Почетна / Вести Македонија / ХЕЉДА ОД ХИМАЛАИТЕ НИКНУВА НА ВИТАЧЕВО

ХЕЉДА ОД ХИМАЛАИТЕ НИКНУВА НА ВИТАЧЕВО

Поле со ретко азиско растение со бакарна боја карактеристично за Хималаите, го привлекува вниманието на сите што се движат по висорамнината Витачево кај Kавадарци. Веќе втора година по ред комбајнот го жнее растението од кое се добива безглутенско брашно што се користи во исхраната. 

– Со хељдата се запознав на интернет. Во Србија, Босна и Хрватска таа се одгледува повеќе векови и ги анализирав искуствата поврзани со неа во тие земји. Видов дека надморската височина на висорманината Витачево е погодна за неа. Ја донесов преку Србија. Лани почнавме со два хектара и добивме многу добри резултати. Оваа година го проширивме производството на повеќе од 28 хектари. Применуваме стандардна агротехника. Не се користи ниту заштита, ниту ѓубрење. Се работи за чисто органско производство кое е многу ценето на пазарот и во кое ние ја гледаме иднината – вели Златко Темелковски. 

Ова растение кое во државава се одгледува само во Kавадаречко, а од оваа година е веќе ставено и на листата за субвенционирање. За него се добиваат стимулации исто како и за житните култури. Стеблото на хељдата е зелено како и секоја зелјеста билка. На едно стебленце се јавуваат дури до две илјади цветчиња кои се идеална паша за пчелите. Kога е зрело, стеблото поцрвенува. Темелковски најави дека в година планираат да го зголемат производството кое е исплатливо бидејќи за него постои интерес на пазарот. Тој објаснува дека за разлика од пченицата, цената на хељдата е константна и за еден килограм во зрно се добиваат околу две евра, а брашното од ова растение во малопродажба доаѓа до 420 денари за килограм. 

– Тоа што го произведовме лани повторно го реинвестиравме како семе. Направивме и околу 500 килограми брашно за проба, кое го поделивме по пријатели и на продавници за здрава храна. Kолку да се види дека во Македонија веќе се произведува хељда и дека квалитетот на брашното од неа е многу добар. Годинава еден дел од производството ќе оставиме повторно за семе, а од друг дел ќе смелеме брашно. Најавуваме и производство на макарони од хељда на пазарот. Има заинтересирани купувачи за плодовите од ова растение и оваа година мислам дека нема да ги задоволиме сите побарувања. Се надеваме дека годинашниов род ќе ни тежи максимум околу 30 тони. Но да имавме посеано и 4 пати поголеми површини од сегашните, со пласманот немаше да има проблем. Затоа в година повторно планираме да го зголемиме производството на нивите кои ги имаме под концесија – откри Ремелковски за „Дневник“. 

Тој објаснува дека брашното добиено од хељда не содржи глутен, но затоа, пак, содржи многу други витамини. 

– Секој човек може да го консумира. Ги прочистува крвните садови, добро е за дијабетичари како и за луѓе во постинфарктни состојби и по претрпени мозочни удари. Ако се користи превентивно, најдобро е да се меша со пченично, ’ржено или интегрално брашно. Така е здраво, а и цената му е прифатлива. Студенти на светски познат универзитет консумираат потпечени зрна од хељда со јогурт како своевидна каша за подобро помнење. Во земјава има луѓе алергични на глутен кои користат само хељдино брашно во исхраната кое до пред една година се обезбедуваше само од увоз – дециден беше нашиот соговорник. 

Од зрелото зрно на ова ретко растение се добива и лековит чај, исто како и од цветот. Многумина кои поминувале на висорамнината си мислеле дека станува збор за тревки или за цвеќиња.

Светлана Дарудова 

ИСКЛУЧИТЕЛНИ ХРАНЛИВИ СОСТОЈКИ

Иако хељдата ботанички не припаѓа во групата на житните култури, сепак е вклучена во нив поради сличноста на биолошкиот состав и улогата во исхраната што ја имала и с` уште ја има во некои земји во светот. Секако, нејзина главна карактеристика е дека во себе не содржи глутен така што е идеална за сите што имаат нетолерантност кон него. Таа има висока енергетска вредност, содржи висок процент на протеини 11,7 отсто, јаглеродни хидрати – 72,9 процента, растителни масла 2,4 процента, а богата е со минерали, особено калиум, фосфор и калциум. Има и железо, натриум и магнезиум. Исто така ги има речиси сите витамини од Б-групата и значајно количество ниацин.

Извор: dnevnik.mk

Check Also

„Денови на македонскиот мед 2015“

На улицата „Македонија“ во Скопје денеска ќе биде отворен фестивалот „Денови на македонскиот мед 2015“ …

4 comments

  1. 944835 135282Great post, Im seeking forward to hear more from you!! 474673

  2. 241021 343588Im glad to become a visitor in this pure site, regards for this rare info! 6889

  3. 617555 451532Hoping to go into business venture world-wide-web Indicates revealing your products or services furthermore companies not only to ladies locally, but nevertheless , to several prospective clients in which are online in most cases. e-wallet 665077

  4. 192920 326544replica watches are amazing reproduction of original authentic swiss luxury time pieces. 709619

Leave a Reply

Your email address will not be published.