Почетна / Вести Македонија / Домаќинки правете ајвар, не чекајте да рипне цената!

Домаќинки правете ајвар, не чекајте да рипне цената!

Цената на ајварката што се продава наголемо од камиони лоцирани на повеќе места во Скопје се движи од 22 до 25 денари за килограм, додека на зелените пазари е повисока и изнесува од 30 до 40 денари.

И додека домаќинките ги распалуваат ќумбињата за правење ајвар, конзервната индустрија исто така овие месеци работи со полна пареа. Според податоците на Македонската асоцијација на преработувачи извозот на македонски ајвар за пет години пораснал за 67,6%, а најмногу на европските пазари и во земјите од соседствотo.

Сезоната на црвената пиперка – ајварка и приготвувањето на нашето традиционално јадење ајварот, е во полн ек. Продавачите на ајварката со своите камиони дојдени од источна Македонија ги има насекаде во главниот град, тие ја нудат струмичката пиперка како најдобра и најлесна за лупење, а домаќините имаат задача да ја одберат најдобрата и да ја однесат кај домаќинките за да се започне со приготвување на омиленото зимско јадење.

“Вечер” вчера се упати во разгледување на локациите низ градот каде наголемо се продава овој популарен зеленчук. Оние кои се уште немаат купено ајварка можат да се упатат на неколку локации, односно на Скопското Кале, кај населбата Пролеќе, како и пред влезовите на многу други скопски населби. На Скопско Кале ајварката се продава од 22 до 25 денари за килограм, но во некои камиони може да се најде и за 20 денари, додека пак вреќичка со модар патлиџан е од 80 до 100 денари во зависност колку парчиња има во вреќичката.

Во населбата Пролеќе, цената на црвениот пипер за ајвар изнесува 23 и 24 денари за килограм, а продавачите се надвикуваат и ги убедуваат внимателните купувачи дека нивната пиперка е најдобра и дека нема да зажалат доколку ја купат.
– Дојдов да изберам пипер за ајвар, вака ми изгледа убав и крупен, но пред да го купам ќе побарам да го истурат пред мене, па ако е добар ќе го земам. Мината година најдолу во вреќата ми подметнаа скапан пипер, па затоа сега сум многу внимателен – ни кажа Бојан.
На скопските пазари Буњаковец, Зелен пазар и на оној во Кисела Вода, цената на ајварката се движи од 30 до 40 денари за килограм, додека модриот патлиџан чини од 15 до 20 денари за парче. Иако можеше да се забележи дека тука пиперот е поситен за разлика од оној што се продава во камионите, сепак скопските пазари и понатаму ги држат највисоките цени.

Многу од домаќинките го искористија еднонеделното косовско ембарго и си направија ајвар речиси за џабе. Продавачите кои вчера ги прашавме потврдуваат дека цената на црвениот пипер во тие денови била пониска, но сепак велат дека тогаш не била побарувачката голема како во овој период.
– Имавме мал пад на цената кога беше затворена границата, но сепак побарувачката не беше голема бидејќи продажбата на пиперот беше на самиот почеток, а цената зависи од тоа во кој дел од сезоната се продава. Засега не се знае дали ќе се зголеми или намали цената, се зависи од тоа како ќе се продава пиперката, па така ако снема пипер цената ќе се зголемува од ден за ден – ни раскажа еден од продавачите што го сретнавме кај Скопското Кале.
И покрај тоа што сезоната на зимници е започната, продуктите за живата туршија се уште ги нема, или оние пак, што ги има се по многу висока цена. Таква е ситуацијата со карфиолот, кој се уште е на самиот старт и го нема во големи количини, па така неговата цена изнесува 130 денари за килограм, а го сретнавме само на пазарот во Буњаковец. Сепак, продавачите очекуваат дека ваквата цена во наредните денови да падне.

