Почетна / Вести Македонија / Холанѓанец што ќе ве научи на балкон да одгледате домати

Холанѓанец што ќе ве научи на балкон да одгледате домати

Во својот дом во скопско Нерези, Елизабета и Јан привлекуваат многу млади вљубеници во природата кои сакаат да учат како со нови методи, без употреба на хемија, да си одгледаат здрава храна за себе. Не мора секој да има нива или бавча – пермакултурата, велат, успева секаде.

Холанѓанецот Јан Зијлстра пред три години бил на минување во Македонија, а сакал трајно да се насели во Шпанија за да оформи екозаедница во природа. Патувајќи низ нашата земја, тој се вљубил во неа, а по средбата во Скопје со својата идна сопатничка Елизабета, го напуштила желбата за живот под шпанското небо и трајно се населил во Македонија. Тука тој го шири своето знаење за пермакултурата – научна дисциплина за екосистем што е во функција на човекот, но во кој и природата има придобивки и кој почива на три начела: грижа за луѓето, грижа за Земјата и праведна распределба на ресурсите.

Во својот дом во скопско Нерези, Елизабета и Јан привлекуваат многу млади вљубеници во природата кои сакаат да учат како со нови методи, без употреба на хемија, да си одгледаат здрава храна за себе. Не мора секој да има нива или бавча – пермакултурата, велат, успева секаде, и на мали балкони, па и на покриви од гаражи, затоа што со своите методи самата создава услови за одржливост.

Доволни се 50 квадрати

– Пермакултурата дава секому алатки и можност за локално одгледување храна за себе. Потребно е само 50 квадратни метри за да се одгледа храна за едно лице, во кои било услови, ако правилно се дизајнираат просторот и елементите. Таа е одличен практичен и функционален метод што помага да се регенерира горниот, плоден слој на почвата, чија незапирлива ерозија е еден од најголемите проблеми во производството на храна во светот – објаснува Јан Зијлстра.

Тој вели дека кон пермакултурата го привлекло тоа што таа работи со природата, наместо против неа.

– Таа ги користи ресурсите што самата природа ги обезбедува за да создаде здрава средина за растенијата. На тој начин се добива повеќе со помалку труд и одржување, се облагородува почвата и се создава вишок принос. Ова е сосема поинаков начин на размислување од досегашниот, а сепак, толку разумен и очигледен. Се претпочитаат поликултурните насади за да се обезбеди разноликост, изобилство и природна заштита од штетници. Kонвенционалното земјоделство ~ се спротивставува на природата на многу начини и с` повеќе: се користат пестициди, хербициди, с` посилни, кои функционираат на краток рок и ја уништуваат здравата почва. Се напуштаат старите сорти семиња за сметка на генски модифицирани и поотпорни, но со јаловост на долгорочен план. Пермакултурата се залага за помирољубив однос. Таа не само што дава алатки за одгледување храна, туку е и животна филозофија, а нејзините принципи можат да се применат во секоја сфера од животот – вели Зијлстра.

Можеме да бидеме еколошки рај

Двајцата имаат исти интереси, љубовта кон природата, кон другите битија и стремеж кон подобар и поетички свет, што ги тера да промовираат здрави животни навики и стилови.

– Македонија нуди бескрајни можности, има прекрасна природа, многу сонце и пивка вода. Имајќи ги предвид економските и еколошките предизвици, пермакултурата би можела да понуди многу решенија. Македонија има предуслови да стане еколошки рај во Европа, која се повеќе ги осиромашува своите ресурси. Пермакултурата би можела да биде одговор на с` поголемиот проблем на замирањето на селата, со тоа што би ги привлекла младите луѓе да ги развијат овие принципи на здраво живеење во склад со природата во помалите средини и заедници. Затоа сакаме да работиме со руралните општини и да развиеме систем на заедничка соработка, на пример, за собирање и зачувување стари автохтони сорти семиња, систем за размена на еколошки производи итн. – вели Јан.

Тој додава дека убавината на Македонија му се гледа нагрдена од необмислената урбанизација, напуштањето на селата и проблемот со отпадот. Изненаден е што многу плодно земјиште не се користи.

– Тоа би било навистина незамисливо во Холандија, каде што секој сантиметар е искористен до максимум. Уште понеобично е и затоа што многу млади луѓе се невработени и живеат со мали примања. Но, сепак, добро е да се види дека многу постари луѓе с` уште имаат близок однос со храната и знаат од каде таа доаѓа, па предност му даваат на домашно одгледан зарзават.

Секој простор може да стане зелена оаза

За пермакултурата во Македонија малку се знае, но таа срамежливо си го пробива патот, особено меѓу младите луѓе што се с` позаинтересирани да одгледуваат храна за себе. Елизабета и Јан формирале здружение „Kален“, преку кое ова лето одржаа неколку почетнички курсеви за пермакултурата.

– Организираме практични работилници за тоа како да се почне сопствена пермакултурна градина, па дури и на сопствениот балкон. Интересот е секогаш голем, досега се приклучени повеќе од сто луѓе. Се обидуваме практично да ги објасниме не само пермакултурните методи, туку и да покажеме примери што можат веднаш да се применат. На пример, како да се направи компост за 18 дена, како да се обмисли плодоред, да се направи спирала со зачински билки, како најефикасно да се користи водата на теренот, како да се збогати почвата, да се работи со растенијата за нивен оптимален раст и развој. Пермакултурата може да се примени во секоја средина. Секој простор може ефективно да се претвори во зелена оаза и оптимално да ги исхранува неговите корисници. С` што е потребно е да се согледаат работите со нови очи – вели Јан.

За миг збришани 54 хектари насади

Нашите соговорници велат дека за време на бегалската криза во 1999 година првпат била применета пермакултура во Македонија, во бегалскиот камп Чегране, како практичен одговор на техничките проблеми што се појавиле во кампот: оптоварена инфраструктура на системите за снабдување со вода, храна и санитарниот јазол.

– Иако овој пилот-проект имал одличен почеток, за жал, во 2001година 54-те хектари земја со пермакултурни насади биле уништени во еден ден – вели Елизабета Зијлстра.

Извор: dnevnik.mk

Check Also

„Денови на македонскиот мед 2015“

На улицата „Македонија“ во Скопје денеска ќе биде отворен фестивалот „Денови на македонскиот мед 2015“ …

3 comments

  1. 976047 661419This internet page is often a walk-through for all with the details it suited you with this and didnt know who to ask. Glimpse here, and you will surely discover it. 657957

  2. 554385 904691Hey, you used to write amazing, but the last couple of posts have been kinda boringK I miss your excellent writings. Past couple of posts are just a bit out of track! come on! 948401

  3. 67404 677270Hi there, just became aware of your blog by means of Google, and identified that it is truly informative. Ill be grateful if you continue this in future. Lots of people will benefit from your writing. Cheers! 882480

Leave a Reply

Your email address will not be published.