Почетна / Вести Македонија / Без чисти штали, нема субвенции

Без чисти штали, нема субвенции

Редовна контрола на заразни болести кај животните, точно одредена локација за сладирање на арското ѓубре и силажата, заштита на почвата од ерозија, примена на ѓубрива што нема да ја загадуваат почвата. Ова се само дел од условите што мора да ги исполнат земјоделците за да догодина добијат субвенции, чија исплатата ќе биде условена со исполнување на барањата за добра земјоделска пракса и заштита на животната средина (ДЗП).

Листата на посебните минимални услови за ДЗП ја пропишува министерот за земјоделство, а утврдувањето на исполнување на пропишаните услови го врши Агенцијата за финансиска подршка во земјоделството и руралниот развој преку спроведување контроли на самото место. Во случај на неисполнување на пропишаните услови, барателот може да добие намален износ субвенции или целосно да биде исклучен од финансиска поддршка во зависност од сериозноста, повторувањето, обемот и времетраењето на утврдената неправилност.

Земјоделците велат дека се запознати со новите услови за добивање субвенции. Некои од земјоделските здруженија веќе имаат направено обуки преку кои ги запознаваат членовите што е добра земјоделска пракса.

– Правилникот е донесен пред три години и голем број од нас знаат што содржи. Од годинава важи за правните субјекти, но од следната и за физичките лица. Можеби ќе треба извесен период на приспособување, но мислам дека земјоделците ќе се навикнат на новите услови под кои ќе аплицираат за субвенции – вели Ефтим Шаклев, претседател на Асоцијацијата на земјоделци.

Според него, добрата земјоделска пракса подразбира и заштита на животната средина при одгледување на животни.

– Животните мора да се идентификуваат и регистрираат. Мора да се пријави секое движење и промена на местото на престојување, особено кај овците. Потоа мора да се спроведат мерки за здравствена заштита на животните, контрола на заразни болести и складирање арско ѓубре – вели Шаклев.

Во Платежната агенција потврдуваат дека исплатата на субвенциите ќе зависи од тоа колку земјоделецот ќе ги почитува пропишаните услови.

– Правилникот е веќе донесен и се состои од низа мерки, кои фармерите мораат да ги почитуваат. Во првата група се посебни минимални услови за заштита на почвата преку спроведување мерки за одржување на содржината на органска материја и биолошката активност на почвата и примена на агротехнички мерки. Исто така земјоделецот мора да ја заштити почвата од ерозија и да применува ѓубрива од органско потекло и минерални ѓубрива – вели Тони Димовски, директор на Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството.

Фармерите ќе треба да одржуваат минимални услови за заштита на водата преку спроведување соодветни постапки утврдени со закон при копање бунар на површина со хидромелиоративни системи, користење вода од системи за наводнување и заштита на објекти за наводнување и одводнување. Според правилникот, посебни минимални услови за добра земјоделска пракса има и кај растенијата и тоа преку спроведување мерки за избор на производи за заштита на растенија, мониторинг на болести на растенија и заштита на здравјето на луѓето при примена на производи за заштита на растенијата.

Во Министерството за земјоделство велат дека добрата земјоделска пракса е дел од Националната програма за развој на земјоделството и рурален развој од 2013 до 2017 година.

– Овие услови, пред с`, се однесуваат за големите стопанства и тие треба да се исполнуваат постепено до 2017 година, за да се усогласат со земјоделската пракса на ЕУ, но и на малите фармери. До крајот на 2017 година најмалку 25 отсто од вкупните предвидени средства за субвенции ќе бидат условно поврзани со обезбедување на бараните основни и добри земјоделски пракси – велат во ресорното министерство.

Според нив, се работи за минимални услови што треба да бидат исполнети од покрупните земјоделци.

– Земјоделците треба да вршат задолжителни хемиски анализи на почвата пред да го вршат ѓубрењето, исто така овие средства ќе можат да се користат ако се исполнат одредени услови во делот на заштита на растенијата, односно за користењето хемиски средства за растенијата треба да се направи задолжителна контрола за кои средства се работи и од каде тие се купени – велат во Министерството.

Барањата за земјоделска пракса и заштита на животна средина претставуваат и подготовка за воведување на задолжителните барања во земјоделството, кои се почетна основа за стекнување на правото на директни плаќања по влезот во ЕУ.

Владина поддршка за 134 проекти за рурален развој

Вкупно 134 проекти во 72 општини ќе поддржи Владата преку Програмата за рурален развој. За оваа намена се предвидени 1,45 милијарда денари, што е највисока поддршка досега за локалната самоуправа.

– Сите 72 општини што аплицираа, независно од политичката припадност на градоначалникот или етничката структура на населението, добија поддршка за еден, а некои и за два проекта. Со ова Владата уште еднаш потврди дека спроведува политика на отворени врати – изјави портпаролот Александар Ѓорѓиев.

Kако што информира Тони Димовски, директор на Платежната агенција преку која ќе се реализираат средствата, проектите се однесуваат на подобрување на квалитетот на животот во руралните средини, на обнова и развој на селата, како и за зачувување на традиционалните вредности. Веќе се почнати, рече тој, јавните набавки за планираните инвестиции.

Извор: dnevnik.mk

Check Also

„Денови на македонскиот мед 2015“

На улицата „Македонија“ во Скопје денеска ќе биде отворен фестивалот „Денови на македонскиот мед 2015“ …

2 comments

  1. 646482 412243I always was interested in this topic and nonetheless am, regards for posting . 241695

  2. 56762 304041Hello. fantastic job. I did not anticipate this. This is a impressive story. Thanks! You produced certain fine points there. I did a search on the subject matter and discovered the majority of folks will have the same opinion with your blog. 36976

Leave a Reply

Your email address will not be published.