Почетна / Вести Македонија / Ќе се гради центар за откуп и дистрибуција на земјоделски производи

Ќе се гради центар за откуп и дистрибуција на земјоделски производи

Создадени се сите предуслови за изградба на нов откупно-дистрибутивен центар за земјоделски производи во Битола.

Како што соопшти градоначалникот Владимир Талески, центарот со површина од 4 хектари, ќе биде лоциран на локација што ја бараа земјоделците. Со овој проект, рече министерот за земјоделство, Љупчо Димовски, уште еднаш се потврдува добрата соработка меѓу Владата и локалната самоуправа.
– Целокупното земјоделско производство од Пелагонија ќе се откупува токму на оваа локација – истакна Димовски кој присуствуваше на промотивниот настан.
Според министерот за транспорт и врски Миле Јанакиески, голем е интересот за инвестирање во вакви проекти поради што во функција се става државното градежно земјиште. Комитетот за градежна експанзија овозможи да се создадат потребните услови за непречено вложување и изградба на центри за откуп и дистрибуција на земјоделски производи во целата држава.
– Утврдивме повеќе од 30 локации на кои може да се градат откупно-дистрибутивни центри за земјоделски производи. Поголем дел се веќе откупени, дел од нив веќе се градат, а очекуваме тоа да се случи и во Битола. На овој начин ќеима поголем извоз на земјоделски производи – истакна Јанакиески.
Градоначалникот Талески потврди дека домашни и странски компании веќе покажале интерес за изградба на центарот.

Извор: vecer.com.mk

Check Also

„Денови на македонскиот мед 2015“

На улицата „Македонија“ во Скопје денеска ќе биде отворен фестивалот „Денови на македонскиот мед 2015“ …

3 comments

  1. 903872 137441I was examining some of your content on this internet site and I believe this internet site is rattling instructive! Maintain putting up. 40594

  2. 530614 940095Thanks for the info. And a response from you. car dealers hips san jose 723847

  3. 337969 153003Very educating story, saved your website for hopes to read more! 656216

Leave a Reply

Your email address will not be published.