Почетна / Вести Македонија / Италијанците лижат прсти со полжавчето from Macedonia

Италијанците лижат прсти со полжавчето from Macedonia

До пред некоја година беа само пет, но откако влегоа странски инвестиции, добрата откупна цена и сигурниот пласман, многу придонесоа бројот на фармите да се зголеми. Ги има во Штипско, Овчеполието, Кочанско и други реони. Една од фирмите-пионери во полжавскиот бизнис е “Агро-линк” од општина Чашка, која преклани направи извоз од 40 до 50 тони и тоа најмногу на италијанскиот пазар, но и во Франциј.

Преработени полжави од Србија завршуваат на македонските трпези. Од Стопанската комора на Србија не прецизираат колкави количини се извезени во Македонија, но истакнуваат дека преклани од вкупно 277 тони полжави добиени од размножување, најголем процент завршиле во нашата земја, а помал дел е продаден во Италија и во Босна и Херцеговина.

Квотите за увоз и извоз на полжави во Србија со години се движи околу 1.200 тони, но по криумчарски патишта од земјата се изнесуваат многу поголеми количини. Најголем број од прекупците полжавите ги набавуваат од луѓе кои останале без работи и во ова гледаат извор на егзистенција. Тие на прекупците килограм полжави им ги продаваат по 30 динари, а извозниците пак, во зависност од степенот на обработка на месото во Европската унија за истата количина добиваат најмалку четири евра.

Во ЕУ изловот на полжави во природа е забранет, додека во Србија и кај нас не е. Многу фарми за размножување на полжави се основани само фиктивно за да им служат како покритие на прекупците. Но, и покрај тоа, од извоз на полжави од фарми легално во Србија се заработени 1,4 милиони долари.

Агро-линк извезе 50 тони полжави
Во Македонија постојат околу 15-ина фарми кои размножуваат полжави. До пред некоја година беа само пет, но откако влегоа странски инвестиции, добрата откупна цена и сигурниот пласман, многу придонесоа бројот на фармите да се зголеми. Ги има во Штипско, Овчеполието, Кочанско и други реони. Една од фирмите-пионери во полжавскиот бизнис е “Агро-линк” од општина Чашка која со работа започна пред 8 години. Нејзиниот сопственик Тоше Ѓорѓиев вели дека овој бизнис е многу доходовен ако се има сигурен пласман. Од неговата фарма во Чашка која е идеално место за одгледување на полжави е направен извоз од 40 до 50 тони и тоа најмногу на италијанскиот пазар, но и во Франција.
– Посебните видови на полжави кои се чуваат во овие фарми се: Helix Pomatia и Helix Aspresa, познати под псевдонимите “лозов полжав” и “син полжав”. Во моментов се повеќе се зголемуваат површините со шарениот полжав Helix Aspersa. Последниве 3 години преку нашата фирма, новоотворените фарми беа снабдени со сите потребни материјали и на крај од сезоната на истите им го откупивме целокупното производство на шарен полжав и го испорачавме на нашите партнери во Италија. По две години подоцна, во 2007-ма започнавме со адаптирање на постоечки објект за производство на печурки. Имаме формирано здружение на одгледувачи на полжави и одгледувачи на печурки. Со сите тие фармери, заедно, го остваруваме извозот на полжави во Италија. Производството на нашата фарма е најголемо – 30%, додека остатокот е збир од останатите фармери, велат од “Агро-линк”.

Стручњаците тврдат дека одгледувањето на полжави може да биде многу доходовен бизнис, но предупредуваат дека за одгледување на овој мекотел е потребно да се исполнат одредени услови. За одгледување на полжави на 20 ари, според нивна оценка, одгледувачите ќе мораат да имаат три пати поголема површина за исхрана, да ги прифатат големите трошоци и фактот дека полжавите можат да се продаваат по берзанска цена, односно државата нема да ја гарантира заработката.

Полжавите се најбројната класа на мекотелци и ги има околу 45.000 видови, од кои околу 30.000 видови се од современите видови, а 15.000 се изумрени. Денес се присутни во скоро сите типови живеалишта и екосистеми. Полжавите како храна за месојадните организми се важна алка во синџирот на исхрана. Се користат и во исхраната на луѓето. Многумина земјоделци ги сметаат полжавите за штеточини бидејќи се хранат со градинарските растенија. Во нашите краишта најмногу ги има после дожд и тогаш во акција тргнуваат собирачите кои од нивната продажба можат да заработат и цела просечна плата.

