЗ ќе ни помогнат на терен да работиме со поголем број фармери, интензивно, за да го добиеме посакуваниот резултат, производство на 15-17 тони пченка по хектар, наспроти досегашниот просек од 5 тони – истакна Мирјана Македонска, заменик директор на проектот.
Примената на системот капка по капкаа за производство на пченка е ефикасен и економичен метод чија инвестиција се враќа брзо бидејќи приносите ќе се зголемат двојно. Воедно, земјоделците ќе можат и самоиницијативно да инвестираат.

Извор: vecer.com.mk

Check Also

„Денови на македонскиот мед 2015“

На улицата „Македонија“ во Скопје денеска ќе биде отворен фестивалот „Денови на македонскиот мед 2015“ …

7 comments

  1. 89320 23549hey there, your site is cheap. We do thank you for work 28382

  2. 100195 978820Some truly amazing content material on this web internet site , thankyou for contribution. 886676

  3. 399657 904189I like this website quite a lot, Its a quite nice position to read and receive information . 347387

  4. 891161 938655Music began playing anytime I opened this web site, so irritating! 173943

  5. 390992 30683Some genuinely fantastic info , Gladiola I detected this. 788354

  6. 803683 363502You need to take part in a contest for among the very best blogs on the internet. I will suggest this internet web site! 517796

  7. 849102 688TeenVogue? Seeking for fashion advice, celebrity buzz or beauty trends? Discover it all in Teen Vogue 905798

Leave a Reply

Your email address will not be published.