Почетна / Вести Македонија / Ако е најевтина, храната во Македонија е безбедна

Ако е најевтина, храната во Македонија е безбедна

Во Македонија се јаде безбедна и квалитетна храна и покрај тоа што според статистичката служба на ЕУ – ЕВРОСТАТ ја прогласи за најевтина во цела Европа. Од АХВ се децидни дека небезбедната храна не завршува на трпезите, туку на буниште.

Во Македонија се јаде безбедна и квалитетна храна и покрај тоа што според статистичката служба на ЕУ – ЕВРОСТАТ ја прогласи за најевтина во цела Европа. Од Агенцијата за храна и ветеринарство – АХВ уверуваат дека храната во Македонија е редовно контролирана и е генерално безбедна.
– Потрошувачите во Република Македонија, генерално можат да бидат сигурни дека консумираат безбедна и квалитетна храна, иако, како и во сите европски и светски земји, можна е појава на одредени проблеми, до кои најчесто може да дојде поради недоследности во производството, транспортот или складирањето и кои за инспекциските органи на Агенцијата се причина покрај редовните контроли на операторите со храна, да вршат и вонредни, засилени контроли – информираат од АХВ.

Небезбедната храна не завршува на трпезите, туку на буниште. Така, од почетокот на годинава до минатиот месец одземени и уништени се 54,3 тони небезбедна храна од неживотинско потекло, како масло за јадење, готови производи од месо, пекарски производи, чорби. Уништени се и 6.300 литри вода, пијалаци и безалкохолни пијалаци. Уништени се и 79.4 тони храна од животинско потекло, вклучувајќи и фалсификуван мед. Ова е резултатот од 7,204 контроли извршени во првите шест месеци од годинава. Под лупата на инспекторите биле 3.616 во слаткарници, бурекчилници, ресторани, пекарници, мелници, продавници, силоси, кетеринг, магацини за храна, производствени капацитети за шеќер, вафли, безалкохолни пијалаци, капацитети за преработка на овошје и зеленчук и други објекти каде се произведува, преработува, складира или се дистрибуира храна од неживотинско потекло. Официјалните ветеринари, пак извршиле 3.592 контроли и го наложиле повлекување и уништување на 79,4 тони храна од животинско потекло и фалсификуван мед. Тие контролирале кланици, млекарници и мандри објекти за преработка на месо, веледрогерии и ветеринарни друштва, складишта, собирни центри за јајца, за пакување на мед, малопродажни објекти, примарни производители, угостителски објекти, увозници на храна за животни и други објекти каде се произведува, преработува, складира или дистрибуира храна од животинско потекло.

Во Организацијата на потрошувачи на Македонија – ОПМ велат дека граѓани постојано пријавуваат дека купиле неквалитетна или расипана храна. Тие ги процесуираат нивните поплаки, а епилогот е: дел од нив се, а дел не се оправдани. Кога ќе купат храна со чуден мирис, боја или изглед, граѓаните реагираат и во Одделението за заштита на потрошувачи во АХВ. Оттаму велат дека околу 60% од поднесените претставките биле основани, па по вонредните контроли направени по јавување на граѓани уништени се 120 килограми небезбедна храна, како месо, преработки, риба, јајца, маргарин и слично. Исто така, за продажба на небезбедна храна три субјекти морале да платат глоба, а инспекторите донеле и 28 решенија, покренале четири прекршочни пријави, а вршеле и едукација.
– Во делот на поднесените претставки кои се однесуваат на храна од неживотинско потекло, најголем дел од претставките се однесуваат на означувањето на производите, рокот на употреба и присуство на контаминенти и туѓи тела во храната. Претставките кои се однесуваат на храна од животинско потекло во поголем дел се однесуваат на органолептички изменети својства, односно мирис, боја и вкус на месо, преработки од месо, риба, млеко и преработки од млеко. Поднесени се и претставки кои се однесуваат на продажба на конзумни јајца на пазарите, односно за нивно чување на несоодветна температура, како и за продажба на необележани конзумни јајца. И оваа година поднесени се и неколку претставки кои се однесуваат на безбедноста и квалитетот на медот – информираат од АХВ.

Оттаму објаснуваат дека контролите на безбедноста на храната се вршат и при домашниот промет и при увоз и тие ги опфаќаат сите фази, односно производството, преработката и дистрибуцијата. Исто така, се контролираат и производите и материјалите што доаѓаат во контакт со храната.

Извор: vecer.com.mk

Check Also

„Денови на македонскиот мед 2015“

На улицата „Македонија“ во Скопје денеска ќе биде отворен фестивалот „Денови на македонскиот мед 2015“ …

3 comments

  1. My brother suggested I might like this web site. He was entirely right. This post actually made my day. You can not imagine simply how much time I had spent for this info! Thanks!

  2. You are my inspiration , I possess few web logs and very sporadically run out from to brand 🙁

  3. A good web site with interesting content, that’s what I need. Thank you for making this web site, and I will be visiting again. Do you do newsletters? I Can’t find it.

Leave a Reply

Your email address will not be published.