Почетна / Вести Македонија / Димовски: Задоволни сме од предвремениот откуп на тутунот

Димовски: Задоволни сме од предвремениот откуп на тутунот

Заклучно со 28 октомври се откупени 1.058 тони тутун со просечна цена од 160,51 денари за килограм тутун од предвремениот откуп. Можеме да бидеме задоволни од досегашниот предвремен откуп на тутунот иако не се откупени сите  договорени количини, изјави министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Димовски.

Пратеникот Антонио Милошоски го праша Димовски на денешната собраниска седница како се одвива предвремениот откуп на тутунот, која е цената и дали ќе влијае врз редовниот откуп на тутунот. 

– Станува збор за пониската класа на лисја од тутун. Оваа цена е за 15 отсто повисока од минатогодишната цена во истиот проект за предвремен откуп на тутунот. Како најзастапен е тутунот „Прилеп“. Цената за него е 160,51 денар, а за „Јака“ се откупени 56 тони со просечна откупна цена од 160,55. Вкупната вредност на тутунот до 28.10 изнесува 169 милиони и 808 илјади и 22,70 денари, а се исплатени 74,88 тони односно 127 милиони 150 илјади и 166,78 денари, изјави Димовски.

Тоа е потврда како што рече на доброто законско решение со кое се овозможува да се води стриктна контрола на целокупниот систем од производство, откуп па се до плаќањето и квалитетот на тутунот.

Истовремено, посочува тој, се зголемуваат површините засадени со тутун, како и квалитетот на тутунот, а по тој основ се зголемува и просечната откупна цена што оваа година повторно треба да биде за 15 отсто повисока од минатогодишната за време на редовната реколта односно откуп на тутунот кој што се очекува од 15 декември па се до средината на март месец идната година. 

Во последните години е забележлив трендот на зголемување на производството на тутун кое во 2012 година изнесува 28.000 тони и всушност зголемување во однос на минатата година за цели 33 проценти.

Извор: kurir.mk

 

Check Also

Qélianet започнува да работи во Македонија

Интегрален текст од тим информатичари од Охрид. Известувањето Ви го пренесуваме во целост. Почитувани, Ви …