Почетна / Вести Македонија / Фантомските трактори ќе добијат сообраќајна книшка

Фантомските трактори ќе добијат сообраќајна книшка

Станува збор за земјоделска механизација што се користела во земјава пред независноста, добиена во наследство, купена без купопродажбен договор, набавена во минатото од увоз или од донации.

Владата го одложи последниот термин за регистрација на застарената земјоделска механизација од 10 април за 30 септември. Одлуката е донесена по барање на Федерацијата на фармери на Македонија за да им се остави време на земјоделците да ја приберат потребната документација. Станува збор за регистрација на фантомските трактори што се користеле во земјава пред независноста, добиени во наследство, купени без купопродажен договор, кои во минатото биле набавени од увоз, од донации и од други места. Токму за нив, Министерството за економија направи измени на Законот за легализацијата и регистрацијата на трактори со кој ќе се реши проблемот со земјоделската механизација, која немаше никакви документи и е технички неисправна. Најчесто за тракторите и тракторските приколки не постојат никакви докази за сопственост, потекло и царинска декларација.

– Станува збор за регулирање еднодецениски проблем за статусот на тракторите и тракторските приколки со кои граѓаните имаа проблем. Се проценува дека има неколку десетици илјади трактори и тракторски приколки кај кои не беше можно да се изврши регистрација поради немање доказ за сопственост. Сега, ако има каков било доказ за сопственост, се бара согласност за технички прегледи, се врши идентификација на самото возило, а постапката продолжува вообичаено. Ако нема доказ, тогаш со изјава заверена на нотар, се поднесува барање до надлежен суд со кое се бара да му се утврди решение за сопственички статус. Судот е должен во рок од 3 дена да го достави до Министерството за земјоделство и во рок од 24 часа да биде објавено на огласна табла. Ако никој не поднесе евентуална жалба во судот во рок од 30 дена, се носи решение за сопственички статус. До 10 април е рокот да се поведе постапка пред суд, а една година да се поведе пред надлежен орган за легализација – велат во Министерството за економија.

Во Федерацијата на фармери велат дека со легализацијата се решава еднодеценискиот проблем за статусот на тракторите и тракторските приколки со кои граѓаните имаа проблем.

– Ако се реши проблемот со регистрацијата на тракторите тогаш ќе имаме корист и ние земјоделците во однос на продуктивноста на самата земјоделска механизација, но од друга страна и намалување на сообраќајните незгоди. Според статистиката, Република Македонија располага со 53.606 трактори. Kај индивидуалните земјоделски стопанства доминираат тракторите од 27 до 37 киловати моќност, а кај земјоделските претпријатија тракторите од 38 до 66 киловати. Податоците зборуваат дека степенот на механизација е многу низок. Ако се има предвид фактот дека околу 85 отсто од оваа механизација е амортизирана, станува јасно дека со таков капацитет на трактори не е можно да се спроведува целосна технологија на земјоделско производство – велат во Федерацијата.

Официјалните податоци велат дека во земјава се регистрирани само околу 15 отсто од тракторите. Од нив 16,7 отсто се со старост од 10 години, од 11 до 20 години старост се дури 68,5 отсто, а над 20 години 14,7 отсто. Токму неисправноста и старосната структура се виновни за фрапантните бројки што покажуваат дека за последните пет години 431 сообраќајни незгоди се предизвикани од возачи на трактори. За истиот период вкупно настрадани возачи на трактор се 311 од кои 37 починале, а 274 биле повредени. За овој период има 221 настрадан патник, од кои 22 се загинати, а 199 се повредени.

Валентина Ангеловска


Извор: dnevnik.mk

Check Also

„Денови на македонскиот мед 2015“

На улицата „Македонија“ во Скопје денеска ќе биде отворен фестивалот „Денови на македонскиот мед 2015“ …

7 comments

  1. 789089 352459You created some decent factors there. I looked on the internet for the dilemma and discovered most individuals will go along with along with your website. 907251

  2. 939619 490773 Spot on with this write-up, I truly think this web site needs a lot far more consideration. Ill probably be once again to read a lot far more, thanks for that information. 956088

  3. 740714 479783This write-up contains fantastic original thinking. The informational content material here proves that things arent so black and white. I feel smarter from just reading this. 500967

  4. 865171 376455I saw your post awhile back and saved it to my computer. Only lately have I got a chance to checking it and have to tell you good work. 337688

  5. 273792 867106Certainly worth bookmarking for revisiting. I surprise how a lot attempt you put to create the sort of wonderful informative site. 94689

  6. 698586 633512We are a group of volunteers and opening a new scheme in our community. Your internet website given us with valuable details to function on. Youve done an impressive job and our entire community will likely be grateful to you. 276676

  7. 853406 332472hello great internet site i will definaely come back and see once again. 660241

Leave a Reply

Your email address will not be published.