Почетна / Вести Македонија / ФЗНХ пример за врвна научна институција од областа на земјоделството и храната во Македонија

ФЗНХ пример за врвна научна институција од областа на земјоделството и храната во Македонија

Осовременувањето на земјоделското производство, зголемувањето на обработливата површина, на вкупната продукција и на извозот, се само некои од индикаторите за ефектите од владината аграрна политика, од се што е вложено во македонското земјоделство последниве шест години, рече денеска министерот Љупчо Димовски по отворањето на 37. средба „Факултет-Стопанство“ на Факултетот за земјоделски науки и храна.

Но, овие резултати, додаде, ни приближно не ќе можеа да се постигнат без соработката со науката, пред се со Факултетот за земјоделски науки и храна (ФЗНХ).

– Во досегашниот период, ФЗНХ или генерално, македонската земјоделска наука, има посебно место во поддршката на напорите за градење конкурентен земјоделско-прехранбен сектор во Република Македонија. Ваквата позиција во следниот период треба да биде потврдена и дополнително зајакната особено што пред секторот, руралните средини и државата престојат низа предизвици за подобрување на резултатите и општата благосостојба, рече министерот.

Според него, ФЗНХ е пример за врвна институција од областа на земјоделството и храната во земјава. Стручните кадри кои ги поседува целосно одговараат на барањата на современото земјоделско производство.

– Факултетот во досегашниот 65-годишен развој е дел од се што се случуваше во македонскиот земјоделско-прехранбен сектор. Освен што продуцирал 7.300 дипломирани земјоделски инженери, 115 специјалисти, 400 магистри и 23 доктори на науки, и директно партиципирал во трансферот на знаења и технологии. Се она што го истражил, што го добил од научно-истражувачката работа, го пренел на производителите како директни корисници на новините, истакна деканот Драги Димитриевски.

Факултетот е и дел од она што се случува во институциите на земјоделско-прехранбениот систем, како и од градењето на аграрните политики. Неговиот капацитет им е секогаш на располагање на Министерството и на производителите со цел успешно заокружување на трансформацијата во современ аграрен систем прилагоден кон заедничката европска политика. Во овој контекст, напомена деканот, неопходна е уште поголема поддршка за постигнувањето на потребните стандарди посебно за поинтензивните гранки, извозно ориентираните и конкурентните за Македонија, градинарството, лозарството, овоштарството, сточарството и прерабтувачката инсдустрија.

– Значењето на Факултетот во развојот на македонскиот земјоделско-прехранбен сектор е несомнен и круцијален. Особено радува фактот дека земјоделците и стопанството се се повеќе заинтересирани за користење на научните истражувања и достигнувања, посочи Димитриевски.

Паралелно со манифестацијата „Факултет-Стопанство“ што се одржува веќе 40 години, ФЗНХ, по повод 65 години од основањето, организира дводневен Меѓународен симпозиум за земјоделство и храна во кој се обединети досегашните Симпозиумот за лозарство и винарство, како и Симпозиумот за градинарство и цвеќарство.

На Меѓународниот симпозиум ќе бидат презентирани преку 200 трудови од земјата и странство. Годинава во фокусот е бизнис секторот поради што, во централниот хол на Факултетот е одвоен простор за промоција на резултатите кои компаниите од земјоделството ги оствариле како трансфер на технологија или како развој на сопствен производ и технологија.

 

Check Also

„Денови на македонскиот мед 2015“

На улицата „Македонија“ во Скопје денеска ќе биде отворен фестивалот „Денови на македонскиот мед 2015“ …

7 comments

  1. 624175 641441I undoubtedly did not realize that. Learnt 1 thing new today! Thanks for that. 531307

  2. 803244 488087An intriguing discussion is worth comment. I feel that you need to have to write far more on this matter, it could not be a taboo subject but normally individuals are not enough to speak on such topics. To the next. Cheers 781991

  3. 133850 469187Extremely good publish, thanks a good deal for sharing. Do you happen to have an RSS feed I can subscribe to? 593476

  4. 457022 295398This kind of publish appears to get yourself lots of visitors. How will you acquire traffic to that? It provides a fantastic special twist upon issues. I guess having something traditional or perhaps substantial to give info on is the central aspect. 566407

  5. 728586 53856I appreciate your work , thanks for all of the informative blog posts. 121671

  6. 978835 14631Thanks for the auspicious writeup. It actually used to be a leisure account it. Glance complicated to far more delivered agreeable from you! Nevertheless, how can we be in contact? 330744

  7. 846905 880131Lastly, got what I was seeking for!! Ive actually enjoying every small bit of this. Ecstatic I stumbled into this post! and also Ive bookmarked to look at exclusive data for your weblog post. 111443

Leave a Reply

Your email address will not be published.