Почетна / Вести Македонија / Агри.мк на 132-от семинар на ЕААЕ и Здружението на агроекономисти на Македонија

Агри.мк на 132-от семинар на ЕААЕ и Здружението на агроекономисти на Македонија

Македонија ќе црпи европски искуства за подобрување на конкурентноста на земјоделско-прехранбениот сектор преку 132-от Семинар на Европската асоцијација на агроекономисти што во наредните три дена се одржува во Скопје.

 

На семинарот, организиран од Факултетот за земјоделски науки и храна во Скопје, Шведскиот универзитет во Упсала, Европската Асоцијација на агроекономисти и здружението на агроекономисти на Македонија, ќе бидат презентирани 30-тина трудови на претставници од 10 држави челнки на ЕУ и аспиранти за членство на темата на семинарот „Дали транзицијата навистина заврши во европското земјоделство – Нови димензии и предизвици на транзициските и посттранзициските процеси во земјоделскиот и прехранбениот сектор во Европската унија и земјите кандидати и соседните земји“.

– Слично како и кај останатите земји од Централна и Источна Европа, развојот на македонската земјоделска политика, политиката на државна поддршка во земјоделството, а со тоа генерално и земјоделско-прехранбениот сектор, од претходниот систем, па се до денес, поминаа низ неколку преодни фази. Главната разлика во македонскиот случај е што промените започнаа подоцна, временски траеја многу подолго и во делот на трансформацијата на сопственоста беа следени со пристап кој имаше долгорочни негативни последици, рече министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Димовски во поздравниот говор на отворањето на Семинарот.

Отсуството на активни политики и погрешниот пристап, нагласи, придонесе до долгорочни последици на намалена конкурентност на македонските производи и воедно до намалување на капацитетите, обемот на производство и продуктивноста.

– Работите се изменија по 2007 година кога Владата го вброи земјоделството како еден од своите економски приоритети и започна со спроведување на комплементарни и сеопфатни политики во насока на обезбедување значителна финансиска и друга поддршка, рече Димовски.

Општ впечаток е, додаде, дека во последните години македонскиот земјоделски сектор постепно ја зголемува својата конкурентност и привлечност.

– Имаме изградено многу тесни релации со македонските агроекономисти, но и пошироко заради тоа што нивната поддршка и помош ни е од особено значење. Заеднички учествуваме во сите проекти што се од круцијално значење за македонското земјоделство, а заеднички ја подготвивме и петгодишната Национална програма за развој на земјоделството и руралниот развој 2013-2017 година. Сите искуства што ги имаат агроекономистите и наставниот кадар од Факултетот за земјоделски науки и храна се обидуваме да ги црпиме заради тоа што се во функција на развој на земјоделството и на подобрување на состојбата на земјоделците, нагласи Димовски.

Примената на економските мерки во услови на криза, според него, ќе обезбедат конкурентност на земјоделското производство.

Деканот на Факултетот за земјоделски науки и храна Драги Димитриевски истакана дека на Семинарот може да се споделат знаења и искуства со државите кои се веќе членки и го изминаа патот на транзицијата на земјоделството.

– Како научници од нив можеме да научиме за добрите чекори во транзицијата што ги поминале, но и за грешките, се со цел да им помогнеме на македонскиот земјоделско-прехранбен сектор и на Министеството за соодветно да ги градат политиките кои што ќе следуваат во наредните години на транзицијата, рече Димитриевски.

Многу од политиките, додаде, веќе ги применуваме, а она што го научивме од државите кои го изминаа патот и веќе станаа членки на Унијата веќе го вградуваме во политиките и постепено се хармонизира нашата аграрна политика со европската.

– Типичен пример за тоа е Петгодишната програма во која е трасиран патот на сериозни реформи чија основна цел е да ја зајакната конкурентноста на македонскиот земјоделско-прехранбен сектор, да воведат стандарди и да го модернизираат македонското земјоделство. Сигурно тие политики се во насока на прилагодување кон европскиот пазар и кон она што го прави заедничката земјоделска политика, рече Димитриевски.

Словенечкиот експерт проф. Емил Ерјавец посочи дека агроекономијата е многу битна за развој на земјоделството и додаде дека македонската Национална програма за развој на земјоделството е вистински чекор во вистинска насока.

– Со него полека се оди кон модерниот аграрен концепт што го има Европската унија која дава поголем значење на политиката на руралниот развој, а помало на врзувањето со културите за кои се предвидени субвенции од државата кои на некој начин ги тераат фармерите токму нив да ги произведуваат. Со новиот концепт фармерите повеќе сами одлучуваат што ќе произведуваат, а државата им ја дава само рамката, рече Ерјавец.

Со предложеното во Стратегијата, потенцира, само ќе се подига конкурентноста на македонското земјоделство.

– Во земјоделството треба многу да се вложува и тоа не преку социјалните мерки, туку во градење на земјоделство кое ќе биде конкурентно и по влезот во ЕУ. Токму тоа Словенија не го направи правилно и не изгради доволна конкурентност на земјоделството поради што ќе се обидиме да ја промениме политиката со повеќе вложувања во земјоделството, а не со социјални трансфери, рече Ерјавец.

Check Also

„Денови на македонскиот мед 2015“

На улицата „Македонија“ во Скопје денеска ќе биде отворен фестивалот „Денови на македонскиот мед 2015“ …

7 comments

  1. 541309 445868Some truly good and utilitarian data on this internet site , likewise I believe the design and style holds wonderful attributes. 633731

  2. 459081 591266I adore foregathering valuable info, this post has got me even much more info! . 543513

  3. 962475 748677Oh my goodness! an outstanding article dude. Thank you Nonetheless Im experiencing dilemma with ur rss . Do not know why Cannot register for it. Could there be any person obtaining identical rss difficulty? Anybody who knows kindly respond. Thnkx 93922

  4. 926450 960306Wohh exactly what I was looking for, appreciate it for posting . 923399

  5. 834221 841200Hello, Neat post. There is a dilemma with your internet site in internet explorer, could test thisK IE nonetheless is the marketplace leader and a large portion of men and women will leave out your exceptional writing due to this dilemma. 99498

  6. 656668 878388Some truly good stuff on this internet web site , I like it. 516227

  7. 430547 789896You produced some decent points there. I looked on-line to the concern and discovered most individuals will go along with along together with your internet website. 274755

Leave a Reply

Your email address will not be published.