Почетна / Цвеќарство / Африканска темјанушка (лат. Saintpaulia)

Африканска темјанушка (лат. Saintpaulia)

Изворна боја на темјанушката е виолетовата. Денес, таа е застапена во многу бои: виолетова, бела, со црвеникави тонови, во бојата на јоргованот, па дури и шарени, а постојат и двојни вариетети. Белата темјанушка, по некое време, на рабовите на латиците ќе почне да ја менува бојата во изворната виолетова. 

Ова растение е многу популарно и не е тешко за одгледување. Со малку внимание ќе цвета во текот на целата година. Задолжително отстранете ги прецветаните цветови за да ја стимулирате да цвета што подолго. 

Треба да ја чувате на светло место, но не на директно сонце бидејќи ќе добие флеки на листовите. Внимавајте да не биде на провев. 

Залевајте ја два пати седмично, бидејќи сака влага. Но не дозволувајте водата да остане во подлошката. За да и помогнете, во подлошката ставете камчиња, како не би била постојано во вода. Повеќе и одговара залевање во подлошката, и внимавајте да не и ги водените листовите. 

Лесно се размножува од лист со стебленце. Во пролет стебленцето од листот ставете го во вода или земја. Од прилика за осум месеци темјанушката ќе процвета. Подобро е да ја посадите во плитка саксија бидејќи нема длабок корен, а и сака да биде во тесно. Пресадете ја секоја втора година или кога ќе забележите дека листовите и се сè помали. 

Ако имате темјанушка која не цутела подолго време, пробајте да ја стимулирате со тоа што ќе ја залевате само еднаш неделно. Ова би требало да предизвика развој на многу цветни пупки. 

Check Also

Сардела- Pelargonium sp.

Сарделата потекнува од Јужна Африка, а е исклучително популарно растение кое цвета и одлично вирее …

Leave a Reply

Your email address will not be published.