Почетна / Вести Македонија / Белата роза собира олово и кадмиум 200 дена во годината

Белата роза собира олово и кадмиум 200 дена во годината

Белите рози имаат најголема моќ за апсорбирање на тешките метали од животната средина, за разлика од жолтите, црвените, розовите, објаснуваат надлежните од Министерството за животна средина во контекст на кампањата на Градот и скопските општини за засадување на ова растение во што поголем број во жардиниерите низ метрополата.

Акцијата почна пред десетина дена, а ќе трае во следните 4 до 5 години. Носители се градските и општинските власти во Скопје, кои најавија засадување на половина милион бели рози на јавните зелени површини. Убедени се дека така градот ќе стане попријатен за дишење и за живеење.

Зошто токму белите рози, кога ги има во разновидни бои? Одговор на ова прашање даде заменик-министерот за животна средина Соња Лепиткова. Нивната студија за присуство на олово и други тешки метали во животната средина на општина Kарпош, а потоа проширена и во другите делови на градот, покажала оти токму белите рози-ползавци најмногу апсорбираат олово и кадмиум од воздухот и од почвата.

– Од сите цвеќиња што ги анализиравме, розата се покажа како најпогодна за заштита на животната средина. Таа ја има најголемата моќ да ги апсорбира честичките што загадуваат. Ги собира во цветовите и во листовите, а токму белата има најмногу цветови. Таа активно цути 200 дена, а климата во Скопје е погодна за нејзино одгледување – објасни Лепиткова, додавајќи дека розите имаат долг век на опстојување, од 20 до 30 години, ако правилно се одржуваат.

Таа потсетува дека иако порано не биле правени студии, а луѓето не биле толку информирани, на влезовите во Скопје и покрај сообраќајниците, како што е „Партизански одреди“, биле садени рози. Според Лепиткова, ефектот на привлекување тешки метали е уште поголем при комбинација на розата со ниска трева. Тоа ќе овозможи и заштита од загадување на подземните води, вели таа.

Сепак, иако ќе доминираат растенијата од овој тип со бела боја, тоа не значи дека нема да се садат и во други бои.

– Договорено е со Градот, кога ќе се прават разни облици и форми од цвеќиња на јавните површини, како на пример срце од рози, белите да доминираат по краевите како бордура, а внатре да се жолти, црвени итн. – објасни заменик-министерот.

Годинава се обезбедени 25.000 рози од бизнис-секторот и 20.000 од Градот, кои ќе се засадуваат постепено во наредниот период, а за следната, 2014 година, градските власти ветија дека ќе обезбедат уште поголема количина.

Од Министерството и од локалните самоуправи апелираа до граѓаните што повеќе да садат цвеќиња и рози во своите бавчи или на балконите за да има повеќе кислород во градот.

Според надлежните, самото цвеќе ќе донесе нова енергија и нови навики кај граѓаните. Тоа е современ пристап кон екологијата.

– Белата роза е симбол на пријателство, соживотот и толеранција. Симбол на нешто убаво, а Скопје го заслужува – смета Лепиткова.

Студијата на Министерството, од која се извлечени заклучоците за ефектот на белите рози, е работена од 2002 до 2003 година, но е проширена во 2010 година и на подрачјата на Бардовци, Водно и Петровец. Според неа, Бардовци има чиста животна средина и квалитетен воздух, но затоа околината на аеродромот „Александар Велики“, во Петровец, е екстремно загадена како резултат на постојаното полетување и слетување на авионите.

Анела Петрова

Извор: dnevnik.mk

Check Also

„Денови на македонскиот мед 2015“

На улицата „Македонија“ во Скопје денеска ќе биде отворен фестивалот „Денови на македонскиот мед 2015“ …

5 comments

  1. 518097 582982I adore gathering valuable information, this post has got me even a lot more information! . 778647

  2. 557239 172578Its truly a cool and helpful piece of info. Im glad that you shared this helpful information with us. Please maintain us informed like this. Thanks for sharing. 345253

  3. 995497 861639This site is my inhalation, genuinely amazing layout and Perfect written content material. 735402

  4. 318283 8536This internet web page is genuinely a walk-through for all of the info you wanted about this and didnt know who to ask. Glimpse here, and youll surely discover it. 80777

  5. 262940 607240have to do very first? Most entrepreneurs are so overwhelmed with their online business plans that 858847

Leave a Reply

Your email address will not be published.