Почетна / Вести Свет / „Данон Романија“ повлекува производи поради сомневањата од афлатоксин

„Данон Романија“ повлекува производи поради сомневањата од афлатоксин

Компанијата „Данон Романија“ соопшти денеска дека ќе повлече превентивно од пазарот некои продукти, кои може да содржат траги од млеко загадено со афлатоксин и блокира 75 тони млеко, откако анализите потврдија присуство на афлатоксин кај млекото од еден од доставувачите на фирмата.

Над 75 проценти од 59.6 тони производи, како што е киселото млеко, за кои постои сомневање дека содржат млеко загадено со афлатоксин се повлечени од продавниците во земјата, изјави денеска директорот за корпоративни комуникации на „Данон Романија“, Кристина Попеску.

Од компанијата сметаат дека ќе успеат до крајот на денот да го повлечат од пазарот целото сомнително количество на производите.

Според информациите на компанијата сомнителните производи во продавниците биле најмногу два дена.

Националната агенција за санитарно-ветеринарни прашања и за безбедност на храната откри зголемена количина на афлатоксин во неколку пратки на млеко и во неколку млекари.

„Данон“ има договори со 80 компании во Романија, од каде се снабдува со различни количини на млеко. Во моментов има 75 тони млеко во магацините, врз кое ќе бидат спроведени детални анализи.

Извор: dnevnik.mk

Check Also

Пченицата поскапе во Бугарија, ние увезуваме српска по стара цена

Цената на пченицата во Бугарија последниве десетина дена расте и е повисока за 4,6 отсто. …

Leave a Reply

Your email address will not be published.