Почетна / Вести Македонија / Италијанците воодушевени од дебарското сирење

Италијанците воодушевени од дебарското сирење

Познатото дебарско сирење, како што од секогаш се нарекувало без оглед дали е произведено во Дебар, Центар Жупа или подрачјето на Река, доби високи оценки за квалитет на саемот на млечни производи одржан во Италија.

 

Според дебарскиот сточар Скендер Аме, на саемот дадени се високи оценки не само за квалитетот туку и за традиционалниот начин на производство на белото сирење.

– Учествувавме на меѓународниот саем на млечни производи одржан во близина на италијанскиот град Торино. Бевме тројца сточари од Македонија, јас и уште по еден од Галичник и од Лазарополе. Нашето сирење не беше во категоријата производи што се продаваа, туку учеството го искористивме достојно да го презентираме нашето македонско сирење – вели Аме.

Според него, постигнат е голем успех зашто сирењето од Македонија го привлекло вниманието на посетителите, а високи оценки добило и од експертите.

– На голем број посетители на саемот, Италијанци, многу им се допадна нашето сирење. За жал, бидејќи не сме членка на ЕУ, не можеме да го пласираме сирењето на тој пазар. Но, без оглед на тоа, радува фактот што интересот кај европските трговци за нашето сирење е огромен – додава Аме.

За да се учествува на овој саем, претходно се прават многубројни анализи од домашни и од странски експерти за чистотата на сирењето. Анализите, според Аме, потврдиле дека дебарското сирење ги исполнува сите услови за да може да биде присутно на европскиот пазар.

Здружението на дебарските сточари „Дешат“ на работилницата одржана во организација на Центарот за развој на југозападниот регион официјално побараа дебарското сирење да биде брендирано зашто тоа ги исполнува сите услови за да добие трговска маркичка.

– Сточарите од нашиот крај се познати по традиционалната подготовка на белото сирење. За жал, можно е да се злоупотреби од трговци од други делови на Македонија и затоа бараме сирењето на биде дебарски бренд – велат сточарите.

Поширокиот дебарски регион располага со богати и сочни пасишта, на кои се напасуваат над 35 илјади грла ситен добиток и годишно произведуваат по 350 тони сирење. Она што посебно треба да се нагласи е фактот што во овој регион е искоренета болеста бруцелоза.

Извор:dnevnik.mk

Check Also

„Денови на македонскиот мед 2015“

На улицата „Македонија“ во Скопје денеска ќе биде отворен фестивалот „Денови на македонскиот мед 2015“ …

7 comments

  1. 536898 35591Its wonderful as your other articles : D, appreciate it for putting up. 718264

  2. 160505 322516Outstanding post, I believe blog owners really should larn a great deal from this blog its actually user genial . 763789

  3. 623582 431332I think other website proprietors ought to take this web site as an model, really clean and superb user genial style . 20409

  4. 305550 541250I undoubtedly did not realize that. Learnt something new today! Thanks for that. 475339

  5. 883203 435165Thanks for the write up! Also, just a heads up, your RSS feeds arent working. Could you take a look at that? 698239

  6. 789724 616616How significantly of an significant content material, keep on penning significant other 195847

  7. 399264 687652Several thanks for the amazing post C Id enjoyable reading it! That i adore this weblog. 973867

Leave a Reply

Your email address will not be published.