Почетна / Вести Македонија / АгБиз поддржа 372 агробизниси и отвори 637 работни места

АгБиз поддржа 372 агробизниси и отвори 637 работни места

Во изминатите шест години АгБиз програмата на УСАИД стимулираше приватни земјоделски инвестиции од речиси 19 милиони долари, кои отворија 637 нови работни места и обезбедија дополнителен приход на над 42.400 рурални домаќинства, а придонесе за развивање на 35 нови производи.

Зголемување на квалитетот и конкурентноста на земјоделските производи, што резултираше со зголемен извоз и поголема безбедност на храната. Зголемен економскиот раст преку проширено и еколошки одржливо производство и продажба на земјоделски производи со додадена вредност. Оспособување на производителите и преработувачите да се конкурентни на регионално и глобално ниво. Ова се дел од резултатите кои во изминатите шест години ги постигна АгБиз програмата на УСАИД која, вчера, официјално беше затворена.

Во изминатиот период АгБиз стимулираше приватни земјоделски инвестиции од речиси 19 милиони долари, кои отворија 637 нови работни места и обезбедија дополнителен приход на над 42.400 рурални домаќинства. Во исто време успеа да го зголеми извозот за над 14 милиони долари, а вкупната продажба на земјоделски производи за над 19 милиони долари.

Министерот за земјоделство Љупчо Димовски, кој заедно со амбасадорот Пол Волерс го затворија проектот во Македонија, истакна дека придонесот АгБиз од 2007 година до сега е најголем во делот на зајакнување на продуктивноста и конкурентноста на извозните пазари.
– Преку АгБиз програмата се постигнаа многу одржливи резултати за креирање на услови за подобрување на агробизнисот во Македонија – истакна министерот Димовски и додаде дека конкуренцијата на меѓународните пазари е многу голема што претставува голем предизвик за македонскиот агросектор.
– Во изминативе шест години програмата направи многу за да се зајакнат капацитетите на земјоделците, преработувачите и извозниците и земјоделскиот сектор се здоби со поголема конкурентност , почнувајќи од подобрување на примарното производство, преку договорните односи за откуп, преработка и извозот на тие производи како најзначајна алка во целиот процес – потенцираше Димовски.

Според американскиот амбасадор Пол Волерс, по шест години АгБиз програмата на УСАИД успешно ги завршува своите активности со кои го поддржуваше економскиот раст на Македонија преку проширено и еколошки одржливо производство и продажба на земјоделски производи со додадена вредност, оспособувајќи ги производителите и преработувачите да се конкурентни на регионално и глобално ниво.
– Американската амбасада во Скопје силно ги поддржува напорите на Македонија за реформирање на земјоделството и за зајакнување на неговата конкурентност на европските пазари. Преку АгБиз програмата овозможивме агробизнисите да го идентификуваат, разберат и да го поддржат влезот на европските пазари за прехранбени производи со додадена вредност – истакна Волерс и додаде дека тие пари помогнале да го подобриме деловното управување и во имплементација на стандарди за безбедност на храна.

Помеѓу позначајните достигнувања на АгБиз програмата се и зголемување на вредноста на откуп на земјоделски производи за 9 милиони долари, обезбедување на директен пристап на финансии за 43 микро мали и средни претпријатија кои добија повеќе од 9 милиони долари кредити, обезбедена е директна техничка помош за 372 агробизниси, 34 организации, развиени се 35 нови производи, а обезбедена е обука за 7.688 лица. (Ал.С.)

Пораст на откупот и продажбата на земјоделските производи
Вкупниот откуп и продажбата на земјоделски производи во април годинава изнесува 692.365.000 денари и бележи пораст за 6,1% во споредба со април лани, објави Државниот завод за статистика. Вредноста на откупените земјоделски производи од индивидуалните земјоделски производители е зголемена за 23,1%, а продажбата од сопственото производство на претпријатијата е намалена за 7,3%.
Зголемување на вредноста на откупените и продадените земјоделски производи се забележува кај житата, индустриските, градинарските и фуражните растенија, живината и јајцата, млекото и рибата, додека намалување се забележува кај овошјето, алкохолните пијалоци, добитокот и млечните производи.

Извор: vecer.com.mk

Check Also

„Денови на македонскиот мед 2015“

На улицата „Македонија“ во Скопје денеска ќе биде отворен фестивалот „Денови на македонскиот мед 2015“ …

2 comments

  1. 596606 215440I would like to see more posts like this!.. Excellent blog btw! reis Subscribed.. 648402

  2. 662960 53562Today, I went to the beach with my kids. I found a sea shell and gave it to my 4 year old daughter and said “You can hear the ocean if you put this to your ear.” She placed the shell to her ear and screamed. There was a hermit crab inside and it pinched her ear. She never wants to go back! LoL I know this is completely off topic but I had to tell someone! 310746

Leave a Reply

Your email address will not be published.