Почетна / Лозарство и овоштарство / Производителите на јаболка задоволни од откупот и пласманот

Производителите на јаболка задоволни од откупот и пласманот

Производителите се генерално задоволни од годинашниот откуп и пласман на јаболката. Цената за килограм, велат, се движи меѓу 15 и 20 денари

зависно од сортата, со тенденција да се зголеми во наредниот период.

Собраните количини од Преспа кои се слични на ланското ниво, 80 – 100 илјади тони, одат исклучиво за извоз, главно во Србија, Русија, БиХ и Бугарија, но нешто помалку и во Ирак.

– Пласманот годинава оди добро. Интересот расне. Имаме голема побарувачка. Дали тоа ќе потрае или не, не можеме да прогнозираме, но засега е добро. Цените се движат од 18 до 20 денари. Црвениот делишес е околу 20 до 21 денар, а сите останати 18 до 20 денари, изјави Стевчо Радевски, производител од Ресенско.

Според Менде Ивановски, производител од Преспа и претседателот на Македонската асоцијација на земјоделски задруги, побарувачката на јаболка е огромна, но цените не се високи.

– Локалните трговци одат со пониски цени, а производителите, притиснати од финансиските проблеми, го даваат родот. Моментно за „ајдаред“ се плаќаат 15 до 18 денари зависно од квалитетот. Дел од производителите се задоволни. Кој ќе има можност да ги сочува јаболката, ќе спечали повеќе зашто цената ќе оди нагоре, до 22 денари, истакна Ивановски.

Check Also

Актинидија (киви)- Actinidia chinensis

Актинидијата потекнува од Кина од долините на реката Јанг це Кјан. Таа е дводомно растение, …