Почетна / Вести Свет / Екстрадевствено масло од семки наместо од маслинки

Екстрадевствено масло од семки наместо од маслинки

Практикувате ли здрава исхрана преполна со зеленчук зачинет со маслиново масло? И тоа екстрадевствено со висока цена? Ако сте еден од нив, можеби влегувате во групата на илјадниците измамени што наместо ладно цедено масл иново масло купиле масло од семки.

 

Британските медиуми деновиве објавија голема афера со потекло од Италија во која откриваат илјадници литри фалсификуван маслинов зејтин. И тоа не кој било, туку ладно цеден. 

Според медиумите, само 10 отсто од светското производство на ова масло ги задоволуваат критериумите и декларациите. Другото е фалсификат. За трагедијата да биде поголема, во големите трговски ланци најголемата понуда на масло од маслинки е всушност од овој тип ладно цедено маслиново масло. И тоа, според рекламите и цените, с` што се нуди е со највисок квалитет.

Во Агенцијата за храна и ветеринарство велат дека кај нас не е пронајдено фалсификувано екстрадевствено масло за јадење.

– Kај нас не е поднесена ваква претставка. Од почетокот на годинава досега не е поднесена ниту една претставка ниту за други фалсификувани производи. Претставка по оваа основа не е поднесена ниту во 2013 година. Во 2012 имало само една и тоа било за зачин. Агенцијата за храна и ветеринарство врши редовни инспекциски контроли во поглед на исполнување на општите и посебните услови за безбедност на храната и за заштита на правата на потрошувачите. Се преземаат и мерки и за заштита на граѓаните од заблуда, односно измама – велат во Агенцијата за храна.

Од фалсификатот енормни заработки

Од таму велат дека согласно Законот за безбедност на храната и подзаконските акти, се вршат континуирани контроли на операторите со храна. Светските медиуми тврдат дека маслиновото масло многу лесно се фалсификува, за разлика од другите типови масло и оти го има речиси секаде.

– Ако на литар од ладно цеденото се додаде само 10 отсто друг тип масло, може многу да се заработи. Лажното масло може да се открие единствено со анализи на масно-киселинскиот состав, бидејќи секое има различен состав. На сите пазари најмногу се бара италијанското екстрадевствено маслиново масло и затоа тоа најмногу се фалсификува – пишуваат британските медиуми.

Најчеста метода за фалсификување е со додавање маслиново масло со полоша категорија, кое се добива од лоши маслинки и нивни семки, но и од маслодајна репка или соја, а бојата се нагодува со додавање хлорофил, кој се разредува или со бета-каротен.

Ригорозни контроли

Британската влада дури вработи и луѓе што се занимаваат со контрола на пазарот, бидејќи с` повеќе фалсификати има и во органската храна, рибата, млекото, медот, но и чаевите и зачините. 

Европската комисија за животна средина ги предупреди граѓаните од Унијата дека маслиновото масло спаѓа во производи што најмногу се фалсификуваат.

– Фалсификувањето голем број намирници е поттикнато од економската криза. Високите маржи и ниската куповна моќ на граѓаните е светски проблем. За да се намалат цените, наместо квалитетни екстра производи с` почесто се продаваат фалсификати по повисоки цени за производителите да не ја намалат заработката. Така во колбаси наместо јунешко месо, се става коњско, во колачите наместо ореви има трошки од тврд леб, а млекото с` почесто се заменува со сурутка. И сето тоа никаде не го пишува на декларациите, а добро се заработува – пишува српскиот весник „Политика“.

Според Организацијата за економска соработка и развој (ОЕЦД), годишно една успешна фабрика поради фалсификувани производи, губи над 50 милиони евра.

ФИРМИТЕ ГИ ПРЕПОЗНАВААТ ФАЛСИФИКАТИТЕ

Организацијата на потрошувачи на Македонија вели дека фалсификуваната храна често се наоѓа на пазарот, а најчесто ја препознаваат фирмите што произведуваат оригинална. Според ОПМ, фалсификуваната храна е вечна тема и свеста на граѓаните е клучна кога нешто купуваат. Мора да се научат да читаат декларации.

– Имаме низа сознанија дека фалсификати се пласираат на пазарот. Последни беа медот и жолтата ракија. Најчесто фалсификатите ги препознава фабрика што произведува оригинали. Таа е и клучна во целиот процес, бидејќи по нејзино барање фалсификуваната храна се повлекува од пазарот за да не се наруши името на брендот – велат во ОПМ.

Според Организацијата, фалсификувана храна не би требало да има на рафтовите ако се набавува од овластени трговци.

Извор: dnevnik.mk

Check Also

Пченицата поскапе во Бугарија, ние увезуваме српска по стара цена

Цената на пченицата во Бугарија последниве десетина дена расте и е повисока за 4,6 отсто. …

5 comments

  1. 356248 538332When do you believe this Real Estate market will go back in a positive direction? Or is it nonetheless too early to tell? We are seeing lots of housing foreclosures in Altamonte Springs Florida. What about you? Would love to get your feedback on this. 550953

  2. 118656 685973Thank you for the auspicious writeup. It in reality was a amusement account it. Appear complicated to far delivered agreeable from you! However, how can we keep in touch? 754495

  3. 519326 495146very good put up, i surely enjoy this web web site, keep on it 701779

  4. 549693 56511Howdy! Would you mind if I share your weblog with my twitter group? Theres plenty of individuals that I think would actually enjoy your content. Please let me know. Thanks 496569

  5. 487639 263080Thanks for the info provided! I was researching for this write-up for a long time, but I was not able to see a dependable source. 274897

Leave a Reply

Your email address will not be published.