Извозот на ајвар урива рекорди
И додека домаќинките ги распалуваат ќумбињата за правење на ајвар, конзервната индустрија исто така овие месеци работи со полна пареа. Согласно побарувачката поголемиот дел од домашните фабрики за производство на ајвар планираат поголемо производство, освојување на нови пазари, а со тоа и поголем пласман на странските пазари. Тоа го покажуваат и податоците за извоз кои покажуваат раст од година во година. Според податоците на Македонската асоцијација на преработувачи (МАП), извозот на македонски ајвар за пет години пораснал за 67,6%, а најмногу на европските пазари и во земјите од соседството.

Менаџерите на конзервните компании велат дека побарувачката расте од година во година, а планираат и освојување на нови пазари. Ѓоко Атанасов, еден од сопствениците на конзервната компанија ДИЕМ ГП од Гевгелија, вели дека годинава планираат за 20% да го зголемат производството на ајвар, споредено со лани.
– Имаме стандардни купувачи, извезуваме во 16 земји во светот, а оваа година планираме да го освоиме шведскиот пазар. Планираме, исто така, да го зголемиме извозот во Чешка и Германија – објаснува Атанасов.

Според него, побарувачката на странските пазари е стандардна, иако последниве години се зголемува побарувачката на домашен ајвар, на сметка на индустрискиот.
– Новитет кој минатата година го промовиравме и каде што во наредниот период планираме да вложиме поголемо внимание е ајварот со маслиново масло, за кој има интерес на странските пазари – вели Атанасов.

Виктор Петров, сопственик на конзервната компанија Випро, пак, вели дека проекциите за производство годинава се на исто ниво како и лани, но планираат да ги освојуваат источните земји.
– Нашите проекции се на исто ниво како и претходната година, пред се бидејќи имаме мали залихи од лани што планираме да ги продадеме годинава. Цената на суровината е на исто ниво како и минатата година. Како нови пазари што планираме допрва да ги освоиме со Јордан и Кувајт, каде што веќе пративме пилот-пратки. Немаме се уште одговор и нарачки, бидејќи не е познат ајварот како производ, но се надеваме дека ќе имаме соработка – вели Петков.
Тој потенцира дека побарувачката на европските пазари и во поранешните ЈУ-земји од година во година е се поголема пред се поради препознатливоста на македонскиот ајвар.

ЦЕНИ ОД КАМИОНСКИТЕ ПРОДАВАЧИ

 

зеленчук

денари/килограм

Пиперка црвена

20-25

Модар патлиџан

80-100 вреќа

Морков

20-25 

Краставица

25

Зелка

100 вреќа

Извор: vecer.com.mk

Check Also

„Денови на македонскиот мед 2015“

На улицата „Македонија“ во Скопје денеска ќе биде отворен фестивалот „Денови на македонскиот мед 2015“ …

7 comments

  1. 997592 198882This sounds in a way inflammatory pending mecant wait for thisthank you! 482313

  2. 821251 154689A person necessarily lend a hand to make severely posts Id state. This is the really initial time I frequented your internet page and to this point? I surprised with the analysis you made to make this certain submit extraordinary. Magnificent procedure! 802594

  3. 983458 926784This style is steller! You certainly know how to maintain a reader amused. Between your wit and your videos, I was almost moved to start my own blog (effectively, almostHaHa!) Amazing job. I genuinely enjoyed what you had to say, and a lot more than that, how you presented it. Too cool! 994104

  4. 698013 809180[…]the time to read or check out the content material or sites we have linked to below the[…] 496633

  5. 258484 418496Nice read, I just passed this onto a colleague who was doing some research on that. And he really bought me lunch as I identified it for him smile So let me rephrase that: Thank you for lunch! 405573

  6. 595250 606772Hello, you used to write excellent, but the last several posts have been kinda boringK I miss your super writings. Past several posts are just a little bit out of track! come on! 927558

  7. 127819 912864Id always want to be update on new weblog posts on this web site , bookmarked ! . 952882

Leave a Reply

Your email address will not be published.