Почетна / Вести Македонија / Димовски на состанок на министри за земјоделство на ЈИЕ во Приштина

Димовски на состанок на министри за земјоделство на ЈИЕ во Приштина

Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Димовски денеска во Приштина ќе учествува на традиционалниот годишен работен состанок на министрите за земјоделство на Југоисточна Европа.

На дводневниот шести министерски состанок, домаќини ќе бидат Министерството за земјоделство, шумарство и рурален развој на Република Косово и Постојаната работна група за регионален рурален развој во Југоисточна Европа (СЊГ).

Состанокот ќе го отвори премиерот на Косово, Хашим Тачи, а ќе го води косовскиот министер за земјоделство, шумарство и рурален развој Блеранд Ставилеци, кој воедно ќе го преземе и претседавањето со СЊГ од својот македонски колега, министерот Љупчо Димовски.

Главна цел на средбата, на која освен министерските делегации од регионот, ќе присуствуваат и претставници на Европската комисија, ФАО, ГИЗ и други донаторски институции, е да се дискутира за регионалната соработка и реформите во секторот за земјоделство и рурален развој во насока на ЕУ интеграциите и претпристапната помош.

Преку дискусијата за реформите на Заедничката земјоделска политика и политиката за рурален развој на ЕУ за периодот 2014-2020, министрите подетално ќе се навратат кон заклучоците што беа донесени на регионалниот Форум за земјоделска политика што минатиот месец се одржа во Охрид под покровителство на министерот Димовски, а тоа се пред се стратешките предлози за идната регионална соработка во рамките на платформата на Постојаната работна група за регионален рурален развој во Југоисточна Европа (СЊГ) како и соработката во регионот на Југоисточна Европа преку концептот на територијален развој.

Во рамки на состанокот предвидена е и посета на неколку земјоделски претпријатија и преработувачки капацитети во Косово.

Постојаната работна група за регионален рурален развој (СЊГ) е меѓународна, меѓувладина организација која ги вмрежува владините институции одговорни за рурален развој во повеќе земји од Југоисточна Европа. СЊГ платформата е формирана во јуни 2005 година на Форумот за земјоделски политики што се одржа во Република Македонија и Република Србија. Цел на СЊГ е обезбедување на конструктивна и постојана соработка меѓу министерствата за земјоделство во рамки на нивните одговорности кои ги имаат во тековниот процес на интеграција кон ЕУ.

Извор: http://kurir.mk/makedonija/vesti/92154-Dimovski-na-sostanok-na-ministri-za-zemjodelstvo-na-JIE-vo-Pristina

Check Also

„Денови на македонскиот мед 2015“

На улицата „Македонија“ во Скопје денеска ќе биде отворен фестивалот „Денови на македонскиот мед 2015“ …

6 comments

  1. 291762 894418you can have an perfect blog proper here! would you prefer to make some invite posts on my weblog? 836991

  2. 549504 728375This is a great subject to speak about. Sometimes I fav stuff like this on Redit. This write-up probably wont do properly with that crowd. I will likely be confident to submit something else though. 493808

  3. 722788 281200Your weblog has the same post as yet another author but i like your better.~:; 706624

  4. 880595 496793A actually fascinating examine, I might not concur entirely, but you do make some really valid points. 486031

  5. 174379 633176I gotta favorite this web site it seems handy very beneficial 65974

  6. 837368 970374Yay google is my world beater aided me to uncover this outstanding internet site! . 745244

Leave a Reply

Your email address will not be published.