Почетна / Вести Македонија / Димовски: Македонските земјоделски производи со одличен квалитет

Димовски: Македонските земјоделски производи со одличен квалитет

Дефинирањето на мерките на финансиска поддршка за земјоделството и руралниот развој за временски период од пет години, претставува повеќегодишно буџетско и стратешко планирање кое за прв пат се воведува во спроведувањето на земјоделската политика во земјава.

Тоа претставува голем влог во македонскиот земјоделец и влог во македонското земјоделство. Ова на отворањето на Меѓународниот саем за широка потрошувачка Агрофуд 2012″ што до сабота се одржува на Скопски саем, го изјави министерот за земјоделство, Љупчо Димовски. 
-Македонија има со што да се пофали кога станува збор за земјоделството. Македонските земјоделски производи се одликуваат со одличен и посебен квалитет. Тоа е дополнителен мотив стратешки и заеднички да се гради стратегијата за промоција на земјоделските производи во земјата и во светот – рече Димовски.

Саемот се простира во две хали на површина од 5.000 квадратни метри каде се претставени најновите земјоделски машини, насади и вештачки ѓубрива, како и достигнувања во органската храна. За првпат годинава е поставен и Слоу фуд Македонија каде ќе се подготвува традиционална здрава храна, а ќе се претстават 12 конвивиуми од Македонија.
На отворањето на саемот, Прокредит банка за прв пат годинава додели и награди за најпроактивни земјоделци во пет категории: житни култури – беше избран Монев Владо земјоделец од Штип; грозје и овошје – беше избрана Мојсовска Васка од Неготино; сточарство – беше наградено претпријатието Алма Пе Комерц” од Битола; раноградинарство – беше наградено претпријатието ИЗЗАгро Јасмин” од Струмица и органско производство – беше наградена Стојановска Маја од Штип. Наградените добија по 150 илјади денари, средства што ќе може да ги искористат за купување земјоделска механизација или како обртен капитал.

(С. Бл.)
Фото: Д. Митрески


Извор: http://vecer.com.mk/?ItemID=3B81FB21685BFB45B74079346340F8FA

Check Also

„Денови на македонскиот мед 2015“

На улицата „Македонија“ во Скопје денеска ќе биде отворен фестивалот „Денови на македонскиот мед 2015“ …

3 comments

  1. Thanks for every other fantastic post. Where else may anybody get that kind of information in such a perfect means of writing? I have a presentation next week, and I am on the look for such info.

  2. You’re absolutely correct! I liked reading this info and I will certainly get back for more as quickly as possible. Our internet site is on the subject of Arvind Pandit, you might take a glance if you happen to be still interested in this.

  3. You’re absolutely right! I liked reviewing this and I will come back for more as quick as possible. Our internet site is about new years greetings, you might take a look if you happen to be interested in that.

Leave a Reply

Your email address will not be published.