Почетна / Вести Македонија / Центро Табак доби дозвола за откуп на тутун

Центро Табак доби дозвола за откуп на тутун

Над 400 тутунопроизводители, кооперанти на компанијата Центро Табак” од Велес, по долга неизвесност можат да го продадат тутунот од годинашната реколта.

Откако ги обезбеди потребните средства, министерството за земјоделие на “Центро Табак” повторно му издаде дозвола да врши откуп на тутун од своите кооперанти. Фирмата во последен момент ги надмина финансиските проблеми и обезбеди пари за откуп на целокупниот род. Велат дека и последниот лист од жолтото злато ќе го откупат.
– Добро е што Центро Табак” во последен момент ги обезбеди парите кои на производителите ќе им ги дава неколку дена по предавањето на тутунот. Со другите компании што вршат откуп во Велешко, нема проблеми – велат од Подрачната единица на Министерството за земјоделство во Велес.

По обезбедувањето на финансиските средства откупните пунктови на Центро Табак” во Велес и поголемите населени места во општината, се подготвени за прифаќање на над 500 тони тутун од годинашната реколта. Ангажирани се стручни тимови кои ќе вршат проценка на родот. Кооперантите навреме се информирани за редоследот околу носењето на тутунот со цел да не се создаваат турканици.

Од Подрачната единица на Министерството информираа дека откупот на тутунот во велешко од страна на другите откупувачи, како Сокомак”, Струмица Табак”, компанија од Кавадарци и други, се одвива во најдобар ред. Тутунопроизводителите од Бузалково, Иванковци, Оризари, Чашка, Извор, Градско и други населени места не се задоволни од количествата, меѓутоа од квалитетот и проценката се презадоволни.
– Тутун произведувам повеќе од 15 години. Досега не сум остварил подобра цена од годинашнава која во просек изнесува 170 денари за килограм тутун. А за басмак” пак, добив и 240 денари. Кога на оваа сума ќе се додаде и субвенцијата од едно евро за килограм тогаш навистина жално да се пожалам. Презадоволен сум од откупната цена – вели тутунопроизводител од Иванковци.

Инаку, годинава во велешко над 2.000 тутунопроизводители засадија 1.100 хектари под тутун. И покрај тоа што сушата го намали родот, откупните претпријатија од општините Велес, Градско и Чашка планираат да откупат над 1.300 тони квалитетен тутун. Најзастапени сорти се јака”, прилеп” и висококвалитетната сорта басмак”. (С.А.)

Извор: http://vecer.com.mk/?ItemID=3011973D12E62044BBBB81B890535525

Check Also

„Денови на македонскиот мед 2015“

На улицата „Македонија“ во Скопје денеска ќе биде отворен фестивалот „Денови на македонскиот мед 2015“ …

5 comments

  1. 672354 656275Thanks for helping out, superb information . 311379

  2. 208190 934832Wahhhh,!! I dnt think its food thats generating her tummy groww!!|tiitaBoo| 164389

  3. 759546 333707Hello to all I cannot comprehend the strategy to add your web site in my rss reader. Assist me, please 460670

  4. 420304 924334I really like your wordpress design, where would you obtain it from? 121592

  5. 771216 532520How significantly of an significant content material, keep on penning significant other 394134

Leave a Reply

Your email address will not be published.