Почетна / Вести Свет / Јаболката, јагодите и грозјето “напумпани” со пестициди

Јаболката, јагодите и грозјето “напумпани” со пестициди

Јаболката, јагодите, грозјето, целерот, праските, спанаќот, пиперките, краставиците, шери доматите, компирите, нектарините и грашокот се најзагадените намирници со пестициди, покажува најновата листа на американската непрофитна организација Работна група за животна средина” (ЕWG).

 

Од анализираните 48 производи, 67 отсто и по миењето содржеле пестициди. Сепак, според ЕWG, ова не значи дека треба да се исклучат од исхраната зашто бенефитот од нив далеку го надминува ризикот од влијанието на пестицидите.
– Со години не убедуваа дека во пестицидите нема ништо лошо се додека некои од нив не беа забранети, вели Соња Ландер од ЕWG.

Како што стои во извештајот на ЕWG, сите тестирани нектарини и 99 проценти од јаболката биле позитивни на барем една пестицидна резидуа, само еден примерок од грозјето содржело 15 пестициди, додека целерот, шери доматите, раниот грашок и јагодите имале по 13 различни пестициди.

Годинава истражувањата опфатиле и ниво на пестициди во лиснатиот зеленчук како кељот и раштанот, и кај лутите пиперчиња. Откриено е дека некои од нив содржат остатоци од органофосфатни и карбаматни инсектициди кои, според експертите, се исклучително токсични.
Позитивно во годинашната анализа на ЕWG е што само еден процент од авокадото има пестициди. На листата Чисти 15″ само 5,5 отсто содржат два или повеќе пестициди, а ниту еден нема повеќе од четири.

Како што велат експертите, за отстранување на пестицидите е доволно намирниците да се измијат со ладна вода.

Истражувањата покажуваат дека пестицидите предизвикуваат проблеми кај децата, нарушувања на ендокриниот систем, ендометриоза, Алцхајмерова и Паркинсова болест. Голем дел се и канцерогени.

Најновите истражувања на Европската агенција за безбедност на храната спроведени во 27 земји-членки на ЕУ, од анализирани 77.000 примероци и 500 различни видови храна, покажуваат дека 1,6 отсто од вкупниот број се пронајдени повеќе од максимално дозволените концентрации пестицидни остатоци. Најзагадени” биле житарките, посебно овесот, и зелената салата.

Извор: vecer.com.mk

Check Also

Пченицата поскапе во Бугарија, ние увезуваме српска по стара цена

Цената на пченицата во Бугарија последниве десетина дена расте и е повисока за 4,6 отсто. …

5 comments

  1. 196841 122842Hello! Someone in my Facebook group shared this internet site with us so I came to look it more than. Im undoubtedly enjoying the data. Im book-marking and will be tweeting this to my followers! Outstanding blog and superb style and design. 937187

  2. 710108 844212Hello. remarkable job. I did not expect this. This is a remarkable story. Thanks! You made certain fine points there. I did a search on the subject matter and identified the majority of folks will have exactly the same opinion with your blog. 418518

  3. 166892 989881Youve made various nice points there. I did specific search terms about the matter and found mainly individuals will believe your site 76636

  4. 231174 952777Aw, this became an incredibly good post. In thought I would like to devote writing such as this moreover – taking time and actual effort to make a extremely excellent article but exactly what do I say I procrastinate alot and by no indicates find a strategy to get something completed. 564391

  5. 394480 894911hello admin, your website pages pattern is simple and clean and i like it. Your articles are wonderful. Remember to maintain up the great function. Greets.. 522638

Leave a Reply

Your email address will not be published.