Финансиската поддршка за фармерско производство на полжави изнесува 90.000 денари по хектар и е за минимум 0,2 хектари. Субвенциите од Владата за нив се уште еден стимул за во иднина производството на полжави да се зголеми и од нив да егзистираат повеќе семејства.

Вносен бизнис
Одгледувањето полжави не е напорна работа. Во првата година од одгледувањето само се вложува, а добивка се остварува во втората, односно по првата берба. Реална слика на бизнисот се добива по третата година, кога се остваруваат приходи со минимални вложувања. Од фарма во втората година може да се очекува принос од околу 17 тони полжави и ако тоа се помножи по 4 евра за килограм се остварува приход од 70.000 евра. За да се постигне конзумна големина од 14 грама, на полжавот во природа му се потребни 3-4 години. На фармата тој период изнесува 1 година, а месото на одгледувани полжави е помеко и повкусно. Цената на одгледуван полжав на пазарот изнесува 3-4 евра, а на собираниот во природа 1 евро.
На светскиот пазар се застапени три вида: лозов, шумски и медитерански полжав. На македонските фарми се одгледува сортата Хелиџ Поматиа кои претставуваат хибрид од домашен лозов полжав. Во “Агро-линк” пак, се одгледува медитеранскиот полжав. Овие полжави се хранат со растителна храна, како зелка, маслодајна репка или блитва. Дополнителна храна им е главно морков или сончоглед, иако тие сакаат и лубеници, краставици, дињи и воопшто се што содржи многу вода. Тие поминуваат низ циклус од неколку месеци, од пролетта до раната есен кога ја достигнуваат својата тежина. Теоретски, 60 полжави даваат еден килограм, но може и до 80 исчистени полжави да ја дадат таа тежина.
Полжавите не се користат само во исхраната, туку значајно место заземаат во фармацијата, медицината и козметичката индустрија. 

Пица од полжави во Ница чини 50 евра
Уште старите Грци и Римјаните во исхраната користеле полжави кои се сметани за луксузна храна, зашто ги јаделе главно припадници на повисоките слоеви. Тогаш полжавите биле увезувани од Шпанија и Африка, а Римјаните биле познати како пасионирани одгледувачи. Првите упатства за одгледување на полжави водат потекло токму од нив.
И денес полжавите се на цена, токму затоа што спаѓаат во исклучително хранлива, а притоа здрава и лесно сварлива храна. Полжавите се мекотелци, и како и рибата, можат да се јадат за време на пост, затоа се присутни на манастирските трпези во денови на пост како одличен извор на протеини. Со оглед дека речиси 85% од телото на полжавот е вода, тој е сиромашен со маснотии, а една порција полжави, што е околу 12 парчиња, има се на се 80 калории.
Во Ница, Франција, на гостите им се подготвува пица од шест полжави и истата чини 50 евра. Исто така, паштета од полжав чини 6 евра и е многу поскапа од пилешка паштета. 

Рецепт за чорба од полжави
Се користат полжави во сосема затворена лушпа. За 4 лица се потребни 30 парчиња. За полесно да се извадат од лушпата, мора да се барат барем 20 минути. Обарените полжави се вадат од лонецот, потоа со вилушка се вадат од лушпата, а притоа им се отсекуваат главите и опашките. Трупот на полжавот се сече на ситни парчиња. Во тенџере се ставаат околу 50 грама масло, па кога тоа ќе се загрее се додаваат сечените полжави, малку се пропржуваат, се промешуваат и се налева 1,5 литри вода. Потоа и натаму се готват. Се додава малку мелен бибер, сол и ситно сечен магдонос. Потоа се тргаат од огнот, се зачинуваат со 1 децилитар кисела павлака и со сок од лимон.

Извор: vecer.com.mk

Check Also

„Денови на македонскиот мед 2015“

На улицата „Македонија“ во Скопје денеска ќе биде отворен фестивалот „Денови на македонскиот мед 2015“ …

6 comments

  1. 35441 693573some truly intriguing info , properly written and broadly speaking user genial . 284346

  2. 991734 164315Just wanna remark that you have a quite nice web internet site , I like the layout it actually stands out. 469931

  3. 407225 251204dude this just inspired a post of my own, thanks 796568

  4. 54804 550015I like this website its a master peace ! Glad I detected this on google . 152228

  5. 172582 279666Exceptional post nevertheless , I was wanting to know in the event you could write a litte far more on this subject? Id be very thankful in the event you could elaborate a little bit far more. Thanks! 235113

  6. 659840 900533Ive just been talking to Sean Gallagher about his upcoming Instant Income Cash Machine course, and hes been kind enough to fill me in on a couple of details regarding his upcoming course. 412721

Leave a Reply

Your email address will not be published.